Христијански Комунизам

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.280
Малкумина знаат но првото христијанство било комунистички определено, првите христијани (како денес ги нарекуваат) живееле во заедница каде немало лична сопственост, имале култ на личност (Исус) и со нив раководеле на таа култна личност блиски роднини и поставени луѓе од нивна страна. За да се стане член на таа заедница, предуслов беше се што се има да се продаде и парите да му се дадат на раководството, па од тие пари заеднички се јадело, пиело о трошело за потребите. Казна за затајување на дел од парите била сурова - смрт.
На прв поглед ми заликува на режимот во Северна Кореа каде блиски роднини се наследуваат на челото, се поштува култот на личноста кој се обожава како бог, казните за непослушните се сурови и не смее да се поседува ништо свое.
 
Да не биде дека одговарам само со една реченица, ама насловот "христијански комунизам" нели самиот по себе е оксиморон ? А ова ти што го пишуваш дека раното христијанство наликувало на комунизам, нели подобо би звучело "комунистичко христијанство".
 
Акцентот е на Христијанството заоа е и во насловот Христијански на прво место, а пошто после од комунистички облик на живеење преминале во други облици е ставен насловот да ја означи едната фаза на развојот на христијанството - или поточно Христијански Комунизам. Инаку нема ништо спротивно меѓу комунистичкиот облик на владеење и живеење со она што го заговара црквата и двете се залагаат за пошитување на некој лик, на обожување пеење на химни носење на предмети кои го обележуваат тој лик и неговите учења, ветуваат подобар живот во иднина, се за колективизација на се, раководсвото често преминува од татко на син од брат на брат или блиски роднини кои имаат неограничена моќ да менуваат и поставуваат раководители.
 
...
Инаку нема ништо спротивно меѓу комунистичкиот облик на владеење и живеење со она што го заговара црквата и двете се залагаат за пошитување на некој лик, на обожување...
Ова е припросто, вулгарно /не/сфаќање на теорија на Комунизам. Поточно, ова е сфаќањето за комунизмот како што Југославија (и СССР) си го сфатила комунизмот. ИСКЛУЧИТЕЛНО погрешно е идолопоклонство во однос на диктатура на Пролетеријат, која е првична идеја на комунизам, како што Marx го разбирал. Во мое разбирање, точно е дека Marx не дава детални и прецизни услови на владеење (социјални) во едно такво општество (некои велат дека тоа го направил со цел подоцна секое општество да се прилагоди првично на себе). Од друга страна, системот (барем делот што е добро дефиниран) е во спротивност на објективните квалитети на луѓето. Не значи дека не е етички/морално оправдан. Тоа е исто како да дефинираме:
„Систем кој е перфектен“. Супер, дефиниран е. Но, имплементацијата видовме до каде дојде..
Како и да е, само коментирам дека е ужасно погрешно тоа што селектираниот член го тврди - не постои никаде таква инструкција во делата на Marx и првите идеолози. (Ако постои, цитирајте точно каде има такво нешто?)
Во спротивно, треба да се измисли друг термин, ако станува збор за друг систем. На пример, Југославија (како и СССР) несоодветно го користи зборот „комунизам“. Имплементацијата во тие држави не се држела (ни малку) до идејата на Marx за комунизам. Нејасно зошто си го одбрале терминот и си се лажеле дека тоа е комунизам, всушност. :)
 
То ќе му појасниш на Ленин, Сталин, Тито, Чаушеску, ким ил Сунг, Мао це тунг, Кастро.... јас кажувам каков беше практичниот живот под раководство на комунистички партии и власти и каков беше практичниот живот на првата христијанска заедница.
 
Да не се создавало тој култ кон личности или принципот на послушност,комунизмот не би се спроведел ни во најмала мера во тие општества,затоа што генерален услов за комунизмот е сеопшта свесност кај народот за тоа до која мера треба да си материјалист... комунизмот затоа и неможе да успее кај човечанството,можеби ке профункционира како идеја и свест кај некоја напатена генерација(како онаа по прва и втора светска војна),но наредните генерации што следат,ја избледуваат свеста и се повеќе паѓаат во декаденција ради изобилството на материјата(храна,вода,коли и сл)...
 
Комунизам никогаш немало, Комунизам е мислам исто што и Анархизам т.е. бездржавно општество, општество без граници, без институции, без никакви поделби национални, религиски, расни и.т.н. општество без класи како и без никаква вертикална хиерархија... такво нешто никогаш немало/непостоело...
Тоа што било/беше минатиот век во СССР, во земјите од источниот блок, во СФРЈ, а и сеуште е во С.Кореја, Куба, Н.Р.Кина(на оваа Економскиот систем веќе и е Капиталистички) и.т.н. било/е Социјализам кој сепак е државно општество и претставува преод кон замислениот Комунизам !
 
Komunisticki mujadeens = partizanite?

Мислам дека темава е обична Лет3 провокација.

Но, ако разгледуваме озбилно, во поставките на комунизмот, како дефиниран и замислен од творците на идејата е општество во кое нема култ на личност и каде скеој според можностите, а според потребите придонесува. Кога свеста е на ниво да не се бара отпојќе бидејќи во еден кревет може да се спие одеднаш. Како банален пример.

Она за кое Летко пишува е квазиспцијализам кој се практикуваше и практикува во одредени залудени земји.
 
Komunisticki mujadeens = partizanite?

Мислам дека темава е обична Лет3 провокација.

Прочитај во делата Апостолски прикаската за Ананије и Сапхира, маж и жена кои продадоа нивата и дојдоа доброволно и дел од парите му ги дадоа (во делата пиши му ги положија пред нозете на апостолите) е сега апостолите разбраа дека не ги дале сите пари од нивата и прво мажот го викнале на испитување и почнаа со прашања кај се парите, кај се парите и чоеко умрел, апостолите знаеа дека ќе умри пошто веќе однапред ископаа и гроб за него (или се спремаа да го егзекутираат) како и да е го затрупаа брзо и ја чекаа жена му. И таа ко дојде исто и се нафрлија кај се парите кај се парите ... и таа умре во тек на испрашувањето... и неа ја затрупаа во гроб без обреди без ознаки без обелажја... а интересно е и реченицата која следи по смртта ““И голем страв ја опфати целата Црква и сите оние што го чуја тоа.“
Е сега ако ова не личи на постапки и судењата за време на Сталин или во Кина или северна Кореа....
 
Малкумина знаат но првото христијанство било комунистички определено, првите христијани (како денес ги нарекуваат) живееле во заедница каде немало лична сопственост, имале култ на личност (Исус) и со нив раководеле на таа култна личност блиски роднини и поставени луѓе од нивна страна. За да се стане член на таа заедница, предуслов беше се што се има да се продаде и парите да му се дадат на раководството, па од тие пари заеднички се јадело, пиело о трошело за потребите. Казна за затајување на дел од парите била сурова - смрт.
На прв поглед ми заликува на режимот во Северна Кореа каде блиски роднини се наследуваат на челото, се поштува култот на личноста кој се обожава како бог, казните за непослушните се сурови и не смее да се поседува ништо свое.
Не е точно ова иако сваќам до негде што сакаш да кажеш.
Првите христијани биле оние кои ги слушале и почитувале учењата на Исус Христос, а тој во тоа време бил жив и иако јас не сум којзнае колку информирам на милион места има информации дека на учењата на Исус се собирале многу луѓе кои го слушале и никаде не пишува дека он на едни им бранел, а на други им допуштал да го слушаат.

Овие што ти ги опишуваш можеш да ги наречеш „втори“ христијани т.е после смртта на Исус пошто се сомневам дека вакво нешто јавно се случувало пред Исус кој зборувал отворено пред сите и не може ниту има логика во исто време да зборува тајно нешто што веќе јавно го кажал.

Овие што ти ги опишуваш може да се наречат секти кој сакале да го присвојат Исус со цел да се чуствуваат посебни нешто како евреите во библија кои се божји народ, а после испаѓа дека сите сме чеда господови.

Друго нешто што треба да се напомене во тие рани денови на христијанството тие биле прогонувани и казнувани со смрт така да не е чудо што напочеток христијанството се одвивало во затворени кругови.

П.С Ми се чиниш како повеќе да си читал од мене за христијанството искрено мене никогаш не ме интересирало подлабоко да читам за него, но нешто што повеќе ме нервира од лажење е кажување полу вистини.
Затоа те молам пред да отвориш тема прво изнеси ги сите факти па остави ги луѓето да одлучат, а не само оние факти кои тебе ти одговараат.
 
Овие што ти ги опишуваш можеш да ги наречеш „втори“ христијани т.е после смртта на Исус пошто се сомневам дека вакво нешто јавно се случувало пред Исус кој зборувал отворено пред сите и не може ниту има логика во исто време да зборува тајно нешто што веќе јавно го кажал.

Демек умреле сите први христијани па сега овие биле втори:?? дете, јас кажувам за веме веднаш по смртта на Исус, значи истите луѓе истите ученици, следбеници, апостоли..., не некои после 20-30-100 години. Одма после Исус, аутоматски бе.

П.С Ми се чиниш како повеќе да си читал од мене за христијанството искрено мене никогаш не ме интересирало подлабоко да читам за него, но нешто што повеќе ме нервира од лажење е кажување полу вистини.
Затоа те молам пред да отвориш тема прво изнеси ги сите факти па остави ги луѓето да одлучат, а не само оние факти кои тебе ти одговараат.
ПС
одговараш на тема за која немаш читано подлабоко?!!
хахахах е па оди сега и одговори му на некој за Кошиев критериум на конвергација на низовите - иако немаш прочитано за нив.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom