Ел Чапо Гузман – Мит или реална сторија во нарко-бизнисот?

Член од
28 јануари 2012
Мислења
4.502
Поени од реакции
8.715
Локација
Љутице Богдана 1а
За него велат дека е на чело на нарко-бизнисот, главен над главните,моќен над моќните, тоа е Ел Чапо Гузман, човекот за кого велат дека еглавниот нарко-бос, не само во Мексико, каде се води невидена војна на улиците, туку и општо земено, во целиот свет.
guzman-el-chapo.jpg
Многу документарни емисии излегоа, па го издвоивме најдоброто.
Се чини дека клучниот момент беше во 1993-тата година, кога Американски специјални агенти стручни во оваа област открија неверојатен тунел, изграден со сите услови за прометно одвивање на „сообраќајот“. Тунелот започнува од Чихуахуа, па според информациите, овој тунел излегува во Калифорнија, јужно од Сан Диего, односно подземен тунел кој ја преминува границата меѓу Мексико и Соединетите Американски Држави. Верувале или не, овој подземен тунел е со длабочина внатре во земјата 65 метри, а широк е неверојатни 1450 метри. Комплетно опремен со струја и целосни услови за да се реализира операцијата кокаинот да се префрли во САД. Оние што работеле на тунелот, се убиени, се претпоставува дека се убиени по наредба на Ел Чапо Гузман. Како што велат аналитичарите од САД, за да се прикријат сите докази и да биде сигурен во целата операција.
tunel01.jpg
tunel04.jpg
Ел Чапо Гузман направил многу голема грешка тука, според експертите од оваа област, Гузман овој тунел го изградил на територијата на еден од најмоќните нарко-картели, Тиахуана картелот, па следи одмазда од нивна страна.
Овој картел се решава за одмазда во Гуадахара. Кога Гузман доаѓа на аеродромот,оној што е задолжен да го егзекутира Гузман, прави кардинална грешка, наместо Ел Чапо, убива католички кардинал. Според експертите, причината е јасна, не се знаел ликот на Гузман, претпоставувале дека токму тоа е автомобилот со кој ќе биде превезен Гузман.
Три недели подоцна, коинциденција или не, Ел Чапо Гузман, е фатен во соседсвото на Гуадахара, сместен е во најбезбедниот и најдобро опремен и обезбедуван затвор – Венти Гранде. Делува интересно, но кога ќе пишете „most secure prison in mexico“ првата слика што ќе ви ја отвори на „Google“ е токму сликата на Гузман. Но, со милиони долари зад себе, Ел Чапо можеше да направи се што би посакал. Според истражувачите на оваа приказна, Гузман имал речиси се што ќе посакал во затворот, едноставно, затворот си го претворил во своја „приватна палата“. Според изјавата на Карлос Вега за „Фокс“, инаку јавен обвинител во Мексико, Гузман имал мобилни телефони, проститутки, па дури и вијагра... Вега изјавува дека имал и група која тероризирала секој што ќе се спротистави.
zatvor08.jpg
Во 2001-вата година, дошло времето кога Гузман решил да излезе од затворот. За тоа, го ангажирал Франциско Камбуеро, познат како Ел Чито, вработен во затворот, за да го извлече од затвор. Подготвиле еден вид на кола, каде Ел Чито наводно би ставил алишта или слично, но наместо тоа, токму Гузман бил сместен во таа кола, на овој начин можеби најмоќниот нарко-бос. По овој настан, стручната фела околу овој процес вели дека Ел Чапо го почнал својот поход кон врвот во нарко-бизнисот. Започнато е вистинско правење на легенда од ликот на Ел Чапо Гузман, низ културата во Мексико, верувале или не, дури и песни има посветено на него.
guzman09.jpg
guzman10.jpg
Се чини дека од тука, започнува оваа војна во Мексико на улиците, војна меѓу нарко-картелите. Гузман би можел да биде секаде, според експертите, Гузман има конекции со нарко-босовите во Чикаго, Њу Јорк, но се чини дека Гузман е „најмоќен во конекциите“ токму во Лос Анџелес.
guzman11.jpg
Во 2009-тата година, ДЕА издаде награда доколку некој го фати Гузман, наградата е цели 5 милиони долари, притоа наведувајќи дека истиот би можел да биде во САД.
guzman12.jpg
Се чини дека ова е ликот на Гузман, оваа фотографија беше објавена во Американската ДЕА која повикува на соработка во оваа истрага.
guzman13.jpg
„Нарко-војна во Мексико“, така обично се насловени речиси сите документарни филмови околу оваа сторија. Туристите веќе го заборавиле Тиахуана, во документарецот се вели дека Американските туристи веќе целосно го заборавиле,претходно со децении бил „магнет“ за истоимените туристи, а новинарката која го истражува сево ова, уште првиот ден по пристигнувањето дознава зошто, убиство среде улица во Тиахуана во ноќните-доцни часови. Катја Адлер, новинарката од ББС, вели дека само што пристигнала во овој град, веднаш била упатена кон овој настан.
guzman14.jpg
Многумина надежта ја гледаат во верата, не ја напуштаат, велат дека тоа би можело да им ја врати самодовербата, откако пред нивните очи се случуваат вакви криминални делови, а истите не се казнети.
Статистиката која беше направена лани, во 2012-тата година вели дека 16.000 нарко-убиства во последните 3 години.
Насилството излегува од контрола во Мексико, сево ова се случува во поглед на ривалството меѓу картелите. Претседателот на Мексико декларираше војна на овој вид криминал, но единствениот резултат од сето тоа се чини е само ескалација на убиствата.
Новинарката Катја Адлер во срцето на шокирачкиот конфликт собира стории од луѓето кои биле во центарот на сиве овие збиднувања. Таа прашува, дали слободата на Жоакин Чапо Гузман е само доказ дека Владата во Мексико води војна без притоа да покаже „заби“.
Многумина убиени, но, и исчезнати...
guzman16.jpg
Гледате и самите, новинарката Катја Адлер, со панцир заштитена, и секако, со воено-полициска придружба, мораше на таков начин да истражува вопланините, каде што се вели дека е „јадрото“ на овој бизнис. Новинарката патуваше 900 км. Јужно од Тиахуана. Овде е „роден“ нарко-бизнисот. Војниците откриле едно место, каде нарко-бизнисот „цвета“. Истата марихуана ја палат.
guzman17.jpg
guzman18.jpg
Еден картел се искачува на врвот, како што претходно наведовме, тоа е картелот предводен од Гузман, „Синалоа Картел“. Истиот човек е обвинет за многуте крвави настани во Мексико.
guzman19.jpg
Гузман е споменуван во многу песни во Мексико, познат е како „кралот на Планините“.
Звучни невообичаено, но ете, има и колумнисти-новинари кои пишуваат против Гузман. Тоа е Хавиер Валдез, голем критичар на картелот од Синалоа. Во интервјуто за овој документарен филм, вели дека „народот го сака, го заштитува, само заради тоа што Чапо е од оваа област, но и дека има голема моќ и пари, и секако... плаќа...“.
guzman20.jpg
Многу ретко кој се осмелува на интервју, зборуваме за полицијата, војската, нивните членови, Бјанка Делавио, тоа е полицајката која се одлучи на храбар потег да биде дел од овој документарен филм, вели дека не се плаши. Мајка е на три деца, нејзиниот татко бил исто така полицаец, бил убиен на должност пред десетина години.
Да не бидеш корумпиран, да не влезеш во корупција“ е нејзиното мото.
guzman21.jpg
Како во војна, така изгледаат улиците во Чиахуана, патролираат федералните сили, пратени од претседателот на Мексико, Калдерон.
guzman22.jpg
Повторно истата трагична приказна, излегуваат на терен, и повторно убиство.Убиство во центарот на градот, денски, на бензиска пумпа, и многу разбирливо, „нема сведоци на настанот“.
guzman23.jpg
Мексиканците подобриот живот го гледаат во САД. За Гузман, и останатите нарко-босови, САД е местото каде нивната „роба“ обично завршува,границата со САД е дефинитивно „порта на успехот“.
Американските власти во обид да ги спречат овие криминални активности, во интервју за овој документарен филм, велат дека речиси насекаде во автомобилот би можело да се крие марихуаната, не се бира место, едноставно на секој дел од автомобилот може да се најде.
guzman24.jpg
Верувале или не, Мексиканските нарко-босови, купуваат оружје токму во САД, манипулирајќи целосно со законот. АК-47, тоа е најпродаваното оружје кое оди во Мексико, според експертите. Дури 90% од оружјето кое го поседуваат мексиканските нарко-картели доаѓа од САД.
Најновите информации од САД говорат дека Ел Чапо е прогласен за државен непријател број еден во Чикаго. Сево ова се случува по мошне светски познатиот Капоне, по него, редот му дојде на Ел Чапо. Гузман е првиот човек што властите во Чикаго, по Капоне, го прогласиле за државен непријател број еден.
Според неофицијалните информации, Ел Чапо поседува имот вреден приближно милијарда долари, оваа информација ја пренесува „Форбс“.
За реализацијата на оваа сторија користени се видео-материјали од Фокс, ББС.
 
Е сеа да те прашам од што беше инспириран да ја отвориш оваа тема:confused:?ако мислиш да бидеш како него заеби:D.
 
Е сеа да те прашам од што беше инспириран да ја отвориш оваа тема:confused:?ако мислиш да бидеш како него заеби:D.
Секој велешанец го сонува воа ....ххахаха
 
Само фиљан чоек може да контролира таков џган! Добро да го запамтите ова.:pos:
 
Изгледа како снаодлив човек....баба ми покојна ќе го наречеше- факман.
 
Не се заебавајте, во моментов Мексико е слично како и Авганистан. Картелите имаат многу приврзаници, многу пари и многу оружје, и комотно можат да пројдат како бунтовничка војска. Државата е во војна со картелите веќе неколку години, а жртви има многу, ако не се лажам бројката е приближно со онаа во Авганистан, можеби и ја надминува.
 
Уште е жив, на тие циганите од Гватемала им заличел некој мртвак, па ајде Чапо бил. Владата на Гватемала пуштила извинување за грешната информација.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom