deXterche
тадаммм
Добро е да се прочита и за поискусни корисници
Windows XP
Овој оперативен систем е базиран на неговите претходници Windows NT и Windows 2000 што е гаранција за неговата стабилност. За разлика од сите други претходни верзии на Windows, овој е постаб- илен (системот поретко се закочува и паѓа), со подобрен интерфејс, нуди можност за персонализација на менијата и подобра организација на папките и документите.
Стартување на Windows XP
Кога за првпат ќе го стартуваме Windows XP ќе не пречека поинаква околина од онаа на претходните верзии. Доколку компјутерот кој го користиме има повеќе регистрирани корисници, најнапред ќе треба да го означиме својот кориснички профил и да ја внесеме лозинката ако се отвори празно поле.
Како да ја промениме лозинката?
Кликаме еднаш на сликичката која се наоѓа најгоре на старт менито. Ќе ни се отвори прозорчето User Account од каде ќе имаме можност да поставиме некоја друга слика за нашиот профил од веќе понудените, или да поставиме некоја своја која претходно сме ја зачувале на компјутерот. Кликнуваме двапати на избраната слика. Сега веќе имаме можност да направиме промена на името на корисничкиот account, потоа да креираме лозинка или да ја тргнеме лозинката која веќе ја имаме поставено, како и да го промениме типот на нашиот профил.
Start мени
Ова е главно мени. Во првата колона под корисничкиот профил ќе ги видиме најчесто користените програми, а под нив е копчето All Programs. Се движиме со глувчето кон десно за да видиме кои се програми моментално се наоѓаат на нашиот компјутер. Како ќе инсталираме нови програми, така листата ќе се зголемува. Во десниот дел од Start менито се наоѓаат најчесто користените документи, кои директно од овде можеме да ги повикаме, потоа папката My Documents, копчето Search, кое го користиме кога знаеме дека имаме сочувано некој документ на нашиот компјутер, но не можеме да се сетиме на патот до него, копчето Run за да стартуваме програм итн.
Персонализирање на старт менито
Кликнуваме со десното копче на глувчето врз Start копчето. Од тука избираме Properties. Од табот Start Menu избираме класичен стил на Start менито доколку повеќе сакаме да го користиме стариот приказ.
Пото кликнуваме на кочето Customize. Од тука најпрво можеме да избереме приказ на големината на иконите на нашиот Desktop, да избереме број на програми кои ќе се наоѓаат од левата страна на менито, како и да означиме дали сакаме од истата страна да се прикажани икони за повикување на некој Интернет прелистувач (како што е Internet Explorer) и на некој e-mail клиент (како што е Outlook Express). Од табот Advanced ќе направиме некои понапредни подесувања. Така, овде можеме да ја избереме опцијата која ќе ги истакнува ново инсталираните програми во делот All Progr- ams. Исто така, ќе имаме можност да избереме кои икони сакаме да се наоѓаат во Start менито, а кои не, како и да им дадеме приказ на линк или приказ на мени. Ако на пример за Control Panel избереме приказ на мени, ќе можеме да повикаме некоја негова компонента директно од Start менито, без притоа да треба да влегуваме од еден прозор во друг.
Taskbar
Веднаш до Taskbar-от се наоѓаат програмите од Quick Launch, кои овде се сместени за побрзо ниво повикување со единечен клик. Од десната страна е часовникот, а со доближување на курсорот до него можеме да ја видиме и датата. Лево од него се наоѓаат програмите од системската лента или System Tray. Останатиот дел помеѓу е место каде секој активен прозор се прикажува во минимизираната верзија. Кликнуваме на празниот дел на Taskbar-от и оттука избираме Properties. Ќе ни се отвори истото прозорче со можност за некои подесувања на самиот Taskbar. Можеме да го заклучиме со што движењето на иконите кои се наоѓаат на него ќе биде оневозможено. Потоа можеме да избереме Auto-hide, со што пак линијата ќе исчезне а ќе се појавува автоматски секогаш кога ќе го насочиме покажувачот на местото каде Taskbar-от би требало да се наоѓа. Ако Taskbar-от не ни е заклучен, целиот можеме да го фатиме и да го преместиме од левата страна на Desкtop-от и тоа вертикално.
Ако ни се отворени повеќе прозорчиња, а имаме потреба да добиеме преглед врз Desktop-от, едноставно можеме да ги затвориме сите истовремено. Кликнуваме со десното копче на глувчето врз Taskbar-от и избираме Show Desktop.
Заради подобра прегледност на сите активни прозори истовремено можеме да ги подредуваме каскадно, хоризонтално или вертикално.
Сето останато на нашиот екран, што не е опфатено на Taskbar-от, е работна површина каде ќе ги гледаме програмите кои ќе ги повикуваме и секако овде се иконите на најчесто користените програми. Доколку сакаме да повикуваме некоја програма директно од Desktop-от треба да направиме Shortcut (краток пат до неа).
Control Panel
Одиме во Start менито и го повикуваме Control Panel. Кога ќе влеземе во Control Panel-от ќе забележиме дека има нов стил на прикажување кој што го донесе Windows XP. Иако изгледа убаво сепак попрегледен е класичниот стил.
Folder Options
Folder Options во Control Panel е опцијата која треба да ја избереме за да направиме неколку подесувања за папките. Оттука избираме дали кога ќе отвораме нова пака, нејзината содржина да се прикажува во нов прозор или пак во истиот. Можеме да избереме и дали да ги повикуваме папките со единечен клик или со двоен и дали доколку го избереме првиот случај имињата на папките да бидат подвлечени или пак да се подвлекуваат само кога ќе дојдеме со курсорот врз нив. Во табот View, практично е да ја избереме втората опција, која ќе ни овозможи прикажување на големината на фајлот во вид на совет кога ќе се доближиме до него. Потоа, можеме да го оневозможиме прикажувањето на системските и скриените фајлови за да се заштитиме од евентуално “чепкање” по нив, кое може да предизвика сериозни лоши последици. Пожелно е да ја штиклираме и опцијата за помнење на сетирањата за папките, што ќе ни овозможи со секое отварање на папката, таа да се прикажува така како што била прикажана кога претходниот пат сме ја отвориле.
Service Pack 2
Со оглед на темпото и жестината на појавување на нови вируси, неопходно беше Windows XP да биде надграден со Service Pack 2.
По завршената инсталација и првото стартување на Windows XP SP2, на нашите монитори ќе не пречека прозорецот на Security Center. Тоа е местото од каде можеме да ги правиме сите подесувања кои се однесуваат на заштита на системот од надворешни влијаниа. Но, освен тоа што Security Center ја има улогата на главен контролор на сите контакти со надворешни извори тој нуди и многу корисни упатства за почетниците. Тие се сместени во левиот дел од прозорецот под секцијата Resources. Сигурносниот центар всушност, ги обединува новиот Windows Firewall, автоматските Update-и и антивирусната заштита. Или тоа се трите генерални новини кои доаѓаат од SP2.
Најголем напредок е постигнат со Windows Firewall. Тој одсега ќе биде вклучен по Default. Олеснето е неговото подесување и управување. Всушност, ние и нема да треба да правиме којзнае какви подесувања, бидејќи штом ќе биде вклучен, Windows Firewall автоматски ќе препознае која апликација треба, а која нетреба да комуницира со надворешни извори. Ова нема да важи ако веќе имаме инсталирано друг Firewall, како на пример Zone Alarm. Неговото функционирање ќе биде оневозможено од Windows Firewall, па за тој да функционира, најпрво мора да го исклучиме “огнениот ѕид” кој доаѓа од SP2.
Благодарение на Security Center, ако немаме инсталирано антивирусна софтверска апликација, ќе бидеме предупредени дека не е активна заштитата од вируси. Virus Protection е само индикатор за посоењето или непостоењето на антивирусна апликација, но самиот не претставува тоа. Значи, Virus Protection ги препознава постоечките антивирусни програми, па во зависност од тоа дали имаме или немаме инсталирано такви, неговиот статус ќе биде off или on.
Покрај воведувањето на Security Center како генерална новина, со SP2 се воведуваат посебни алатки за приклучување на безжичната мрежа, а олеснето е и користењето на уреди со Bluetooth поддршка. Исто така, подбрена е сигурноста на работата на Windows Media Player Series 9 и овозможено е брзо и едноставно префрлање на важните податоци на безжичните уреди кои ги поседуваме. Втора најважна новина во Windows XP SP2 се промените во Интернет прелистувачот, Internet Explorer.
Internet Explorer 6.0
Новиот Internet Explorer, е драстично подобар од неговиот, SP1 претходник. Со SP2, Internet Explorer 6.0 делува поцврсто постабилно и посигурно. Воведени се неколку клучни измени, кои на корисникот, му ја враќаат довербата во Интернет прелистувачот, кој пред адверот и спемот, беше на врвот на IT пазарот.
Pop-up blocker-от е една од новите алатки, со кои е зајакнат Internet Explorer. Тоа е едноставен и моќен додаток, кој ќе не ослободи од напорните pop-up реклами. Едноставен е бидејќи нема да треба да правиме којзнае какви подесувања за тој да се активира, а моќен, бидејќи нема да дозволи, да се појави ниту еден pop-up, освен ако ние не му асистираме во спротивното.
Програмирање на задачи
Windows алатките кои служат за оптимизација или одржување на системот е многу важно редовно да се активираат за да можат да си ја завршат својата работа. Сепак на кого би му текнало ова да го прави толку често колку што е потребно? Мене искрено не ми текнува баш. Затоа, постои дополнителна програма која доаѓа со самиот Windows и овозможува да ги програмираме ваквите алатки да се извршуваат во определено време. Програмата се вика Task Scheduler, а ќе ја пронајдеме во System Tools мени (Start>All Programs>Accessories>Systems Tools>Task Scheduler). Кликнуваме двапати на опцијата Add Scheduled Task и потоа само го следиме волшебникот. Избираме за која програма сакаме да програмираме автоматско стартување и извршување, потоа фрекфентност, односно колку често таа да се извршува и на крајот ги прецизираме бараните параметри за време на извршување.
Откако ќе завршиме со процедурата за додавање на нови задачи кои треба да се извршуваат на определено време, името на новата програма ќе биде додадено во Scheduled Тask прозорецот. Доколку ваквата програма некогаш сакаме да ја отстранеме од листата едноставно ја бришеме како да се работи за било каков фајл. За да може програмираната алатка да се изврши во определеното време компјутерот мора да биде вклучен.
Снимање податоци на CD
Ретко се случува да добиеме хардвер без софтверска апликација која ќе ја подржува неговата работа во секој поглед. Конкретно, незамисливо е купениот режач за цедиња, да нема свој придружен софтверски вокал. Но сепак платформата на Windows XP има поддршка за сортирање податоци на CD. Процесот на складирање податоци на CD, тече по следниов редослед. Ставаме празно CD во режачот. Откако ќе биде прочитано CD-то, слободно ги селектираме податоците и притискаме на десниот тастер од глувчето. Во менито што ќе ни се отвори избираме Send To>CD Drive (F:\. Со ова податоците во вид на Image Files се ставени во CD-то. Во десниот дел од Start лентата ќе се активира жолто прозорче кое треба да го кликнема за да продолжиме понатаму. Забележуваме дека во прозорецот податоците се бледи. Следниот чекор е да ја активираме опцијата File>Write these files to CD, по што се отвара прозорец каде треба да ги следиме инструкциите за податоците да бидат снимени на нашето CD.
Пронаоѓање на нашите загубени податоци
Често се случува по средување на податоците на компјутерот да незнаеме каде се наоѓа некој важен документ. Само ја активираме опцијата Search од Start лентата или притискаме F3 од тастатурата. Во левиот дел од активниот прозорец ја избираме првата опција доколку сакаме да пребаруваме слики, песни и видео податоци; втората е за пребарување на документи во форма на текстови, планери, писма и друго; со трета се бараат сите фајлови и фолдери во компјутерот, додека, пак, со избор на четвртата опција можеме да бараме компјутери или личности (оваа можност е активна доколку се наоѓаме во мрежа со повеќе компјутери). По изборот на некоја опција, во текст-рамката го пишуваме целото име на документот или само дел од него и ја избираме локацијата каде ќе биде баран документот. Потоа притискаме на копч- ето Search. Во десниот дел од прозорецот ги следиме резултатите од пребарувањето.
Подредување на Start менито по абецеден редослед
Притискаме со десниот клик каде било во менито Start и потоа од паѓачкото мени одбираме Sort by name. Со ова добиваме абецеден редослет на апликациите кои се наоѓаат во Start менито.