Bratot
Стоик и Машкртник!
Се е во ред. Но, освен објаснувањата кои се изведени од некои заклучоци со субјективен нагласок, не гледам некоја релевантност на овие „докази“ пред кои треба да се поклониме, нели.
Не го чепкам сето тоа, ниту интернационалните примери, освен следното:
„Република е уставна референца и таа може да се менува, без да игра значење во определувањето на народот“. ...„Република не е ниту име, ниту дел од името“
Добро, но дали тоа значи дека и референцата која ни ја запакуваа во почетокот на 90тите години и ООН сеуште се раководат по истата, не смета воопшто?
Нели, FYRO е само референца, и тоа не е дел од името, и може да се менува, без да игра значење во определувањето на народот.
Интернационалната FYRO и „домашната“ „Република“ се само референци.
Првата е дел од името, и смета, а втората не е, и не смета? Така?
(само да напоменам, дека доколку сметате дека сето ова оди во off topic на оваа тема, и доколку сметате дека има елементи за дискусија, подгответе тема токму за ова...)
Референцата од ОН не можеш да ја изедначуваш со описното име за државата.
Референцата од ОН не претставува никакво “интернационално“ име за нашата држава.
Кога се работи за менување на името, се мисли на Македонија.