A
Avenger99
Гостин

Научници од унуверзитетот „Јужна Калифорнија“ направиле нови литиумски батерии кои имаат 3 пати поголем капацитет од оние кои ги користиме, а се полнат за само 10 минути.
Овие батерии би можеле да работат и по неколку дена пред повторно да ги наполниме, а полнењето би било неверојатно кратко.
Сегашните литиумски батерии кои ги имаме во сите мобилни телефони создаваат електрична енергија кога позитивните јони поминуваат низ микроскопски тенки графитни плочки. Меѓутоа како тие плочи стареат, нивниот капацитет значајно се намалува. Ова особено важи за нај новата генерација на литиумски батерии каде се користат силиконски келии кои после одредено време пукаат.
Од овие причинни научниците потполно ги отстраниле овие силиконски плочи. Од материјалите кои ги користат, батеријата може да трае вечно, односно материјалот е многу тешко потрошлив и не се губи капацитет. Се претпоставува дека ваквите батерии би можеле да се најдат на пазарот за само две до три години.
Извор:http://gsm.mk/novi-li-ion-baterii-tri-pati-pojaki-od-dosegashnite
Ќе се реши ли конечно проблемот со брзо трошење на батериите на телефоните?Ваши мислења околу ова?