Пронајден Кристофер Дорнер, пукотници повеќе од eден час...

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Поранешниот Американски војник и полицаец кој беше истеран од работа од полициската станица во Лос Анџелес затоа што пријавил полициска бруталност кон граѓаните од страна на негов колега, е пронајден во колиба во местото Голема мечка.

Агенциите јавуваат дека повеќе од половина час се пука. Дорнер е вооружен и досега уби тројца - еден полицаец како и ќерката и сопругот на шефот на полицијата во Лос Анџелес (човекот што го истера од работа).

Во пукотниците сега изјавија дека ранил уште двајца полицајци од кои еден само што починал, а другиот е во тешка состојба.

Колибата во која што наводно Дорнер се наоѓа сега гори.

Инаку Дорнер напиша манифест во којшто и објави војна на полицијата и изјави дека ќе ги убива полицајците како и членовите на нивните семејства каде и да стигне.

http://www.huffingtonpost.com/2013/02/12/chris-dorner-manhunt_n_2672238.html

Кретените од CNN престанаа да емитуваат по барање на полицијата наводно за Дорнер да не гледа што се дава на ТВ и да ги искористи информациите за тоа да избега.

.
 
Недај боже некој наш пандур да добие инспирација од ова.. А инаку се е во ред... Америка си е Америка. :)

Нека пука човекот, изгледа решил да бега на другиот свет .... Среќен да му е патот. :pipi:
 
Овај Дорнер веројатно е голем фан на Рамбо кецот али нешто осеќам до крајов на годинава ќе снимат филм и за него :)
 
:eek: и решението е да ги убие а?

Па сигурно нема да се влечка низ корумпирани судови и полициски станици кои ги боли долниот за обичниот човек, ама како што реков за вакво нешто ти требаат два пара муда а знаејки дека повеќето од народов се овчички што си ќутат за се..
 
Им се може на америте бе и што? Секаков џган има таму, секој има пристап и може да поседува оружје.
Реално кога и јас тука би можел да поседувам оружје као нив би имал парче до две низ дома, чисто да се најде некој стаор ако залета низ подрум да го стрелам.
 
На типот му скурчило. Бил истеран од работа од полициската станица затоа што пријавил бруталност кон граѓаните од страна на негов колега. Мислам сериозно...
 
Па сигурно нема да се влечка низ корумпирани судови и полициски станици кои ги боли долниот за обичниот човек, ама како што реков за вакво нешто ти требаат два пара муда а знаејки дека повеќето од народов се овчички што си ќутат за се..

Да, баш ќерката на шефот му е крива.
 
Поранешниот Американски војник и полицаец кој беше истеран од работа од полициската станица во Лос Анџелес затоа што пријавил полициска бруталност кон граѓаните од страна на негов колега, е пронајден во колиба во местото Голема мечка.

Агенциите јавуваат дека повеќе од половина час се пука. Дорнер е вооружен и досега уби тројца - еден полицаец како и ќерката и сопругот на шефот на полицијата во Лос Анџелес (човекот што го истера од работа).

Во пукотниците сега изјавија дека ранил уште двајца полицајци од кои еден само што починал, а другиот е во тешка состојба.

Колибата во која што наводно Дорнер се наоѓа сега гори.

Инаку Дорнер напиша манифест во којшто и објави војна на полицијата и изјави дека ќе ги убива полицајците како и членовите на нивните семејства каде и да стигне.

Кретените од CNN престанаа да емитуваат по барање на полицијата наводно за Дорнер да не гледа што се дава на ТВ и да ги искористи информациите за тоа да избега.

.

Чекај , чекај , сопругот на шефот , оној што го избркал од работа, фактички се работи за геј ? :) ( офф топик )
Он топик : Неам коментар, најнормална појава во Америка е да убиеш човек. Како да распалиле огномет.
 
Шефот може и да е жена. Титулите (официјално) не го менуваат родот.
 
Оп, ете материјал за нов филм. За година до две и ќе бидни и тоа.
 
искрено кога би ги средувале луѓето и тука како тој таму што почнал да си го средува проблемот многу поубаво ке се живее.... го избркале заради тоа што пријавил бруталност кон граѓаните од страна на негов колега - ако е ова вистина ептен е апсурдно - замислете одите на работа и пријавувате нешто што вашите колеги не го прават како што треба или го прават со цел да им наштетат на клиентите - и нема да го пријавите тоа? - најнормално изреагирал... не е у реду што свиткал и други џандари - требаш шерифот да го среди и чао пријатно другите и не се криви на крај краева.....

нешто вакво слично имало порано и кај нас - незнам дали сте запознаени со случајот ТОМЕ ПИВАРА.

инаку - за овој случај мислам дека има пишувано и во една книга... незнам точно како се викаше но ако сте заинтересирани ке прочепкам низ интернетов ке ви дадам точен одговор.
 
Урбана легенда е дека Пивара е останала толку јака фирма баш ради тој случај. После тоа никој директор не се осудил да краде :)

Иначе колку што знам типот кој го направи тоа, ја одлежа цела казна, излезе од затвор и почина на слобода.

Иначе за тие што не знаат во кратки црти, тој бил возач во Пивара и се замерил со директорите заради нешто (ги фатил да крадат или сл.). Дури и им викал дека ќе ги убие. Едниот од директорите викал „Ќе ми го јадеш“. Еден ден влегол на состанок и завршил работа. Незнам баш точно колку директори утепал, ама на тој што му викал така, му го исекол и му го ставил во уста.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom