Tоni
ILLYRIAN
- Член од
- 26 февруари 2009
- Мислења
- 13.642
- Поени од реакции
- 10.241
Македонската карате репрезентација на најдобар можен начин го заокружи настапот на Европското првенство за кадети и јуниори кое се одржуваше викендов во Коња, Турција, со освоен златен медал на Берат Јакупи во јуниорска конкуренција, до 21 година.
По двете вчерашни бронзени медали на Моника Пендаровски и на Виктор Крстевски, денеска Јакупи стигна повторно до највисокото место на пиедесталот на Стариот континент. Нашиот каратист во полуфиналето во дисциплината борби беше поуспешен од Русинот Давидов, а во финалето со 2-1 го совлада Шпанецот Арангурен за стигнување до најсјајното одликување.
„Пресреќен сум со новото освоено злато. Не може да се опише ова чувство. Сигурно овој успех ми носи дополнителен мотив за понатаму, па веднаш се насочувам со мислите кон Светското првенство“ – изјави по освоеното злато Берат Јакупи.
Извор.
За Берат ова е трет пат да ја покори Европа. Еднаш додека беше кадет, еднаш јуниор и сега во јуниорска конкуренција до 21 година.
Одличен спортист, одлична личност, се надевам дека ќе носи медал и од Светското Првенство.