Продажба на недвижнини?

  • Креатор на темата Креатор на темата smihajlo
  • Време на започнување Време на започнување

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.755
Поени од реакции
4.526
Здраво ме интересира кој е најдобар начин за рекламирање на продажба на недвижнини?

Се работи за прилично голема сума на пари и каде според вас би било најдобро да се рекламира продажба на објект со голема вредност.

Уште нешто што сакам да прашам имаше тема на форумов со збир на страни за огласување па ако знае некој каде се наоѓа да ми прати линк на темава или по ПП.

П.С Побарав на search и мислам дека нема ваква тема ако има тогаш слободно спојте ја со постоечката.

П.С2 Доколку се потребни повеќе информации пишете на темава или ПП.
 
http://oglasi.kajgana.com/.... имаш и пазар3 ,реклама5 доколку го нудиш на интернет, ти препорачувам таму да го нудиш.
Истото го прават и агенциите за недвижности, само ти земаат процент за тоа и ти викаат- имаме луѓе заинтересирани од Грција и од Албанија, добиваат на време додека не се јави некој. Јас имам такво искуство, и на крај сам си ги продавам недвижностите, некако агенциите немаат среќа да ми земат процент.
 
Здраво ме интересира кој е најдобар начин за рекламирање на продажба на недвижнини?

Се работи за прилично голема сума на пари и каде според вас би било најдобро да се рекламира продажба на објект со голема вредност.

Уште нешто што сакам да прашам имаше тема на форумов со збир на страни за огласување па ако знае некој каде се наоѓа да ми прати линк на темава или по ПП.

П.С Побарав на search и мислам дека нема ваква тема ако има тогаш слободно спојте ја со постоечката.

П.С2 Доколку се потребни повеќе информации пишете на темава или ПП.

Најдобро оди кај адвокат, ако се работи за недвижнина со голема вредност.Тој нека ги брка работите.
 
Најдобро оди кај адвокат, ако се работи за недвижнина со голема вредност.Тој нека ги брка работите.
зошто адвокат?
Тој бара реклама- купци, сеуште нема заинтересирани...адвокатот и нотарот се само за документацијата, тие не продаваат, само ги заштитуваат двете страни од правен аспект.
 
зошто адвокат?
Тој бара реклама- купци, сеуште нема заинтересирани...адвокатот и нотарот се само за документацијата, тие не продаваат, само ги заштитуваат двете страни од правен аспект.

Има адвокати што работат тоа што ти ќе им го наложиш. Например ево ти го проспектот за мојата недвижнина, најди ми најдобра понуда и добиваш процент 1% или нешто слично.
Плус тоа остава впечаток на професионалност кај потенцијалниот купец.
 
Јас веќе неколку години сум во областа на градежништвото и до сега не сум слушнал дека адвокатите продаваат недвижности, освен еден во Битола , ама тој има и агенција за недвижности - таквов е називот на фирмата и тоа е дејноста како кај сите.
Патем 2% е законски процент кој го земаат сите дилери на недвижности, адвокатот наплаќа за сигурност (од него нема ни потреба, само за џабе пари ќе ти земит), а нотарот за купо-продажниот договор односно услугите кои ги нудат- но по дифолт тоа го плаќаат лицата кои го купуваат како и данокот на имотот.
Иначе потребни документи ти се
- потврда дека не е имотот под хипотека (порано се ваѓаше во суд, а сега го даваат во општина)
- имотен лист важечки од денот на продажбата (од општина)
 
Ти стај "се продава" на оградата... Како што ломоти народов, на кој му треба ќе те дознае.
 
Ти стај "се продава" на оградата... Како што ломоти народов, на кој му треба ќе те дознае.
Ставено е друже ама сепак се работи за релативно голема сума и не многу во Македонија би можеле да си дозволат толку пари да издвојат иако сепак тие пари се инвестиција која брзо би се вратила доколку ги има некој.
--- надополнето: 11 февруари 2013 во 11:13 ---
@TheMayor

Благодарам за информациите ќе пробам на страните да огласувам можеби и билборд ќе поставам мислам тоа би било доволна реклама.
 
Проверете ја НајдиДом.мк
Ги агрегира сите огласи од Реклама5, Пазар3, Врапче, НовПазар, Имоти, имоти247, Метар2 ... практично сите огласи за недвижнини во Македонија. Само што нема опција да огласиш кај нив.
http://najdidom.mk
 
И мапата не им е воопшто прецизна
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom