Нерамнини на тестисот

  • Креатор на темата Креатор на темата Sungerot Bob
  • Време на започнување Време на започнување
Кога се работи за твоето здравје, воопшто не треба да се срамиш да им кажеш на родителите. Тие те гледале од мал, они најдобро те знаат и они највеќе сакаат да си здрав. Со здравје нема играчки, што побрзо да отидеш на лекар и да се вратиш со добри вести. :)
 
Братучед ми најде нешто.....отиде на лекар и таман го отворија да оперираат испадна трето јајце имал......
Медицински феномен :D
Нека дај едно за братучед ми, тој едно имат, нека не се прајт педер. :)
 
Што направи детево? Иначе не секоја нерамнина на тестисот е рак, него да не почне човек да гугла, отиде у неповрат.

Сигурно си посетил лекар до сега се надевам дека се е како што треба. Сите ние се вадиме од памет во некој период од животот.

Иначе, има други состојби на тестисот кои се јавуваат многу почесто отколку канцерот, проширени вени, цисти, воспаление на пасеменикот, воспаление на тестисот, последниве две болат у пм. проследени се со висока температура, оток.
Некој спомна торзија на тестис, не бидете смешни да имаше торзија цревата ќе си ги истураше од болка и немаше да се опипава, немаше да може да се се допре...

Така да, од време на време прегледајте си ги тестисиве, запознајте се како изгледаат за да знаете да приметите кога ќе настане некоја промена. На горната и долната страна од тестисот ви се наоѓа епидидимусот (пасеменикот), тоа не е знак за нешто лошо, туку анатомска структура, најчесто таму се јавуваат цисти, а на левиот тестис проширени вени.

Ако нешто осетите, посетете доктор, ќе ве прегледа, ако треба ќе ве погледа на ултразвук и толку, не барајте на интернет, не мислете нема шанси тоа мене да ме фати, ова е болест на младите генерации, но фантастично реагира на терапија.
 
Фала ви на сите, бев на лекар и ми рекоа дека тоа се најобични нерамнини кои се јавуваат како резултат на коренот од влакненцата во кожата. :)
 
50% од машките имаат попуштени крвни садови на тестисите и тоа создава нерамнини на левиот тестис. И јас сум бил еднаш на интернист за тоа, затоа што ме фати паника :icon_mrgr: Дури и откако ме прегледа лекарот и ми рече дека не е ништо страшно, јас инсистирав да ми направи ехо на тестиси за да бидам сигурен :ROFLMAO:. Немав ништо, нормално.:tapp:. Инаку секој може сам да си направи преглед на тестисите, со тоа што се фаќа кожата од тестисот на горниот дел, и со другата рака се врти тестисот. Доколку приметите дека нерамнините се вртат заедно со тестисот, тогаш треба да се обратите на лекар. Доколку нерамнините се фиксирани за кожата и не го следат вртењето на тестисот, веројатно е кожен проблем или проблем со крвните садови.
 
15 минути си бркам у гаките за да видам дали имам нерамнини
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom