Uste da ni kazes vo sto se slicni Isus i Mojsie,oti tamu pisuva "kako tebe" te. "kako Mojsie".
Секако дека се слични, но не според исламсите критериуми, туку според Библиските
Ајде да наведеме неколку сличности меѓу Мојсеј и Исус и да видиме како Мухамед се вклопува во нив.
1. И Исус и Мојсеј се родени во ропство. Мојсеј под Египетската окупација, Исус под Римската.
Мухамед не.
2. Кога Мојсеј се роди Фараонот нареди убиство на сите новореднчина. Кога Христос се роди императорот нареди убиство на сите новороденчиња.
За Мухамед такво нешто не се случило.
3. Мојсеј е спасен на чудотворен начин од убиството. Египет (фараоновата ќерка) му помогна во тоа. Потоа Мојсеј излегол од Египет. Исус исто така е спасен на чудотворен начин од убиството. Тој бил засолнет во Египет и потоа излегол од него.
Животот на Мухамед воопшто не бил во опасност при раѓањето.
4. Мојсеј беше 40 дена на планината Синај. Христос беше 40 дена во пустината.
Мухамед не.
5. Двајцата беа Евреи. Самиот Мојсеј пророкуваше дека тој ќе биде Евреин: „Господ вашиот Бог ќе подигне за вас пророк како мене, помеѓу вас, од вашата средина, Него слушајте Го“
Второзаконие 18:15, а истото го вели и Бог во
Второзаконие 18:18)
Мухаммед бил арап, а не евреин.
6. Мојсеевото лице светеше кога слезе од Гората (планината), Исусовото лице светеше по Гората на Преображението.
Лицето на Мухамед не му светело.
7. Мојсеј воспостави завет на Бог со луѓето. Исус исто така воспостави завет на Бог со луѓето.
Мухамед не воспоставил завет.
8. Двајцата беа посредници на заветот. Мојсеј на стариот, Исус на новиот завет.
Мухамед не.
9. Двајцата беа законодавци. Мојсеј ја даде Тората, Исус го даде новозаветниот закон.
10. И Мојсеј и Исус извршуваа големи чуда и знаци.
Мухамед не. Во Куранот нема ниту едно јасно и недвосмислено евидентирано чудо на Мухамед, освен некои шпекулации.
11. И двајцата му дадоа на народот леб од небото.
Мухамед не.
12. Двајцата беа водачи.
13. Двајцата лекуваа.
Мухамед не.
14. Мојсеј постави 70 владетели над Израел, Исус постави 70 ученици да ги поучуваат народите.
Мухамед не.
15. Мојсеј испрати 12 шпиони за да ја освои Ветената Земја, Исус испрати 12 Апостоли за да ја освојат Земјата.
Мухамед не.
16. Мојсеј ги спаси своите следбеници покорувајќи го морето и ветрот. (
Излез 14:21) Исус исто така ги спаси Своите следбеници покорувајќи ги морето и ветрот. (
ев. Марко 4:41)
Мухамед не направил такво нешто, ниту чудо слично на тоа.
17. Мојсеј подигна дрво со змија за да ги излекува луѓето, Исус САМИОТ беше подигнат на дрво на крстот како духовно лекување на луѓето.
Мухамед не.
18. Двајцата беа спасители. Мојсеј од египетското ропство, Исус од Сатанското ропство, од ропството на гревот, смртта и вечната казна.
Мухамед не.
19. Четири века Израелците беа во ропство пред Мојсеј. Четири века беше молкот од последниот старозаветен пророк до Христос.
20. Мојсеј ја отфрлил власта на овој свет (да стане следниот фараон). Исус отфрли да стане овоземен цар и покрај притисокот на евреите (
ев. Јован 6:15).
Мухамед ја прифатил овоземната власт и станал главен војсководец во Арабија.
21. Мојсеј ја воспостави Пасхата. Исус СТАНА новата Пасха.
Мухамед не.
22. Тората му беше дадена на Мојсеј 50 дена по излезот од Египет, Светиот Дух и беше пратен на црквата 50 дена по Христовото воскресение.
Мухамед не.
23. Името Мојсеј на еврејски (Моше) значи „избавен“. Името Исус (Јешуа) на еврејски значи „Спасител“. Избавител, Спасител, тука се некаде. Името Мухамед значи славен, фален. Значи и имињата на Мојсеј и Исус имаат слична порака,
а Мухамед не.
24. Пророштвото е
ИСПОЛНЕТО и ПОТВРДЕНО во Новиот завет дека Исус бил Тој пророк. Прочитајте ја убавата проповед на првиот маченик Стефан во
Дела 7-то поглавје и ќе видите колку јасно објаснува дека Исус е Тој за кого што зборувал Мојсеј.
Во исполнувањето на пророштвото воопшто не се спомнува Мухамед.
Се надевам дека е доволно.