Колеж и кланица на улиците во Сирија (+18)
Видео снимка со возменирувачка содржина се појавила на Јутјуб, а на неа се прикажува нападот на демонстрантите во Сирија.
Автентичноста на оваа шокантна видео снимка сеуште не е потврдена, а нападот започнува кога едно девојче пее на улица: 'Слобода, слобода, сакаме слобода и покрај тоа што ти го сакаш Башаре. Ние ќе ја имаме својата слобода.'
Сириската војска продолжила со бомбардирање на востаничките сили околу Дамаск, каде за само 24 часа биле убиени околу 55 луѓе, меѓу кои и 19 цивили, тврдат опозиционите активисти. Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон, наведува дека цивилите меѓу кои имало и три жени, загинале од проектил кој го погодил кампот за бегалци Јармук, кој го населуваат Палестинци.
Активистите, чии наводи не може независно да се проверат, бидејќи на новинарите им бил забранет пристапот, вчера известиле дека силите на претседателот Башар Ал Асад започнале жестока офанзива против демонстрантите на јужниот и источниот дел во Дамаск.
Според нивните податоци, убиени биле најмалку 19 цивили, 28 демонстранти и осум војници, јавува агенцијата Франс прес.
Опсерваторијата која известува за судирите и жртвите од почетокот на кризата во Сирија која започнала во март минатата година, соопштила дека во насилството ширум земјата само вчера биле убиени 141 лице.
Предупредување: Приложеното видео го гледате на сопствена одговорност. Не препорачуваме да го гледаат осетливи лица или лица со слабо срце.
http://tocka.com.mk/1/86851/kolez-i-klanica-na-ulicite-vo-sirija-18