jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.640
- Поени од реакции
- 27.598
Овој пост го пишувам по повод 100 години од поделбата на Македонија според т.н. етничка карта на Македонија.(Искрено не се слагам со т.н. етничка карта на Македонија и сметам дека поделбата е доста порано, но тоа не е тема на муабет)
Кога ќе направиме ретроспектива на односите со соседите од осамостојувањето на Република Македонија па се до денес, ќе видиме една доста агресивна кампања (неможе да се нарече политика) против нашата земја, во која очигледно предничи Грција и како јакне и се приклучува и Бугарија. Како време, на кое повеќето од нас се сведоци, тоа ќе се покаже на моменти многу тешко и на многумина им изгледало дури и како безизлезна ситуација. Целосно посветени на Евро-Атланската интеграција, нашата држава беше речиси убедена дека лудилото на нашиот сосед ќе биде надминато со упорна работа, но наместо тоа, на Грција и се приклучи и Бугарија.
Мене тука не ми е целта да се жалам, како тоа соседите ни прават лошо или слично, иако овој вовед изгледа така. Но за жал впечатокот што се добива е тој, всушност, главниот адут на Грција беше кондицијата. Но ете ние некако го издрживме најтешкото време. Какво време иде, исто така не би сакал да полемизирам во овој пост, ќе ги оставиме прогнозите и анализите за други теми. Тука ќе се обидам да дадам едно ново видување придобивките од нашата надворешна политика во изминатите 22 години и таа да речеме „војна за наследството“ со Грција.
Имено, за да ја видиме реалната ситуација, ќе почнеме од моменталната состојба. И ќе направиме една паралела со останатите држави произлезени од СФРЈ. За разлика од Србија, Хрватска и Босна чиј бренд се „прослави“ во војна и за којшто се дадоа иљадници мртви, за нас кампањата ја тераа нашите соседи. Србија со црквата, Грција со името, Бугарија со обидите за асимилација. Во најново време, во лов на брендот Македонија се приклучи и Албанија. Значи сите наши соседи имаат претензии кон брендот. Тие до тој степен ја изрекламираа Македонија, што ми се чини дека повеќе не постои политичар кој не слушнал за Македонија. Како што и позитвната и негативната реклама е сепак еднакво реклама, дојдуваме до заклучок, дека сета кампања на нашите соседи, вроди со доста позитивен ефект за нас.
Ако го изоставиме фактот на економските проблеми што ги имавме (и сеуште имаме) и низ кои горе-доле поминале или поминуваат и најбогатите светски држави, доаѓаме до заклучок, дека доколку кампањите на нашите соседи имале за цел да не разнебитат, уништат, да ни влеат страв, за на крајот да се откажеме од нашиот идентитет, го постигнале сосема спротивниот ефект. Доколку го споредиме патриотизмот последниве години, со тој на почетокот, можам да кажам дека им симнувам капа на нашите соседи, поготово Грција и Бугарија за тоа што го направија за Македонија во изминатите 22 години. Јавно им се заблагодарувам за тоа што вложија дебели средства за кампања (негативна но) која силно допринесе за промоција на Македонија во светски рамки.
Светот се повеќе се интересира за Македонија, дури и обичните луѓе. Кампањите на нашите соседи се толку дијаметрално спротивни, што се поништуваат самите себеси. Тоа раѓа сомнеж во фалсификуваната историја и раѓа љубопитство за да се дознае вистината. Бидејќи вистината е доста едноставна (нема да ја образложувам сега), ќе дојде време кога сите ќе ја дознаат.