- Член од
- 15 октомври 2010
- Мислења
- 835
- Поени од реакции
- 155
За мене, не е се’ убаво и не ја релативизирам убавината како што велиш. „Фауст“е убава (тоа е цветот кој не може да биде отпадок), но „Алхемичарот“ не е убава книга (таа е отпадок кој не може да биде цвет. Постојат грандиозни цветови, па да речеме дека оваа книга и има некоја вредност, таа се губи и е излишно да се коментира за неа покрај останатите.) Двете предизвикуваат катарза, во што е тогаш разликата помеѓу нив ако не во убавината? Оваа споредба ја употребувам аналогно на перниците, бананите и масите.
Една хипотетичка ситуација... да живееле во исто време Достоевски и Коелјо и првиот да му раскажел до детал на вториот за тоа како тој ги носи во својата глава ликовите на Дмитриј, Иван, Аљоша и Фјодор Карамазови, Смердјаков, Зосима, поемата на Иван-Легендата за големиот инквизитор, овој вториов да фател книга за тоа да напишел пак ќе била во коелјо стил. (Не ни сакам да помислам на „Ана Каренина“, тоа би било вистинска шпанска т.е. бразилска серија во пишана форма. Катарза за голем дел од женската популација) Без никаква вредност. Накратко: талентот го создава вредното дело, ја создава убавината која не паѓа на тестот на времето и која не обезбедува просто бегство од реалноста и нејзините проблеми.
Да речеме дека и двата автори со нивните дела подеднакво предизвикуваат само катарза кај читателите, тогаш зошто Достоевски е наречен од Ниче, Фројд, Берѓаев, Ајнштајн... гениј, пропагатор на убавото, учител, мачител, уметнички философ, психолог, психоаналитичар, а Коелјо е и ќе биде обичен гуру-преварант и профитер никогаш спомнат дури ни од Умберто Еко? Тоа значи дека катарзата не е причина за епитетите кои ги добил Достоевски од едни од најголемите умови во историјата на човештвото во спротивно ќе испадне дека Ниче само додека бил со состојба на комплетна катарза,воскликнал: „Достоевски е единствениот психолог од кој нешто сум научил во животот“.
Нешто слично и јас планирав да напишам, ама си велам, ај да не ви се мешам во разговорот - посебно кога Ставрогин искажа дека му било мошне драго да зборува со начитана девојка.
