Будизам-Атеизам

  • Креатор на темата Креатор на темата Gurdjieff
  • Време на започнување Време на започнување

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Будизмот е една од најголемите РЕЛИГИИ на светот. Во Будизмот не постои молитва, за разлика од монотеистичките религии, кај него јогата и медитацијата се дисциплини за да се доближат до Бога, т.е самите да се реализираат или да станат Бог. Таа религија го користи интелектуалниот центар за доближување до Бога, за разлика од монотеистичките религии кои го користат емотивниот центар.
Сидарта со помош на јогата успеал да се реализира, и да постигне просветлувања,затоа залудно е да негирате дека јогата не е Будизмот.
Атеизмот не верува во Бог, меѓутоа не сака ни да го докаже непостоењето на Бога од едноставни причини што непостоењето не се докажува.Меѓутоа сакам да ги прашам тоа атеистите од овој подфорум, кои 90% се Будистички ориентирани, ако не сте во потрага на Бога, било надвор од себе, или внатре во себе,зошто толку се оптаварувате со прашањето околу Бога? Дали со самата Будистичка ориентација и атеистите не се религиозни?
На сето тоа , има и секташи кои ни проповедаат за практикување на јога, а знаме дека јогата е Будистичка дисциплина, која служи како сретсво за реализација на постигнување на некој врв,кој во Будизмот е познат под терминот просветлување.
Помогнете ми браќа атеисти, да сватам дали сте Будисти или сте прави атеисти....или ви е срам да се изјасните како Будисти?
 
Будизмот кога настанува поимот Бог е веќе укинат.Будистичката религија е единствената,позитивистичка религија.Тој не зборува за "борба против гревот" ,туку приклонувајќи се кон стварноста,за "борба со страдањето" .
 
Не е битно дали е позитивна или негативна религија....важно Е РЕЛИГИЈА
 
или ви е срам да се изјасните како Будисти?

мене ми е срам да се изјаснам за будист, атеист или било што после сите празници што безобразно со јадење, пиење и веселење ги бев и ќе ги испоштувам месецов :oops: а и паричката ми се падна на Бадник :eek:
 
Ако Атеистите се Будисти(ко што вика Гурџи) тогаш претпоставувам би биле најголема ’’религиска‘‘ групација во светот, побројни и од Христијаните(сите деноминации), побројни и од Муслиманите(сите деноминации), како и од Хиндусите и.т.н. :)
Знам дека сум Атеист, а дека со самото тоа што сум бил Атеист фактички(според Гурџи)сум бил и Будист ......... :confused::confused:
 
мене ми е срам да се изјаснам за будист, атеист или било што после сите празници што безобразно со јадење, пиење и веселење ги бев и ќе ги испоштувам месецов :oops: а и паричката ми се падна на Бадник :eek:

ЈБГ и јас сум Атеист па искрено и не јадев баш нешто посебно за ’’празнициве‘‘, ниту пак сум се веселел, но паричката за Бадник замисли иако зедов само едно најмало парче од погачата ми се падна мене !!! :D
 
Ѓурѓа какво ти е ова глупаво прашање ?
Од кого и од што да ми е срам да се изјаснам како Будист ? Од тебе ми е најмалку срам.
Па изјасни се...што си?
Будист или Атеист?
 
Помогнете ми браќа атеисти, да сватам дали сте Будисти или сте прави атеисти....или ви е срам да се изјасните како Будисти?

Се пишува сФатам со Ф и ако се сомневаш ДА, прашањето ти е премногу глупо.

Еве признавам, атеист сум.
 
Па изјасни се...што си?
Будист или Атеист?
Aтеист,бе Ѓурѓа знаеш и самиот.
Се пишува сФатам со Ф и ако се сомневаш ДА, прашањето ти е премногу глупо.

Еве признавам, атеист сум.
Чаки ти си изгубен во просторот и времето.

;)
 
Чаки ти си изгубен во просторот и времето.

Се наоѓам дома, а денес е 18 Јануари 2013, Петок.

ЕDIT: А сега испаѓам, оти не планирам петок навечер да се замарам со тебе и со (не)верување во нешто.

<33
 
Aтеист,бе Ѓурѓа знаеш и самиот.

Тогаш за тебе е ова прашање....
Атеизмот не верува во Бог, меѓутоа не сака ни да го докаже непостоењето на Бога од едноставни причини што непостоењето не се докажува.Меѓутоа сакам да ги прашам тоа атеистите од овој подфорум, кои 90% се Будистички ориентирани, ако не сте во потрага на Бога, било надвор од себе, или внатре во себе,зошто толку се оптаварувате со прашањето околу Бога?

Шах...пази следува Мат.
 
Секој атеист има и малку верба во Бог. Колку и да сакате тоа да го негирате во вас постои верба.
 
Се наоѓам дома, а денес е 18 Јануари 2013, Петок.

ЕDIT: А сега испаѓам, оти не планирам петок навечер да се замарам со тебе и со (не)верување во нешто.

<33
Eпа супер,излегувај,ќе се спасиме некој саат на темава од глупоста твоја.
Тогаш за тебе е ова прашање....

Шах...пази следува Мат.
Зошто е глупост Ѓурѓа,затоа се оптоваруваме,глупостите врз атеистите имаат иритирачки eфект.

http://www.youtube.com/watch?v=xnbXlkNavwo

П.с И од каде тој податок дека 90% се будистички ориентирани ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom