Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.322
- Поени од реакции
- 34.744
- Возраст
- 40
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
Магазинот Popular Mechanic по повод 110-от роденден направи интересна листа на предвидувања и работи што треба да ги очекуваме во наредните 110 години, а во тоа им помогнаа новинари, научници, пронаоѓачи, астронаути и професори од целиот свет.
Ги издвоивме најинтересните предвидувања поделени по години, а целосната листа на предвидувањата можете да ја погледнете клик овде.
2012-2022
-Луѓето ќе го зборуваат секој јазик
Благодарение на DARPA и Google се работи на одличен и инстант превод, а за кратко време и мобилните ќе можат да го преведат секој јазик во наше име.
-Наночестичките ќе ја направат хемотерапијата поефикасна
За жал, нема предвидувања дека ќе се пронајде лек за ракот, сидата или слично, но ни оваа вест не звучи толку лошо. Благодарение на одредени лекови поврзани со хемотерапијата, ќе се намалат болката и нуспојавите при лечењето.
-Мостовите сами ќе се поправаат
Инженерот Виктор Ли од Универзитетот Мичиген пронајде нова смеса што се состои од микровлакна, а овозможува виткање на материјалите без да напукнат. Фрактурите на градбите од смесата се поправаат сами по себе за неколку дена.

-Автомобилите ќе бидат целосно споени
Во иднината ќе се комуницира со семафорите за да се подобри текот на сообраќајот, со другите возила за да се избегнат несреќните случаи, а ќе биде овозможено и слушање на плеј листата од домашната мрежа.
-Лозинките ќе бидат непотребни
Според IBM, се очекува лозинките да исчезнат во следните пет години. Apple и Google имаат софтвер за препознавање лица на мобилните телефони, научниците се бават со скенирање на рожниците, препознавање на гласот, па дури и со отчукувањата на срцето.
-Облеката сама ќе се чисти
Кинеските инженери развија смеса од титаниум диоксид кој му помага на памукот да се ослободи од дамките како и да ги елиминира бактериите што создаваат непријатни мириси.
2023-2062
-Контактните леќи ќе овозможат одличен вид.
Раните прототипови содржат бежично полнење со LED, додека струјните кругови и антените ќе можат да се вградат на флексибилен полимер што би овозможило зумирање, ноќно гледање, видливо поле со информации и слично.
-Домовите ќе бидат споени
Фрижидерите сами ќе составуваат листа за потребните работи што недостасуваат во домот, температурата ќе се мести според нашите потреби, тапетите ќе можат да ги детектираат крадците и слично.
-Здравствените прегледи ќе ги правиме преку мобилен
Научниците напорно работат на усовршување на апликации кои ќе можат да ги измерат нашите отчукувања, дишење, ќе направат проверка на крвта и плунката, па дури и ќе ја проценат кашлицата. Прашање е само кога медицината во целост ќе ги прифати овие новитети.
2063-2122
-Технолошки напредок
Докторите со леснотија ќе ги проверуваат виталните сигнали со помош на мали сензори во нашето тело, чиповите во стомак ќе следат што внесуваме во организмот за да помогнат околу губењето или додавањето тежина. Чиповите во мозокот ќе овозможат примање на податоци и додека спиеме, а сајтовите во мозокот ќе помогнат во целосното создавање на виртуелните светови.
-Некој од нас ќе го доживее 150-от роденден
Како што здравството, технологијата и медицината напредуваат, Дејвид Евинг Данкан, автор на книгата „When I’m 164“, ја истакнува важноста на антибиотиката. Според последната статистика, на Земјата веќе живеат повеќе од 300.000 луѓе кои го прославија својот стоти роденден, додека најголемиот рекорд досега е 122 години.
виа Кајгана
Кои се вашите предвидувања и што мислите за горенаведените?