Од толку криминалци, им засмета еден мал човек, чичко Драги

  • Креатор на темата Креатор на темата Makarov's Lead
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 ноември 2011
Мислења
475
Поени од реакции
177
Возраст
37
Незнаев во кој подфорум да ја постирам темава мислам дека овој е најсоодветен па нека променат модераторите ако грешам...На фејсбук случајно налетав на еден апел од некоја револтирана читателка која го искажува револтот за однесувањето на институциите и државата кон лицата на која им е потребна помош конкретно во случајов се работи за чичко Драги кој наводно сите го „познаваме“...Прочитајте не е многу ќе ви стане се појасно...

-%D0%94%D1%80%D0%B0%D0%B3%D0%B8-e1358374579165.jpg


Сакам за жал утрински да го изразам својот револт спрема, да не бидам политички сфатена државата, установите, законите, неетичкото однесување или не знам веќе што се.

Револтот мој е насочен на една тажна животна приказна која секој од нас ја носи, но сепак оваа приказна се разликува од многу нас.
Вчера во попладневните часови беше повикана полиција и шинтери на една индивидуа која е толку присутна во нашите животи, а сепак толку незабележлива. Верувам дека секој од вас кој го видел го одминал и заборавил, а го одминуваат веќе 30 години.
Се работи за чичко Драги кој со децении стои на едно исто место. Постарата генерација го памти по тезгата која на времето имаше најголем асортиман на шнолички, штипки за коса и секакакви додатоци каде што никаде не се наоѓаа.

Е, тој чичко Драги кој со децении стои до МекДоналдс на самиот премин.. . се сеќавате, нели.

Чичко Драги нема драги мои ништо… сега има само 2-3 пакетчиња паломи, весници и животни кои му се живот. Живее во трошна куќа, без топлина, без семејство и без корка леб. Живее од 10 денари дневно и милостина која ќе му биде подадена. Живее со бездомни кучиња кои му се радост и живот. Животни кои се толку питоми и послушни и со кои ја дели секоја корка леб.

До тие паломи и по некое весниче седеше и една кутија за донации на Анима Мунди во која граѓаните можеа да донираат за животните. Таа милостина беше наменета за чичко Драги и неговите животни.

Револтот ми е што на најсуров начин беше буквално нападнат од полицијата и шинтерите на нечија дојава на граѓанин кој изгледа нема попаметна работа во животот. Чичко Драги трчал и криел куче по куче за да не заврши во Вардариште, место кој ни на најголем душман не би му го посакале.

Чичко Драги заработи казна од 6,000 денари и целата трошна стока заедно со кутијата за донации му беше одземена. Остана без ништо. Да, ќе речете како и секој ден… ама казнет затоа што спасувал животи? Или заработува за корка леб? Од толку криминалци кои се шетаат слободно и прават страшни малверзации им засмета еден толку мал човек.

Среќни сме што кога си одиме дома влегуваме на топло, имаме топол ручек, имаме фамилија со која разговараме и работа на која се посветуваме.

Апел до сите вас кои најдовте време ова да го прочитате.
Доколку ви се наоѓа во ова кризно место работа како чувар или било што што би можел чичко Драги да го работи, доколку имате вишок 10-20-30-40-50 денари да се донира, да се пријави во институција некоја, новинарска куќа, ТВ станица како што се собира за сите да се собере и доброволен прилог за него би ви била бескрајно благодарна.

Можеби сум себична што најдов време за него да пишам, никој не треба да се остави без внимание, на никој не му е сјајно… меѓутоа ова е чичко Драги, присутен во јавноста веќе 30 години…

Н.Ј.М.


Извор
 
Незнаев во кој подфорум да ја постирам темава мислам дека овој е најсоодветен па нека променат модераторите ако грешам...На фејсбук случајно налетав на еден апел од некоја револтирана читателка која го искажува револтот за однесувањето на институциите и државата кон лицата на која им е потребна помош конкретно во случајов се работи за чичко Драги кој наводно сите го „познаваме“...Прочитајте не е многу ќе ви стане се појасно...
Тука
pricitavme
ama kaj moze da donirame
zosto nema ziro smetka
ili na nekoj od operatorive i sl
 
И јас често се згрозувам кога ќе видам што се случува околу Зелен пазар.
Околу пазарот има многу луѓе кои продаваат на ситно - така наречени „ картон - шоп “. Тие луѓе се перманентно на удар од инспекторите и полицијата, а се работи за сиромачни наши сограѓани
Се работи за многу ситна трговија, а ги казнуваат со огромни казни.
Цел Зелен пазар е опкружен со зони и рампи, а тоа на полицијата не и пречи.
Во написот потресно делува првата решеница:
„ Сакам за жал утрински да го изразам својот револт спрема, да не бидам политички сфатена државата, установите, законите, неетичкото однесување или не знам веќе што се.
Сите бараат политика и се кријат позади политиката. А ова не е политика туку не морал
 
Каде беа на Бит-пазар периодов кога Албанциве се утепаа од продавање петарди без фискални сметки ???? Значи ги мразам политичариве до коска
Не ги заборавај цигарите секој ден што ги продаваат на црно.
 
Не ги заборавај цигарите секој ден што ги продаваат на црно.
Цел Бит-пазар е тампон зона, секоjдневно поминувам од таму .. и што е наjтрагично секогаш има полицаjци од двете страни на булеварот
 
Цел Бит-пазар е тампон зона, секоjдневно поминувам од таму .. и што е наjтрагично секогаш има полицаjци од двете страни на булеварот

На 5 метри од продавачите на петарди пред НГ стои полицаец.. и му викам дај малце понастрана да не ме види одма па да прави проблеми на одење за петардите и ми вика: абе кај смее педерот да ти ги земе, ако проба јас ќе му кажам него :pos:
 
И јас често се згрозувам кога ќе видам што се случува околу Зелен пазар.
Околу пазарот има многу луѓе кои продаваат на ситно - така наречени „ картон - шоп “. Тие луѓе се перманентно на удар од инспекторите и полицијата, а се работи за сиромачни наши сограѓани
Се работи за многу ситна трговија, а ги казнуваат со огромни казни.
Цел Зелен пазар е опкружен со зони и рампи, а тоа на полицијата не и пречи.
Во написот потресно делува првата решеница:
„ Сакам за жал утрински да го изразам својот револт спрема, да не бидам политички сфатена државата, установите, законите, неетичкото однесување или не знам веќе што се.
Сите бараат политика и се кријат позади политиката. А ова не е политика туку не морал

Девојката која го напиша текстот е член на Анима Мунди, кои собираат подолго време пари за човекот и за неговите кучиња.
Од претпазливост веќе се ставени во ситуација да се бранат дека не се никако политички ориентирани како здружение, затоа што нон стоп двете страни им го префрлаат тоа.
Што, морам да признаам, е доста ретардирано.
 
Да не беа Аниме Мунди во целава приказна, ваљда самата приказна немаше да биде доволно kewl.

Па жално е што здружение за животни помага на луѓе. Жално е затоа што има 10 000 можни здруженија за луѓе, владини, невладини, и никој не обрнува внимание. Жално е што се мижи пред голем број на криминалци кои вистински се проблем.
Колку данок ,,затаил,, овој човек? 30 денари? А милионите на поединци кај се?
 
На 5 метри од продавачите на петарди пред НГ стои полицаец.. и му викам дај малце понастрана да не ме види одма па да прави проблеми на одење за петардите и ми вика: абе кај смее педерот да ти ги земе, ако проба јас ќе му кажам него :pos:
Исто ама скроз исто , му викам абе да не ќе ми прави проблеми нешто полицијата , оти стварно на 10 метри од нас беа + со комбе,и вој вика , која полиција бе ако треба сеа ќе им отидам таму ќе им кажам убаво, Иначе штета за човекот,али тоа е Македонија.
 
Душичка човекот, душава и срцево ми се стегнаа кога го прочитав тоа. Остај полицијата, него која е таа мала, патетична и никаква форма на живот која го пријавила? :unsure:
Душава ме боли за вакви трагични човечки судбини, па уште 6000 денари казна еј! Тој 6000 цел месец не заработува...
И што има врска Анима Мунди бре луѓе во приказнава? Ова е една трагична судбина, не може човек да не се потресе од ова што го чита...
 
Ако некој сака да донира:
320920_480368072019436_747208641_n.jpg


Ова е исклучително тажен и тежок случај. Владините копилиња секој ден го гледаат, а сега на ТВ ќе кажат дека не биле запознати со случајот. На човеков му треба работа и куќа. Не му требаат пари, сам сака да си заработи, оти и до сега сам си заработувал. Никој не му помогнал, ама сега ќе се собере некоја багра пред избори да се слика со него и после повторно ќе биде само сенка.

Кога велам владини копилиња мислам на сите глувци кои сме ги ранеле и поеле во изминативе 20 и кусур години.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom