Last Man Standing (Bundesliga)

Член од
23 јануари 2012
Мислења
885
Поени од реакции
912
943183149d1250533636-last-man-standing-event-lastman-standing-logo1-t-shirt.jpg
Се работи за игра во која си бирате еден тим секое коло од германската Бундеслига за кој мислите дека нема шанси да го изгуби натпреварот, поточно би победил или најмалку би одиграл нерешено.​

Лесно? Не толку. Оваа игра има неколку правила кои мораат да се почитуваат и ја прават интересна за играње. Освен бирањето на еден тим за едно коло како што кажав, другите се:​
- Смеете да одберете само еден тим еднаш. Што значи тоа? Тоа значи ако на пример викендов сте убедени дека Хановер нема шанси да загуби, го бирате Хановер. Ако Хановер победи или изгра реми, вие одите во наредното коло каде што не смеете да ја одберете пак таа екипа и ќе бирате една од преостанатите 19 екипи. На почеток, играва изгледа лесна, но интересното доаѓа кога ќе ви останат за избор чопави екипи како Хофенхајм, Фурт , Аугзбург итн. Ако нема победник и по 18 кола, изборот на екипи се рестартира и членовите повторно бираат од нови 18 екипи.
- Се пријавувате и играте до крај. Не се пријавувате ако едноставно не ја апдејтирате секоја недела вашата екипа. Ако во случај заборавите да ја пишете екипата, автоматски излегувате од игра.
FAQ
1. Смеам ли да го одберам Шалке ако некој веќе пред мене го одбрал за колово?
- Да, можете колку луѓе сакате да одберете иста екипа. Само имајте на ум дека само еднаш се бира една екипа. Наредните кола ќе ги играте со некоја од другите 17 екипи. Дали ќе одите на „сигурно“ и ќе започнете веднаш со фаворитите или пак ќе ги оставите големите тимови за подоцна, тоа е сосема ваш избор.
2. До кога смеам да ја пријавам екипата?
Екипите можете да ги изберете се до започнување на првиот натпревар во тековното коло, кој секогаш е во петок во 20:30. Значи кога заврши едно колко, доколу вашиот тим избегнал пораз можете да изберете нареден тим до петок до 20:30


Вие овие правила повеќето ги знаете но не е лошо да се напишат за некои нови кои сакаат да се испробаат во играта, со среќа на сите, и се надевам дека периодот од скоро 3 дена е доволно за сите што сакаат да се пријават и да ја пријават својата екипа. Со среќа (y)
 
На некој не му се чека да завршат овие со Премиер лига :D Ајде јас се пријавувам.
 
На некој не му се чека да завршат овие со Премиер лига :D Ајде јас се пријавувам.
Има многу што испаднаа од Премиер лига ласт мен, а Бундеслигата скоро секогаш е интересна и неизвесна :)
 
Ај што да не . Го бирам Шалке 04
 
Уште од сега ли бираме?
- Мајнц
Па до петок до 20:30 минути треба да изберете тим значи и да се пријавите :) Доколку сакате можеме пријавувањето да го преместиме до Петок до 15:30 но не би било фер за тие што избрале тим што игра во петок и што испаднале, но како сакате :)
 
Ich spreche nicht Deutsch... али се пријавувам у ова и ги бирам Фортуна Дизелдорф.
 
Од кај ти текна да отвориш за Бундеслига а Кумановец од БТ ? :D
--- надополнето: 16 јануари 2013 во 01:23 ---
И јас се пријавувам (многу нормално :icon_lol:) и започнувам со мојот тим, Баерн Минхен.
 
Од кај ти текна да отвориш за Бундеслига а Кумановец од БТ ? :D
--- надополнето: 16 јануари 2013 во 01:23 ---
И јас се пријавувам (многу нормално :icon_lol:) и започнувам со мојот тим, Баерн Минхен.
Па се мислев помеѓу шпанска и германска, а во германска има далеку повеќе изненадувања од шпанската се решив за дојчланд :)
 
Се пријавувам, само не ќе е лошо да ги пишете паровите па да изберам тим, мислам ако не е проблем:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom