Друже како лице од Т- Мобиле ок ти изгледа анкетава па не би приметил член што прв пат те чита дека станува збор за опипување на мислењето на лугево за операторите и нивното знаење во врска со тоа како функционираат.
Како и да е ајде да си напишам што ме мачи со операториве.
Ептен сакам да си земам пост пејд договор со некој оператор и спремен сум месечно да одвојувам по 500 денари за тоа. СЕ УТЕПАВ гледајќи по понудиве моментални на операториве и ми се плаче што уште треба да чекам за добра понуда.
Ке почнеме
Т-Мобиле - понуда 500 денари 1000 минути кон Т-Мобиле 100 мин кон другите оператори и нема СМС Па алооо шефеее луѓето со кој зборам ми се највише на ВИП па на Т- Мобиле па на Оне. Каде со тие 100 минути само Т-Мобиле ли е едини оператор па према нив само да зборам. Многу дрска понуда а за СМС пораките моабет да не праам. Како ке пишувам на братучедите во Шведска и Франција ? Срамота е на фб да им пишувам поздрави за празници од цела фамилија несериозно делува. Мора преку СМС
ОНЕ - Ова ти е оператор кој со свој камен по глава се удри. Ви текнува до неодамна на рекламите со кајче без пари возење или фризер без пари. На рекламите пљукаа по другите оператори со слоганот БЕЗ ФИНТИ а они мнооогу подла финта сакаат да учукаат. Понудата им се вика превртено и за 500 денари добиваш 5000 мин 5000 смс и 5гб интернет. Прв пат коа ја видов стварно се превртив да ви кажам ама коа видов дека Оне убациле финта со 2.5 ден воспоставуванје повик што би значело имаш по 6,5 повика дневно тогаш не да се оладив него и нејкам да ги видам ни да слушнам за нив. Не вртам по 6 пати дневно па да зборам по пола саат. Вртам по 20 пати дневно и зборам по 1-2 минути. Само пред искачање со девојка ми се слушам по 5 пати а кај се другари ?
Згора на се ова и телефонот што го сакам HTC - Desire C во Т-Мобиле е 1450 на понудата погоре спомната а тука е 7000 ма даај....
ВИП - на крај доаѓа ВИП операторот со кој имам ужасно искуство дур работев на прошлото работно место. На продажба на терен работев па нон стоп бевме со телефони да се слушаме со клиентите, впрочем сите агенти си имавме свој телефон службен со бројче на ВИП. FUCKING HELL ми е искуството со мрежата на ВИП ( ако воопшто има мрежа тој оператор). Во ГТЦ доле на паркинг нема мрежа, на приземје, во Рамсотр на паркинг нема, во City Mall доле нема, низ канцеларија немаше, во старине згради руски низ капрош со зидови дебели немаше мрежа. А кога имаше мрежа и кога ке се чуеш со некој тогаш почиња да сецка да се гаси и слично... Понуата на ВИП гласи 600 денари 1000 мин кон сите оператори 1000 СМС и 100 МБ интернет. Интернетот бил наводно неограничен но ти се спушта брзина после 100 мб. Со претходново искуство на мрежава не би ја земал оваа понуда а и би сакал да знам на кој основ па е 600 денара а не 500 како другиве ? Можеби затоа што е најквалитетен оператор ? Хахах А и телефоните им се ултра скапи поскапи и од ОНЕ така да ВИП би земал МОЖЕБИ коа би ја напраиле 250- 300 денара истава понуда for the sake of lulz само.
Тоа е моето видување на моменталните понуди на операториве и така тажно си продолжувам да чекам или некоја стварно добра понуда или барем таа од Т-Мобиле да ја напрааt барем 300-400 мин кон другите мрежи па ако треба нека намалат 1000те мин кон Т-Мобиле и да стаат барем некои 30тина СМС порачиња.
Just my 2 cents ПоздраФФФ
--- надополнето: 9 јануари 2013 во 23:35 ---
тест edit