Work and Travel - Германија

  • Креатор на темата Креатор на темата Dev!L!sH
  • Време на започнување Време на започнување
Zdravo dobiv dogovor za mcdonald's vo germanija za 1 god , nekoe iskustvo vo McDonalds vo vrska so plata bruto-netto? Kolkava danok bi trebelo da plakas?

Ако земаш плата 1450е бруто колку што обично е за тие работни места, ќе ти одбиваат околу 380 евра месечно за даноци и осигурувања.
 
знае некој каква кредитна/банкарска картичка треба за да може работодавецот да ми плаќа и зема пари од сметка ?
 
Здраво дечки , имам еден проблем па сакав да побарам ваш совет. Јас сум веќе во Германија. Аплицирав во Венера Кемаловски за работа во Бургер Кинг и не ми стигна на време работната дозвола. Јас се одлучив на дојдам тука за да не ми пропадне картата, закажаните термини и слично, и тука да ја чекам работната дозвола што Венера рече дека не е проблем. Денес почнав со работа иако и кажав на менаџерката дека немам работна дозвола ( рече тоа не било проблем ).Потпишав и работен договор ,се куцнав кога почнав ,се како што треба. Ама некако ми е сомнително дека можам без работна дозвола да работам , да не испадне на крај ни плата да не земам.Што мислите да направам , да им пишувам на ЦАВ или да ја оставам вака работава?
 
Ни на крај памет не аплицирајте за работа во странство преку агенцијата ВЕНЕРА КЕМАЛОВСКИ. Се работи за тешки измамници и криминалци. Ќе те лажат цело време и нема да ти завршат работа. Освен што се измамници и може да завршиш без работна дозвола (или ако ти излезе работната дозвола, тогаш ќе те извисат и ќе останеш без сместување), се работи и за криминалци за кои веќе има докази за незаконско работење.

венера.png
https://www.facebook.com/rocovskib/posts/1412791202146628
 
Преку која агенција е најдобро да се аплицира за студентска работа за лето 2019?
 
Дали некој знае како се враќа данокот од студенската работа во Германија ? Знам дека секоја година вадат документ наново и за секоја сојузна држава е различно, но не знам ништо друго. Поздрав
 
Вака имам познаник кој поседува ресторант во Германија ама тој претходно немал студенти од други земји како вработени и ниту јас ниту тој не знае како одат работите па сакав да прашам што се од долументи треба да средам за да можам да работам?? Дали само работен договор од него на кој ќе има печат од ЗАВ или и нешто друго треба да средам??
 
Здраво. Пробав да го најдам документот од ЗАВ за 2018 година во пдф формат, ама не можам да го најдам отклучен - да можам да го пополнувам. Работодавецот веќе ми испрати еден ЗАВ документ, ама тој исто така не можам да го пополнувам. Мора прво да се испечати, па да се пополни. Е сега дали може да се пополни со пенкало или не ? Ако знае некој од вас, ако може нека постира тука линк до отворен ЗАВ документ. Благодарам многу
 
Здраво, пак јас :D . Се среди работата со документот, успеав да го пополнам и испечатам, но од факултет не сакаат да ми го потпишат затоа што сум запишан како вонреден студент. Инаку сум запишан на педагошка доквалификација на педагошки факултет во Битола и сите кои сме запишани се водиме како вонредни студенти. Со само еден семестар завршуваме и од факултетот ми рекоа дека ова не е студирање, туку се смета како некој курс кој трае само еден семестар и не ми го потпишуваат. А мене не чуди затоа што сум платил пари како за запишување на семестар најнормално, имам настава од неколку предмети, треба да полагам испити по истите предмети, се се одвива во установа наменета за формално образование, имам индекс, добивам диплома и др. А веќе имам договор за работа за во Германија само треба да го потпишам и да им го пратам.

Дали некој бил во ваква ситуација ? Не знам што да правам. Ќе им пратам еден емаил и на министерството за образование, веќе им пратив на германската амбасада во Скопје.

Дали смеат вака или не ?

Благодарам

П.с. Колку време трае аплицирањето за виза во случај да не можам да поминам со ZAV документ ?
 
Здраво

Ми стигна дозвола за студенска работа во Германија од ЗАВ, ама се случи нешто интересно.
Јас аплицирав за работа од 15.06. до 08.09, а тие ми дадоа дозвола за работа од 01.08 до 08.09. Прашав некои луѓе, ми рекоа дека тоа е поради тоа што минатата година исто бев Германија и почнав со работа од 01.08. Дали има некој искуство со ова ? Пример, другар ми исто минатата година работеше со мене од август до средина на октомври, а кај него се е во ред - тој треба да почне со работа на 15 јуни.

Поздрав
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom