Краток историјат за новогодишната прослава

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Краток историјат за новогодишната прослава

4768236.jpg
Прославувањето на новата година како што денес се слави не е некоја новина туку потекнува уште од стариот Вавилон, а неговите почетоци се регистрирани околу 2000 години пред Христовото раѓање. Во Светото Писмо на ниту едно место не се заповеда празнување на таков празник, ниту Адам славел, ниту некој од старозаветните патријарси, ниту пак Мојсеј или некој од неговите следбеници.
Што всушност претставува славењето на нова година и од каде дошло празнувањето на еден пагански празник во православието? Овој ден особено го празнувале старите римјани како ден посветен на богот Сатурн, а го славеле со прејадување, опивање, оргирање и како врв на избезуменоста во чест на Сатурн жртвопринесувале човечки жртви, по што целата прослава завршувала.
Овој ден кај православните почнал да се слави во текот на IV век за време на владеењето на царот Константин кој иако дал потполна слобода на Христијанството што придонело тоа слободно да се шири помеѓу римјаните, сепак тие многу тешко се одвикнувале од славењето на овој „празник“, со други зборови станале христијани но не се откажале од славењето на Сатурн. Во почетокот Црквата го забранувала празнувањето, но за жал никогаш не било до крај искоренето.
Најлошото во целата приказна е тоа што ние Православните христијани одиме чекор понапред од самите пагани. Наместо да се подготвуваме за достојно прославување на Рождеството Христово, ние живееме во период на лажна еуфорија, која претставува една опасна демонска замка со цел целото внимание да ни биде насочено кон нешто што воопшто не ни е потребно за спасение на душата, туку многу полошо - губење на истата. Целата енергија која треба да ја усмериме кон пост, размислување, покајание, молитва ние ја заменуваме со организација за неколку часа угодување на демонот. На сите ни е јасно што се случуваа на таа „незаборавна“ вечер (до душа голема вистина е дека е незаборавна бидејќи Бог ќе си спомне за неа кога ќе застанеме на Страшниот суд), се случува пијанство, прејадување, блудствување, па дури и физичко пресметување. Ако нашите зборови ги сметате за лажни слободно на 01.01 гледајте вести и ќе се уверите, а добро ни е познато дека овој период е време на пост во кој треба да се воздржуваме од сите пороци.
Со други зборови оваа вечер претставува еден своевиден тест за човекот за тоа кој ќе избере - Бога или Мамона!? Доколку сме вистински Христови следбеници нема да имаме проблем околу изборот, но доколку избереме прослава на некоја искомерцијализирана вечер, треба да размислиме што правиме, кому служиме и дали сме вистински христијани?
За крај само би рекол: Подобро без веселба во денот од новата година, отколку во Осмиот ден!
ѓакон Димитар Арсовски

http://bogopodobie.weebly.com/index.html
.
 
Прекинав да читам после „Најлошото во целата приказна е тоа што ние Православните христијани одиме чекор понапред од самите пагани.“...

Коj како сака нека си jа слави новата година а ѓаконот нека си гледа за себе и ако сака нека гладува цела вечер.
 
Кај да гледаш сите еден до друг експерти ццц.
Нова Година е одбележување на изминатата година и кај има зачетоци не знам, но нема никаква врска со паганството(поентата ми е Нова Година не е религиозен празник туку се одбележува времето кое поминало).
Личен избор е на секој поединец како ќе ја помине новогодишната вечер.
Многу нормално дека на вести се кажува за лошите случки тие најбрзо се шират, а никој не сака да знае ако сте поминале убаво тоа е еве да речеме народски кажано досадно.

Претерување со пиење, јадење итн се случува со некој ден едноставно традиција им е на медиумиве за НГ да потенцираат дека се полошо станува.

Веќе преку долниов ми е од вакви "ЕКСПЕРТИ" (n)
 
Краток историјат за новогодишната прослава


4768236.jpg

Прославувањето на новата година како што денес се слави не е некоја новина туку потекнува уште од стариот Вавилон, а неговите почетоци се регистрирани околу 2000 години пред Христовото раѓање. Во Светото Писмо на ниту едно место не се заповеда празнување на таков празник, ниту Адам славел, ниту некој од старозаветните патријарси, ниту пак Мојсеј или некој од неговите следбеници.
Што всушност претставува славењето на нова година и од каде дошло празнувањето на еден пагански празник во православието? Овој ден особено го празнувале старите римјани како ден посветен на богот Сатурн, а го славеле со прејадување, опивање, оргирање и како врв на избезуменоста во чест на Сатурн жртвопринесувале човечки жртви, по што целата прослава завршувала.
Овој ден кај православните почнал да се слави во текот на IV век за време на владеењето на царот Константин кој иако дал потполна слобода на Христијанството што придонело тоа слободно да се шири помеѓу римјаните, сепак тие многу тешко се одвикнувале од славењето на овој „празник“, со други зборови станале христијани но не се откажале од славењето на Сатурн. Во почетокот Црквата го забранувала празнувањето, но за жал никогаш не било до крај искоренето.
Најлошото во целата приказна е тоа што ние Православните христијани одиме чекор понапред од самите пагани. Наместо да се подготвуваме за достојно прославување на Рождеството Христово, ние живееме во период на лажна еуфорија, која претставува една опасна демонска замка со цел целото внимание да ни биде насочено кон нешто што воопшто не ни е потребно за спасение на душата, туку многу полошо - губење на истата. Целата енергија која треба да ја усмериме кон пост, размислување, покајание, молитва ние ја заменуваме со организација за неколку часа угодување на демонот. На сите ни е јасно што се случуваа на таа „незаборавна“ вечер (до душа голема вистина е дека е незаборавна бидејќи Бог ќе си спомне за неа кога ќе застанеме на Страшниот суд), се случува пијанство, прејадување, блудствување, па дури и физичко пресметување. Ако нашите зборови ги сметате за лажни слободно на 01.01 гледајте вести и ќе се уверите, а добро ни е познато дека овој период е време на пост во кој треба да се воздржуваме од сите пороци.

Со други зборови оваа вечер претставува еден своевиден тест за човекот за тоа кој ќе избере - Бога или Мамона!? Доколку сме вистински Христови следбеници нема да имаме проблем околу изборот, но доколку избереме прослава на некоја искомерцијализирана вечер, треба да размислиме што правиме, кому служиме и дали сме вистински христијани?

За крај само би рекол: Подобро без веселба во денот од новата година, отколку во Осмиот ден!
ѓакон Димитар Арсовски


http://bogopodobie.weebly.com/index.html
.

Прекрасно согледување! (y)
 
На Википедија има за славењето Нова година:
http://mk.wikipedia.org/wiki/Нова_Година
Старите Римјани новата година ја славеле на 1 март така не е основано повзувањето со Божиќ и Сатурналиите
 
Јас иако сум Православен Христијанин не се согласувам ама со баш ништо во текстов.

Нова Година нема никаква поврзаност со било каква религија и паганизмот.

Повеќе паганизам има во самото Православие отколку надвор од него.

Се обидувам што повеќе да го препознаам и да се дистанцирам од паганизмот ама славењето Нова Година не треба да се меша со Христијанството или со каква било друга религија !
 
На 1-ви Јануари во Византија се славел празникот “Sollis invictus“, односно “Непобедивото Сонце“, бидејќи од тој ден сонцето се поместува на небото за еден степен и растот на денот станува видлив. Тоа значи дека Сонцето, светлината извојувало победа над мракот и започнува нов годишен циклус, еден полн круг на растење на денот, издигање на сонцето се до постепено намалување на денот и “опаѓање“ на Сонцето се до 22 Декември кога денот е најкус и се чини дека Сонцето ја изгубило битката со мракот. Неколку дена не се знае “победникот“ се додека на 25 Декември нема одредено поместување во корист на Сонцето, на светлината.

Затоа и Божик е поставен за празник на 25 Декември, затоа што раѓањето Христово симболички ја најавува победата на светлината над темнината (“Синовите на светлината“ над “Синовите на темнината“) и почетокот на Новото Доба, на новата Ера, Ера на доброто, ера на љубовта и сл... (Од истите причини и неговото раѓање се става пред 2 000 години, на самиот почеток на “Ерата на Риби“ - затоа и рибината симболика е толку присутна во Светото Писмо, дури и на сликите од Тајната Вечера на софрата е прикажан хороскопскиот знак за риби...)

Дури се говори и дека наместо крст, на Константин пред битката кај Милвиевиот мост му се прикажало сонцето како знак (македонското шеснаесеткрако - кое како симбол на македонската војска сеуште било страв и трепет) што треба да го носи пред себе доколку сака да победи, но подоцна, христијаните тоа предание го извитопериле во предание дека знакот бил знак на крстот (и доколку се работело навистина за крст, изгледот на тој крст е ставен под знак на прашање, поради тоа што се претпоставува дека тоа била свастиката, кукастиот крст, кој сепак нема врска со Христијанството...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom