Изгубено палто во клуб/дискотека

ако ништо друго можеш секаде да кажуваш и да им направиш антиреклама ...
 
Значи овие од к-15 се цареви !!!
Баш пред некоја недела глеав на алфа ист ваков скеч, тошо иде го дава палтото на чување, се враќа после и му викаат гардеробата работи пример до 4 а он у 6 иде и му вика некој друг ти го земал палтото. Значи цареви се !!!

Он топик, многу глупа ситуација ем им плаќаш ем без палто остануваш...
Еве членот погоре ти кажа од правна гледна точка како стоиш, ама незнам колку ќе ти се исплати да ги тужиш (барем ја не мислам дека ќе има некоја корист)...

Можеш да го најдеш скечот на Јутјуб и да ми го пратиш?
--- надополнето: 2 јануари 2013 во 12:43 ---
ако ништо друго можеш секаде да кажуваш и да им направиш антиреклама ...

Џабе е колку да им прави антиреклама, овој народ пак ќе оди таму... :pos::pos: Не му доаѓа памет.
 
Можеш да го најдеш скечот на Јутјуб и да ми го пратиш?
--- надополнето: 2 јануари 2013 во 12:43 ---


Џабе е колку да им прави антиреклама, овој народ пак ќе оди таму... :pos::pos: Не му доаѓа памет.
Изволте, од 3та минута па натаму почнува слична ваква ситуација
 
Исто на мене ми се има случено, ама само јас имав такво палто во градот (бело како на Еминем на спотот од Стен - јас прв го имав! :D ), си поаѓам и ми вика дечкото го нема, му влегувам таму гледам под шанкот си го спакувал во оние црните кеси од Бит Пазар... После малку „убедување“ си го зедов палтото и му го облеков кесето, па си тргнав.
 
ако ништо друго можеш секаде да кажуваш и да им направиш антиреклама ...
Која црна антиреклама бе, единствена дискотека е у градов, сакал - нејќел човек мора таму да оди, нема каде на друго место.
 
вчера ова на другар ми му се случи.(одма ми текна на темава :icon_mrgr:)
ги оставивме сите палтата (и од женски и од машки) едно до друго, а не расфрлани кој лево кој десно. сабајле крај 3.30 (некаде пред 4.00 ч.) одиме, сите прилично одма си ги најдовме освен еден. ајде го баравме пола саат палтото никаде, а палта имаше еден куп. ги прашувавме вработените никој ништо не видел, ни викаа тука видете си.
не можеше да го најде (во гужвите, а можеби и некој по грешка си го земал) се изнервира и го грабна првото што му излезе пред очи. го проба виде му чини, слично на неговото, и си заминавме.
 
оставајте ги ко сте будали, абе се знај на столица или на маса :D
 
Се е така убаво исплеткано ... ако на некој му снема палто си го зема тоа што му се свиѓа ,по случаен избор го зема твоето палто ти гледаш дека ти го нема бараш бараш или оставаш и си одиш без палто или зимаш на друг и истото продолжува натаму :)
Во Импакт имам прочитав на фејсбук страната пред месец и нешто имаше пријавено дека е изгубено,сменето или украдено кафено кожно палто па којзнае дали го нашле ... сеедно треба подобра организација за гардеробата сепак во тие палта освен што вредат некој си оставаат и лични документи ..
Зависно од дискотеката и како стигам до неа ретко оставам палто во гардероба посигурно е кога го имам на видик ..
 
Еј многу сум параноична кога се работи за палтата во дискотеки. Од секогаш сум се плашела така кога ќе оставам палто подалеку од мене, само на него мислам. :D Најчесто со себе си го носам, но некогаш е морално да го оставиш. Досега не ми се случило да ми украдат (пу пу да не се урочам) ама знам на мои блиски им ги имаат украдено.
Гадна и многу зачестена работа е ова крадењево на палта.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom