@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
Се снима филм на архаичен кукушки говор
Филмот е во жанрот документарна фикција, а приказната е пишувана според изјави на бегалци од Егејска Македонија од градот Кукуш во 1913 година. Дејствието на филмот се одвива во Македонија, Белгија и Грција
Филмот "Беше еднаш во Македонија" во кој ќе се зборува на архаичен кукушки говор започна да се снима во режија на Јани Бојаџи. Филмот е во жанрот документарна фикција, а приказната е пишувана според изјави на бегалци од Егејска Македонија од градот Кукуш во 1913 година.
"Дејствието на филмот се одвива во Македонија, Белгија и Грција и во суштина е криминалистичка драма која се случува за време на потерата што двајца службеници на Европол и Трибуналот за воени злосторства од бивша Југославија ја организираат заради приведување на Емануил Ќелешов, обвинет за тероризам. Сценариото е адаптирано според театарската претстава "Змеј Горјанин", финансирана од Министерството за култура на Македонија", се вели во дописот до медиуми.
Филмот "Беше еднаш во Македонија" е независна продукција, поддржан е од локален културен фонд, со поддршка на "КСБ" од Бугарија и "Глобал Медија" од Македонија. Филмот ќе се снима на супер 16 мм технологија, а целата постпродукција ќе се работи во студиото на "КСБ".
Продуценти на филмот "Беше еднаш во Македонија" се Миле Милановиќ и Димитар Мицев. Во филмот чиј кастинг се уште не е затворен улогите ги играат Васил Михаил, Марина Попанкова, Стојан Велков, Ванчо Крстевски и Тинка Ристевска и други. Кинематографер е Наум Доксевски, а сценарист и режисер е Јани Бојаџи.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=AB0BFA4DF9E2234783D8887679BE01E2
.