Која е цената на патарини и такси од Скопје до Виена со автомобил?

  • Креатор на темата Креатор на темата bungee
  • Време на започнување Време на започнување

bungee

Jedi Master
Член од
2 декември 2005
Мислења
75
Поени од реакции
67
Локација
Скопје
Здраво,

Сакам зимава со девојка ми со автомобил да отидеме до Виена од Скопје. Па би ме интересирало дали некој од тука бил до таму со кола и ако бил ако може да ми каже колку ќе чини патот (без бензинот) за да видам дали се исплати да патувам со кола или да барам друг начин на превоз? :)
 
Сеа и ти бараш игла во пласт сено.Знам дека до Братислава беше скапо за наш стандард(пред едно 3-4години беше тоа).А Виена е тука некаде.Иначе убава дестинација си одбрал;)
 
Ниш - Белград: 10,50 ЕУР
Нови Сад - Суботица: 4 ЕУР
Вињета Унгарија: 10 ЕУР
Вињета Австрија: 8 ЕУР

Вака од прилика се ценитe мислам
 
Ниш - Белград: 10,50 ЕУР
Нови Сад - Суботица: 4 ЕУР
Вињета Унгарија: 10 ЕУР
Вињета Австрија: 8 ЕУР

Вака од прилика се ценита мислам

фала за одговорот ;)
 
Ниш - Белград: 10,50 ЕУР
Нови Сад - Суботица: 4 ЕУР
Вињета Унгарија: 10 ЕУР
Вињета Австрија: 8 ЕУР

Вака од прилика се ценита мислам

На српската граница да си сменеш динари. Иначе лажат со курсо по наплатните рампи.
У Унгарија не ставај нафта со евра, смени си на граница исто Форинти, иначе ќе те одерат. Плаќај ако можеш со кредитна карта.
 
Здраво,

Сакам зимава со девојка ми со автомобил да отидеме до Виена од Скопје. Па би ме интересирало дали некој од тука бил до таму со кола и ако бил ако може да ми каже колку ќе чини патот (без бензинот) за да видам дали се исплати да патувам со кола или да барам друг начин на превоз? :)

Оди си со авион од Солун или Приштина. Поефтино и подобро ти е.
 
На српската граница да си сменеш динари. Иначе лажат со курсо по наплатните рампи.
У Унгарија не ставај нафта со евра, смени си на граница исто Форинти, иначе ќе те одерат. Плаќај ако можеш со кредитна карта.
Ја су немал проблеми досега, али само на ОМВ или МОЛ ставав бензин. По патаринине цените ги пишува и во ЕУР али секако пред одејне најдобро да видиш како е курсот на динарот и форинтот.
 
Здраво,

Сакам зимава со девојка ми со автомобил да отидеме до Виена од Скопје. Па би ме интересирало дали некој од тука бил до таму со кола и ако бил ако може да ми каже колку ќе чини патот (без бензинот) за да видам дали се исплати да патувам со кола или да барам друг начин на превоз? :)

Со кола ти е 1100 километра у еден правец. Пази се од камери у Унгарија и Австрија. Казните са од 100 евра на горе. Налепница МК одзади на кола обавезно, оти 50 евра е казната ако немаш. На задните седишта ако има патници, каиши обавезно, казната 50 евра. Возеш и преку дено со светла.

Винјета за Унгарија може и преку телефон да си купеш. Ако купуваш од бензинска ќе му кажеш Матрица. Ќе те разберат гулашојадците. Пази се пред будимпешта, чекат некој наш да му се закачат ниините полицајци.

И убаво да си искараш, лани беех ного беше арно.
--- надополнето: 25 декември 2012 во 13:55 ---
Ја су немал проблеми досега, али само на ОМВ или МОЛ ставав бензин. По патаринине цените ги пишува и во ЕУР али секако пред одејне најдобро да видиш како е курсот на динарот и форинтот.
На мене еден за 20 евра 8 литра нафта ми стави сега летото на Гијор, и избега мамето негово... Толко се беех изнервирал, и сега коа патувам натам, Пунам на ОМВ или Шел на Австриска граница, и имам нафта до Куманово ако не возам брзо. Ако возам побрзо, ОМВ Ниш за 20-30 евра у динари, и та до дома...
 
На српската граница да си сменеш динари. Иначе лажат со курсо по наплатните рампи.
Хм. За патарините не е проблем. Ќе заштедиш 2 евра. На толкав пат та биле та не биле.
Поголем проблем се разно разни продавачи на бензинските со нивните стандард финти. Демек не им работи апаратот за кредитни картички, па не примале евра, па примале ама немале ситно за кусур па ово па оно, рачунаат по сумливи курсови и придодаваат на сметката, па некои сумливи типови ти се мотаат околу кола итн...Накратко на бензиските треба да припази човек на каква бензиска застанува за да не му го расипат денот некои кромањонци.
 
Мислам дека ти е подобра опција со авион, освен ако не си некој мераклија да возиш многу.
Имаш преку Приштина нискобуџетни летови до Виена и ќе те чини скоро исто како со автомобил.
 
Може и така. Има метро дирекно те носе од аеродром на Шјонбрун, КарлсПлац, или Главна Железничка... Зимаш си за 12-3 евра билет за 3 дена у Централно градско подрачје и сегде си се возеш со метрото. Чисто, брзо, нема гужви, секојпат на време. Малко е кнап со паркирајне у Виена, па требе да тераш ПаркХаус од ден дека шо се плаќа. Иначе знам еден 3 евра за 24 саата е. Одма е до метро станица, и од паркинг на метро и за 5 минути си у Центаро.
 
Епа ако можеш да ми кажеш адреса или некоја информација за тоа како да го најдам тој паркинг би ти бил благодарен ;)
 
Имаш среќа оти иам доста добра меморија. Местото се вика Хјутелдорф, и до него има дирекно метро станица Хјутелдорф шо е у централно градско подрачје (зимаш си билет за метро за 3 дена за некакви 12-3 евра и се возеш кога сакаш и колку сакаш), и дирекно со метро одеш до Хајлигенштад/,Карлплац(Огромнио Руски споменик на Победата ти е одма од друга страна на катедралата на Карлсплац, Шјонбрун (летните дворци на кралското семејство)... Од Хајлигенштад со метро и на 2 станици ти е Виенското Тркало, па на плоштадите околу главната катедрала има групни бесплатни лекции за како да се игра валцер, итн. итн.

Ја и линкче од паркинго. Там на блиското има хотели, кои со релативно прифатливи цени.
http://www.parkeninwien.at/garage-3-245.html
 
Па ако е во центарот,нема да му треба многу метро или друг превоз,може пеш да ги прошета сите што се тука,1 ден нека го помине во тоа,лесно е,всушност како круг му доаѓа и пак ќе се вратиш од таму каде што си тргнал....има и мапи ефтини беа.....до шенбрун може да искористе превоз само,пратер (тркалото мислам е малце по настрана мада и тоа е тука во центарот).Исто и паркот на Johan Strauss е околу 1 час пешачење од центарот (може и по малце).

Препорака од мене,шетај ја пеш виена,сигурно ќе останеш 2-3 дена нај малце,доволно се да видиш и обавезно захер торта и кафе виенско (што е до мене ништо посебно ама не е на одмет),исто така кубасите им се одлични :D
 
Natamu navamu edno 300 evra ti se vo krpa vrzani,plus tamu za parkinzi i slični stranja. Ima i mesta malku podaleku od centar kade sto može i besplatno da parkiraš,pa posle so metro. Inače sve e užasno skapo,i javniot transport,i smeštaj,hranata po restorani,slatkari,pekari itn e ogin,mislam deka poskap grad ne sum videl. Ako si meraklija na srednovekovna arhitektura ke ti bide interesno,stvarno ima što da se vidi,inace za moj poim ništo posebno. Za izlaganje navecer ni 100e po covek ne te krpat,i toa gladen i žeden ke ostaneš.
:D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom