Ти шо си мислеше ? Дека само ти имаш нешто да кажеш
Секако дека немам само јас нешто да кажам. но не влагам како кочијаш во нечие мислење. Ако сакаш да дебатираме цивилизирано повели.
Google Now јас го користам ептен многу дури и во Македонија. Само немаш информации за сообраќај и јавен превоз (немаме метро, подземни железници итн). Моментално сум во Германија и е ептен добра алатка. Ми кажува следен воз, кога да излезам за да не доцнам некаде, бидејќи е супер интегрирано со Google Calendar. (секако дека треба да ги ставаш адресите каде што имаш обврски, за да знае каде одиш). Кога си во близина на некоја знаменитост ти дава инстант информации, што да видиш, колку чини карта и останато.
Минатиот викенд бев во Брно,веднаш ти вади пред очи конвертер за пари, преведувач. Знам дека лесно можеш да користиш посебна апликација, но вака го имаш скоцкано се пред тебе, на еден поглед.
За спорт исто така е доста добро, гледа што гуглаш за кој тим, и ти дава последна текма, новости и слично.
А за photo sphere апликација те молам пушти ми линк, не сум сретнал. Сум видел само панорама апликации
Во 4.2 системски е интегрираноаswype-like тастатурата. Пред тоа ја користев Swype апликацијата, и морам да кажам дека native решението е пооптимизирано. Искрено верувам дека секој што ќе проба да пишува така, никогаш повеќе нема да сака да типка една по една буква. Е сега јас секојдневно пишувам на германски и англиски, за македонски нема поддршка сеуште, една маана е тоа.
Expandable notifications се супер работа, не мораш да влагаш in app за да ја добиеш целосната информација. Lock screen виџетите исто се ептен топ ствар.
Прифаќам дека можеби на некои им се допаѓаат скиновите од Самсунг ХТЦ и остали. Јас лично сум екстра задоволен од пристапот на Гугл. На пример последниот апдејт на Google Currents и на G+ апликациите се прекрасно изведени, со cards-like интерфејс, дело нa Matias Duarte.
То еаch his own другар.