Потенок, полесен iPad 5 пристигнува во Март 2013?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848
Локација
Скопје
Јапонскиот блог Macotakara објави дека во Март 2013 би можело да биде претставен новиот редизајниран iPad.
4e5bb-ipad5-photo.jpg

Apple само што ја претстави четвртата генерација на iPad пред околу 2 месеци, па доколку овие гласини за новиот iPad се вистинити, растојанието помеѓу iPad 4 и iPad 5 ќе биде само 5 месеци. Дизајнот на новиот iPad ќе биде инспириран од iPad mini, ќе биде потенок и доста полесен.
Претходно сајтот DigiTimes исто така објавуваше дека новиот iPad ќе пристигне во Март 2013, но заедно со iPad mini, па овие гласини не се покажаа како толку точни.
Јапонскиот сајт пак досега неколкупати се покажа како доста прецизен со предвидувањето на овогодинешните iPod nano и iPod touch. Сепак, останува само да почекаме неколку месеци и да видиме какви планови има Apple за новиот iPad 5.

Сега па секој месец вадат уреди. Добро им беше додека беше меѓу живите Стив Џобс, а сега каша попара направија.

Што мислите вие за ова?
 
Добро, ни еден од купувачите на вакви епл продукти не се осеќа ко да го ребраат?

Неможеш да убедиш епл фанбој дека го ребраат.
На 4 месеци им вадат "нови" работи.
 
Ова е само concept, такви има колку сакаш по нет, од целосно стаклени телефони, до холографски екрани.

Второ, си најдоа овци за стрижење, 2-3 пати во годината ќе стават 10-тина нови софтверски апдејти, ќе залепат Ѕ позади и ете ги зомбијата, ќе се подадат во тепачка кој попрв да ги даде своите тешко заработени пари за апарат кој функциите ги извршува со еднаква ефикасност како и претходниот - никаква.

Ама па што има да се лутиме на Епл, тие открија начин за лесен профит и си го користат. Не се тие криви што нивните клиенти се неспособни да мислат со своја глава. И јас да бев епл, ќе го правев истото.
 
Ќе ми се најде во кујна. Има и multidice опција xD
 
таков ќе биде да, само бел или црн и ист како предходниот.
 
Што сте се попалиле толку, па ајфонот и ајподот немаат којзнае каков дизајн, всушност дизајнот им е ептен прост. Ако мене нешто ми се допаѓа во овие уреди, тогаш тоа би биле опциите кои овие уреди ги нудат. Амбалажата и не им е нешто посебно, јас ги гледам како правоаголнести плочки со заоблени рабови ништо друго. Од вкупната цена на производот ни 5% не оди во амбалажата, пошто формата и материјалот е ефтин за изработка.
 
Сумњам дека и хардверски ќе има нешто ново..
Некоја грешка поправена и можда боља батерија и камера. Толку.
Тешко дека нов процесор ќе стават.
 
Џабе, без Стив Џобс се ко кокошка без глава. Ќе вадат само продукти на кои главни карактеристики и „подобрувања“ ќе им се ПОТЕНОК, ПОБРЗ, СО РЕТИНА ДИСПЛЕЈ...... и ништо друго.
Ама ги оправдувам. Имаат мрднати фаци што купуваат се што има гризнато јаболче, без разлика дали знаат да го користат, дали им треба, за што ќе им треба...... Паметно од нивна страна, смени 0.1%, добиј профит 9263817638217361%.
 
И јас би го правел истото, не ги обвинувам. Би зел ајпад пример 4-ка кога ќе излезе 5-ка не. Фановите на епл земаат 1,2,3,4,5 ајпад. 1,2,3,4,5 ајфон , 1,2,3,4,5,6 ипод 1,2,3,4,5, мац и тако дајле :pos:.

Нека ваќааат колку што можат повеќе убаво е да се има конкуренција на пазарот тоа е подобро за нас корисниците. Иначе горе сликата е фејк и нема да изгледа така. Како прво е грд на сликата, како второ е правена од некој од основно.
 
Ќе изгледа комплетно исто како претходниот, ќе има 1-2 нови (џабе патот) апликации, потенок за 0.00001 mm.... и толку. Може уште нешто ептен апла небитно, ама ќе се распродаде пред да излезе од фабрика.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom