Вашиот прв допир со компјутерите

  • Креатор на темата Креатор на темата ¯\_(ツ)_/¯
  • Време на започнување Време на започнување
Пентиум не знам кој, 2000 и втора, трета година. ОД А-Ем-Це. Чекав 30 дена да ми го донесат. Кошташе 1000 евра.
Играв пејнт, дијал ап интернет користев малце, она пинболот или како и да се викаше. Играв и игрици, Макс Пејнс, Ејџ оф Емпарјс, Ред Алерт, Кол оф Дјути, Медал оф Онор...

Имаше и една песна зачувано на на компјутерот (не знам од каде)... тоа ми беше и првата рап песна што ја чув.

 
Прв контакт со Пентиум 4 :vozbud: , а имав 7-8 години.
Баш ми е жал што никогаш не сум имала контакт со commodore:(:jeeee:
 
Бо 1985 двајца студенти што студираа во Загреб, донесоа кај нас дома Спецтрум 48. Тоа беше делириум, па фалење во школо :D . Наредната година татко ми ни донесе Комодоре 16 од Германија (замисли послабо од Комодоре 64 :LOL:), и другарите од клас љубоморни , демек ти не треба да ги решаваш домашните, компјутерот се ти решава. 1989 ни дојде од Германија Атари 1040ст, врв, тоа беше дури појако од Комодоре Амига 500...ех, времиња :love:
 
Ние имаме компјутер дома уште од раните 90ти, ама служеше за работа. Старите беа новинари и на него пишуваа новинарски текстови. Бавен до смртта и назад.

Кога го добив мојот прв компјутер, првото нешто што го напишав на нет беше: filmovi bez virusi. :/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom