NiTr0
ГЛИЦЕРИН
- Член од
- 4 април 2006
- Мислења
- 467
- Поени од реакции
- 4
- Возраст
- 51
Ве молам сите кои се разбираат во проблемот што денес ми настана, да ми помогнат, бидејки се работи за PC-то на работа каде имам важни документи, кои ми се потребни за тековната работа:
Креирајки подфолдер и одкога ги ставив фајловите што сакав да бидат во него, ми се случи чудна работа! Имено, после тоа во фолдерот каде беше креиран подфолдерот, ми исчезнаа речиси сите други фолдери и останаа само 2. Останатите се пак тука но се „невидливи“ и ако ја пишам адресата од „исчезнатиот“ фолдер, си го отвора фолдерот со сите документи во него. Ова и не би било толку страшно доколку би ги паметел точните имиња на сите фолдери што исчезнаа, ќе им барав некое чаре, но сега не знам колку точно и кој фолдери ми се изгубени. А такви ги има најмалку 20-на!
Порано ми се случи еден сличен проблем, но на еден фолдер, само што таму се работеше за друго. Фолдерот како таков постоеше, но содржините во него не ги даваше, кажуваше 0Мб (празен фолдер). Доколку снимев некој документ во него, тој ќе се снимеше, но по излегување и влегување пак во фолдерот - ништо, празен фолдер. Пробувајки пак да го снимам истиот документ, ми јавуваше порака „дека тој документ веќе постои, дали сакате да го замените со новиот“.
Сакам да ви кажам дека кога ми настана првиот проблем со едниот фолдер, откажа виндоусот и потоа го инсталирав наново, со форматирање на системскиот диск. Но фолдерот пак остана како “црна дупка“ - ставаш фајлови во него, а пак ги нема.
Со антивирус и други програми против штетници сум пробал, но ништо не наоѓаат!
Не знам дали има закачено нешто на дисковите или во РАМ-от. Важно ме зафркава и не можам да лоцирам во што е проблемот!
Пак ќе напоменам, кој може да ми помогне, би замолил за помош, бидејки понатаму може и други уште поважни документи и фолдери да ми „исчезнуваат“
Благодарам однапред и се надевам дека заедно ќе изнајдеме решение за оваа “ЦРНА ДУПКА“
П.С. (до Администраторите и Модераторите)
Постов го отворив како нова тема, иако има тема помош, бидејки се работи за специфичен проблем и мислев дека таму ќе биде малку непрегледно. На вас оставам дали ќе го префрлите таму или ќе го оставите како нова тема.