Каролина @ Универзална сала - сабота, 22 декември

  • Креатор на темата Креатор на темата DIJAMANTE
  • Време на започнување Време на започнување
Доколку се прави админи, треба да одат на концертот на Каролина затоа што КАЈГАНА е еден од покровителите на концертот.
Кајгана утре е кај Каролина :)
 
Доколку се прави админи, треба да одат на концертот на Каролина затоа што КАЈГАНА е еден од покровителите на концертот.
Кајгана утре е кај Каролина :)

Убав помин, јас не одам никаде, имам испити :cautious:
 
Доколку се прави админи, треба да одат на концертот на Каролина затоа што КАЈГАНА е еден од покровителите на концертот.
Кајгана утре е кај Каролина :)
За админите не знам. За редакција, претпоставувам дека Дими ќе помине да напраи некоја фотка, ама го неам прашано. За МОДЕРАТОРИТЕ, па еден 100% доаѓа на концертот, за другите не знам.

Леле колку ствари не знаааммм... среќа на годишен одмор сум, на работа не смеам да кажам такво нешто :)
 
Карти за концертот нема ни за лек

Ексклузивниот акустичен концерт на Каролина, кој ќе се случува утре е распродаден, информираат од Авалон продукција.
Тие додаваат дека им се извинуваат на сите фанови кои не стигнале да купат влезници, бидејќи интересот бил огромен. Од менацерскиот тим на Авалон Продукција информираат дека одлучиле да има само еден концерт, бидејќи тој беше рекламиран како ексклузивен, а тоа што е ексклузивно не може да се повтори ден за ден.
Каролина на бина ќе настапи во придружба на оркестар од 17 членови и сето тоа во акустична варијанта, а за прв пат во Македонија на концертот ќе има изненадување по теркот на светските акустични концерти.

http://www.bezpardon.mk/karti-za-kontsertot-na-karolina-nema-ni-za-lek/
 
За почеток на овој пост ќе ја цитирам iNolcheva од Твитер: Нема карти за концертот на Каролина пошо, генерално, сите сингл цури ги изграбале картите.

Вриеше од сингл цури, сите дотерани, стокмени, да ти е мерак да ги гледаш, делуваа мошне урбано.

Е сеа за самиот концерт, давам оценка мн.добар. Каролина пее најпопрекрасно на свет, и нејзините песни во живо, посебно со ваков аранжман звучат ептен добро. Маани и се вообичаените, лоша комуникација со публика и слично. Изгледаше како да се спремала дома пред огледало што ќе каже и како ќе каже. Имаше и обиди да игра со мали девојчиња околу неа. Изгледаше ко на сила, а не ја бива, ама тоа е. Сепак се трудеше.

Од песни пееше песни кои и се при срце, плус Срешчемо се опет и Кад заспу анџели од Горан Каран.

Јас си поминав ТоБ :)
 
Прекрасна е. Прекрасно беше.

Не сум нејзин најголем фан. Напротив, на моменти ми била преладна за да опстои како entertainer - личност од естрадата. Не чувствувам голема конекција со публиката, но тоа не значи дека не е квалитетен артист, мада губи кредибилитет и почит од народот како личност што во целина има и те како важни мани поради шо слабо и иде со "hardcore фанови".

Преубав styling, предобро отпеано, top notch, а со изгледот сјаеше на сцена. Се гледа дека не и е лесно да се опушти, та некако здрвена стоеше во средина на сцена кога мали девојченца и се приближеја да ја гушнат, па само како реакција ги постави рацете околу нив и се стори статуа/слика.

Сериозно си го сфатила концертот, да и картата шо беше ок цена, соодветствуваше со големиот број на песни шо беше ги припремила. Ама превише ми недостигаа виолини на една песна којашо во самиот оригинал го има тој звук (а сега не можам да се сетам која песна беше).

Некои различни аранжмани на песните ми штрчеа и ми ги одмилија песните, но за среќа беа исклучоци.

Нешо шо најмногу ми пречи кај Каролина, е тоа што веќе 15 години пишува текстови за "Тој", којшто на неа и треба, а кога веќе не и треба, пишува за "Хипокритот" у којшо таа се разочарала, но може да го преболи и ќе успее во тоа, а понекогаш и не може да го преболи и не успева во тоа и таа ќе "Умира без него". "Сакај ме". "Повторно сум сама!". А ти, ти "Не се враќаш". Ама, заеби, "Срешчемо се опет". И на "Први март" ја изневери. А "Знаеш колку вреди!". Нишо од тоа "За нас" и вечната љубов, ама на Каролинчето "Љубовта и е нејзина религија".

Под итно треба да си смени текстописец, дека ми се чини не подмрднала од средношколски љубовни случки, депресии после раскинувања и повторно бодрење дека сепак вреди да се бориш за љубовта. Монотоност огромна е тоа, малку ко жена во очај, повеќе од артист со добар спектар песни и варијации за да успее да допре до душата на повеќе луѓе.

Сепак, покрај сите овие ругања погоре, ја почитувам како личност од естрадата, артист-пејач, дека пејач пред се` ме асоцира на глас и способност да го пренесе тој глас во емоција во песна, а таа го поседува тој талент. Има многу на шо да работи, ама кога македонскава сцена ни е таква каква што ни е, не ми е никаков проблем да дадам пари за нејзин концерт, или пак Калиопи.

П.С. Тончи, from a gay guy's point of view: вриеше и од педери.
 
Тој, што не проговори ни еден збор
да тој,што не го познавам
остави белег што не можам да го избришам
тој што го сретнав толку случајно
да тој ,што име не му знам
остави спомен што не можам да заборавам

Колку сакав да те прегрнам
да ти кажам дека ме маѓепса
а те нема и твојот поглед ме прогонува
колку сакав да те прегрнам
да ти кажам дека ме маѓепса
а те нема и твојот поглед ме прогонува


И почна концертот на најдобрата македонска пејачка, не сакам да употребувам никакви зборови, се имам истрошено и уште сум под импресии. Не може да се споредува со концертот во Борис Трајковски лани кој беше спектакуларен за една ѕвезда затоа што овој беше акустичен. Овој според местото каде се одржуваше, акустиката, ме потсети на оној во Универзална кога ги пееше етно песните иако стилски беа сосем различни. Никакви лигавења, затоа што е единствена и затоа што како таква успеа 21 година на македонската сцена. Каролино и Ацалон, фаќајте се за работа, зошто сакаме нови песни и нови концерти.
Јакната не ми одговараше некако :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom