Алпско скијање - сезона 2013/14

  • Креатор на темата Креатор на темата Jan Polat
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 ноември 2010
Мислења
773
Поени од реакции
334
Alpine+Skiing+Day+9+yWmYXnqFCIDm.jpg
Во овој спорт натпреварувачите се натпреваруваат во 5 десциплини: Слалом, Велеслалом, Спуст, Супер Велеслалом, Супер комбинација и Спуст. За секоја дисциплина се освојува Мал Кристален глобус додека оној кој ќе освои најмногу поени во сите 5 дисциплини севкупно го освојува големиот кристален глобус. Бодови освојуваат првите 30 на стазата. Победникот добива 100 бода второпласираниот 80, третопласираниот 60 и така натаму до еден бод за триесетиот.

Победниците од ланската сезона:
Светскиот Куп: Марсел Хиршер и Линдзи Вон
Слалом: Андре Мирер и Марлис Шилд
Велеслалом: Марсел Хиршер и Викторија Ребенсбург
Спуст: Клаус Крол и Линдзи Вон
Супер велеслалом: Аксел Лунд Свиндал и Линдзи Вон
Комбинација: Ивица Костелич и Линдзи Вон


Моментален поредок во светскиот куп.
Maжи:
1. Aksel Lund Svindal (Norway) 400
2. Ted Ligety (U.S.) 342
3. Marcel Hirscher (Austria) 280
4. Manfred Moelgg (Italy) 204
5. Kjetil Jansrud (Norway) 195

жени:
1. Tina Maze (Slovenia) 677
2. Maria Hoefl-Riesch (Germany) 443
3. Lindsey Vonn (U.S.) 414
4. Kathrin Zettel (Austria) 360
5. Julia Mancuso (U.S.) 251

Еве ги и календарот за оваа година: http://www.fisalpine.com/venues/

Дали е нокој друг го гледа спортов и за кого навивате? Ја сум за Хиршер и Риш.


 
Како тоа се напреварѕваат во пет дисциплини а со набројал 7 спуст двапати си пишал значи 6.
 
Ова сезона само 2 пати ги имам гледано жените и толку. Фаворити Тина Мазе кај жените, Костелич и Карло Јанка кај мажите. Вториот имаше една тешка повреда и оттогаш кариерата му оди во надолна линија :( .
А омилената спортистка во овој спорт Јаница Костелич .:love:
 
Aбе никој не го следи алпското скијање?
Викендот што иде започнуваат натпреварите, традиционално, Зелден ги отвора вратите на скијачите во новата сезона.
Сабота со женскиот велеслалом oд 9.30 часот прва трка, и недела машкиот велеслалом 9.30 часот прва трка, по што следува пауза од три недели, за кога е закажано натпреварувањето во финскиот Леви каде на програмата ќе биде женскиот слалом на 16ти ноември, и машкиот слалом ден подоцна. После Финска следува американската турнеа..

За најголеми фаворити се споменуваат во женска конкуренција Тина Мазе, бранителката на големиот кристален глобус, Линдзи Вон, Марија Хефл Риш, Ана Фенингер, Јулија Манкусо, а во машка тука се Maрсел Хиршер, Свиндал, Алексис Пинтеро, Ивица Костелиќ, Тед Лиџети, повратникот во Светскиот куп Боде Милер, Феликс Неуројтер.
Интересна сезона не очекува, се надевам доста неизвесна, барем во женска конкуренција, за разлика од минатата година каде целосно доминираше словенката.
Да се напомене дека во 2014 се и Олимписките игри во Сочи, за каде сите учесници и ја темпираат формата.
 
Вчера не знам дали се возеше некаде (окапав над книга :giggle:), ама мината недела на отварањето во Зелден ги гледав двата веле-слаломи. Кај жените триумфираше една млада швајцарка (Марија мислам беше) Гут, а шампионката од лани слабо почна (5-6 место за Мазе). Кај мажите, стандард - Тед Лигети. Мајсторот и оваа сезона изгледа нема намера да попушти :cool:. Ако ме служи паметот добро, хрватот мислам кажа дека оваа му е 3та по ред веле-слаломска победа во Зелден.

Кај женките фаворит и оваа сезона е Тина и за неа ќе си навивам :love:!
А кај мажите пак во преден план би требало да е Хиршер. Моја проценка е дека годинава главен конкурент во генералниот пласман ќе му биде Пантуро - му лежат техничките дисциплини и има мислам веќе доволно искуство собрано за да атакува на трофејот. Ивица, Свиндал и остала багра веќе не се тоа што беа ..
 
Шифрин, девојчето има само 18 години, а мамето им го расплака денеска и на Тина Мазе, а и на Риш. Изненадување исто е и 18 годишната Кристина Агер од Австрија, која заврши на четвртото место.
Утре се вози машкиот слалом.
Како тргнала сезоната, доста интересни трки ни се спремаат.
 
Појма немам кај да пишам ама во моментов како што гледам се одржува некое првенство во Бијатлон а ? Има Македонци на првенството ? Пошто сабајле случајно фатив трка со Македонец кој бил дисквалификуван уште пред трката.
 
Појма немам кај да пишам ама во моментов како што гледам се одржува некое првенство во Бијатлон а ? Има Македонци на првенството ? Пошто сабајле случајно фатив трка со Македонец кој бил дисквалификуван уште пред трката.

Aко си гледал на Еуроспорт, тогаш е Зимска Универзијада во Трентино.

www.trentino2013.com
 
Штета за Риш и посакувам побрзо опоравување. Како утеха нека и биде што се повреди на самиот крај од сезоната па не пропушти многу. Ќе беше каде каде поинтересно до крај да се бореа со Фенингер за прво место во генерален пласман но тоа е...
Вака си останува на врвот најубавото и најдоброто чупе :P
Ането <3
 
Риш и пред Сочи 2014 најави повлекување од кариерата и ќе се посветела на приватниот живот, исто како и санкерката Натали Гејзенбергер, и сега повреда... Штета :) Ме импресионираше нејзиниот настап во Сочи каде што и освои злато..

Дали некој има информации за натпреварите во Копаоник?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom