Тексас ќе се отцепи од САД?

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Жителите на Тексас во Белата куќа ја испратиле петицијата со која бараат отцепување од Соединетите Американски Држави.

tocka-82306.jpg



Како што јавила американската телевизиска станица “АБС њуз“, он лајн петицијата ја потпишале 119.209 луѓе, со што е исполнет условот од најмалку 25.000 потписи, на која Белата куќа е должна да одговори.

Од Белата куќа рекле дека не можат да проценат кога ќе се огласат по повод петицијата од Тексас, но дека не исклучуваат одговорот да биде дека тие не се надлежни за тоа прашање.

Неколку дена по изборот на Обама, неколку сојузни држави покренале петиција со која бараат одвојување, но најсериозно пристапил Тексас собирајќи скоро 120.000 потписи.

Во остатокот на САД истовремено се собрани повеќе од 800.000 потписи за таа идеја.

Како главна причина за отцепувањето се наведува преголемото мешање на федералните власти во прашањата на сојузните држави, како и незадоволството од економските политики на администрацијата на Обама која се оценува како премногу социјалистичка.

Извор: Точка

Точка не ми е баш релевантен извор за точни информации, но чисто онака хипотетички да продискутираме околу ова. Што мислите има ли шанси Тексас навистина да се отцепи од САД? Јас мислам дека нема...
 
Нема шанси да се отцепи. Нормално дека ќе соберат 120 000 потписи кога во Тексас живеат над 25 милиони луѓе. Повеќе од 80 проеценти од населенитето во Тексас нема да сака отцепување. Овие што се потпишале 100% повеќето биле латино американци.
 
Може да се отцепи само со некој голем земјотрес,
и да стане остров,најголем во САД.
Некако нема баш логика толкава земја со толкава површина,и таква форма да се отцепи и да стане остров :) да не си се смешал со калифорнија.
 
Нема да се отцепи , овие 120.000 можат да бидат : руси , кинези , срби ...

Тексас има 26 милиони жители
 
Пичкаму матер,разумот ми вика нема шанса.Ама логиката вика ИМА.Кој би поверувал во '88 дека Југославија би се распаднала,и тоа почнуваќи од фудбалска утакмица.Или пак СССР.Живи и здрави ќе дознаеме.
 
Јас сакам да се отцепат сите една по една...и да се испотепаат меѓусебе,доста војуваат на туѓ терен...али ова малку научна фантастика е искрено:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom