Dani
1 + 1 = 10
- Член од
- 22 јуни 2010
- Мислења
- 24.803
- Поени од реакции
- 60.198
Како размислуваат децата ?
Не сум јас авторот...
Темава ја отворив со цел да се насмееме на овие детски бисери
Слободно постирајте и вие некои
- „Муслиманската библија се вика Кодак.“ (а јапонската се вика Фуџи…)
- Папата живее во Вакуум. (баш би било тоа фино!)
- Во Франција некогаш криминалците ги усмртувале со желатин. (Французите секогаш биле нежни)
- Кај нас мажите можат да се женат само еднаш. Тоа се вика монотонија. (гледате, тоа е јасно веќе во трето одделение…)
- Кај нас дома секој има своја соба. Само тато не, тој мора да спие кај мама. (добро, не може баш сите да бидат еднакви)
- Рибите се множат така што носат искри! (Хмм..?)
- Машко не може да се ожени со машко затоа што тогаш ќе нема кој да го облече фустанот на невестата. (логично, нели?)
- Животно осигурување се пари кои ги добива оној кој ќе преживее смртен случај. (Да. И таквите после главно живеат во Бразил под друго име!)
- Моите родители купуваат само рециклирана тоалетна хартија бидејќи таа веќе била употребена и не штети на околината. (на здравје!)
- Посвојувањето е добро бидејќи родителите така можат сами да си одберат дете а не да го земат тоа што им се паднало. (факт е така.)
- Кравите не смеат да трчаат брзо да не го истурат млекото. (а истуреното млеко тешко се враќа назад!)
- Праската е како јаболко со тепих.
- Ако јадеме болни крави ќе добиеме ISDN. (Што се мора да изедеме за да добиеме ADSL?)
- Сардините се мртви и веќе не можат да пливаат. (освен во зејтинот од конзервата!)
- Не сум крстен ама затоа сум вакциниран. (тоа се вика привремено решение?)
- Кога луѓето престанале да бидат мајмуни станале Египќани.
- Возот со голема бука застана и патниците се истресоа на станицата. (На таква брзина мора да осеќале голема потреба…)
- Пролетта е првото годишно доба. Во него кокошките несат јајца а селаните компир. (без помфрит ве молам!)
- Тетка ми имаше болки во зглобовите и не можеше да ги дигне рацете над глава. И со нозете имаше такви проблеми. (сочувство со тетката..)
- Лизгачката изведе пируета при што нејзините сопствени ветришта и ја дигнаа сукњата.(Упс…)
- Кругот е тркалезен квадрат.
- Земјата се врти 365 дена секоја година. Затоа и треба еден ден повеќе секоја година па тоа се рачуна во февруари. Зошто е така – не знам. Може затоа што во февраури е ладно, онака на тврдо.
- Свињата е најкорисно животно. Од неа може се да искористиме: месото од напред и позади, кожата за кондури, влакната за четки а името за пцуење.
- Кучињата сакаат вода. Некои ја сaкаат толку што живеат во неа. Тоа се морски кучиња.
- Сите риби носат јајца а руските риби носат кавијар.
- Зоолошките градини се супер. Tаму живеат и животни кои не постојат.
Не сум јас авторот...
Темава ја отворив со цел да се насмееме на овие детски бисери
Слободно постирајте и вие некои
