Бугарија испорача три услови на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Square One
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
11 август 2011
Мислења
266
Поени од реакции
169
Во писмо до македонскиот колега Попоски, шефот на бугарската дипломатија Младенов набројува што треба Скопје да стори за да добие поддршка од Софија

Шефот на бугарската дипломатија Николај Младенов во писмо до својот македонски колега Никола Попоски ги наброи трите услови кои официјално Скопје ќе треба да ги исполни за да ја добие поддршката на Софија за евроинтеграцискиот процес.

Младенов бара од македонското раководство да потпише Договор за добрососедски односи и соработка кој ќе се базира врз договорената Декларација од 1999 година.

„На второ место треба да биде изградбата на неопходната инфраструктура за засилена соработка при што треба да се создадат работни групи за подобрување на меѓусебните односи во клучните области. И трето, Бугарија предлага создавање на Совет на високо ниво на кој ќе се одржуваат годишни заеднички владини седници“, се наведува во писмото кое го лиферуваше бугарското МНР.

Младенов наведува дека доколку се исполнат овие услови, ќе се обезбеди поддршката на Бугарија за интеграцијата на Македонија во ЕУ. Бугарскиот министер во писмото дава куса хронологија на бугарско-македонските односи од независноста наваму, и притоа потенцира дека Софија секогаш и давала поддршка на Македонија во клучните моменти, без разлика дали станувало збор за периодот на ембаргото врз соседна Југославија, косовската криза или граѓанскиот конфликт од 2001 година.

Но, забележува Младенов, и покрај тоа односите меѓу двете држави во последните пет години не се на нивото на кое треба да бидат. Тој вели дека е вознемирен поради постојаното засилување на анти-бугарската активност и реторика во Македонија, а како пример ги наведува „сигналите за дискриминација на граѓаните кои си ја задржале бугарската самосвест“, како и фактот што „обидите на бугарската страна да си го чествува богатото културно-историско наследство не наоѓа на поддршка во Скопје“. (Дојче веле)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=55705EAA42D27244A4C53AD22ABABAD9
http://www.dnevnik.bg/bulgaria/2012/11/28/1957480_mladenov_kum_makedonskiia_si_kolega_zachestiavat/

Крајно време е да се вратат добрососедските односи меѓу овие две земји.
 
И трето, Бугарија предлага создавање на Совет на високо ниво на кој ќе се одржуваат годишни заеднички владини седници“

Каков е овој Совет за заеднички владини седници?
 
Самите услови не делуваат страшно...

....да потпише Договор за добрососедски односи ...
....изградбата на неопходната инфраструктура за засилена соработка...
....Создавање на Совет на високо ниво...

Ама УСЛОВИ ....(...ги наброи трите услови кои официјално Скопје ќе треба да ги исполни за да ја добие поддршката на Софија...)

ЈБГ, дојде ред и овие да поставуваат услови :facepalm:
 
И трето, Бугарија предлага создавање на Совет на високо ниво на кој ќе се одржуваат годишни заеднички владини седници“
Каков е овој Совет за заеднички владини седници?


Па тоа би било нешто како отворена седница на владата која од време на време оди на собранискиот канал кога Глујо ќе ги испрашува бугарските министри што направиле во своите ресори :pos:
 
Овие се уште полоши од јужните, се надевам дека тоа глупавата унија ќе ја снема што побрзо. Кога дојде време една Бугарија да ти поставува услови кои ниту Еу ги бара ниту некаде постојат како задолжителни за сите тогаш знаеш дека нешто е отидено во аут.
 
Првите две работи што ги бараат не се проблем. Само, насоката што ја дале во првата е уценувачка. Македонија и Бугарија може и треба да потпишат договор за добрососедски односи, но тој допрва треба да биде договорен, а не наметнат. Третово е нејасно и чудно. Зачестени средби на највисоко ниво изгледа како многу пологична варијанта.

Исто, битна работа е тоа што Борисов ќе каже (и договори) за Македонија во Вашингтон.
 
Каков е овој Совет за заеднички владини седници?

Нормална пракса.
Бугариjа има редовни заеднички владини седници со Грциjа и Израел, а исто така и со Романиjа и Турциjа.
Редовни заеднички владини седници има примерно и помету Германиjа и Франциjа.
 
Абе доста си правите филмови никат нема да влеземе во Еу. А како што тргнала Еу е на најдобар пат да се распадне , сега дали делумно богатите членки на Еу ќе си имаат своја унија или комплет со се ќе распадне ќе видиме. Но во секој случај и да преживе Еу и да добие нов облик не очекувам дека Грција, Романија, Бугарија и сл земји да бидат дел од таква нова Еу. Така да дај да ги усвоиме европски стандарди и закони за нас самите да имаме подобра економија подобар правен систем итн. Зошто кога ќе го направиме тоа се лесно ќе ни биде дали сме во еу или сме надвор од Еу. Треба да сфатиме дека тие работи не треба да ги направиме за да се надаме дека ќе влеземе во Еу еден ден туку за нас самите да ги направиме тие работи.
 
Нормална пракса.
Бугариjа има редовни заеднички владини седници со Грциjа и Израел, а исто така и со Романиjа и Турциjа.
Редовни заеднички владини седници има примерно и помету Германиjа и Франциjа.
Дај некој линк од заклучок или соопштение од тие седници, да видиме како тоа чудо функционира. Мене ми личи на билатерална средба на министри само под друго име.
 
И трето, Бугарија предлага создавање на Совет на високо ниво на кој ќе се одржуваат годишни заеднички владини седници“
Каков е овој Совет за заеднички владини седници?

Незнам дали знаеш ама бугарите имаат вакви седници и со романците. Очигледно ова е копија на таа идеја. Само напред и на србија сега ова ќе и бараат и таман седници цела година на кој апсолутно ништно не се решава.

Балкане,
балкане,
балкане мој
буди ми силан,
и добро ми стој.

Ми смо људи цигани, судбином проклети
увјек неко око нас доџе па нам прети...
 
Незнам дали знаеш ама бугарите имаат вакви седници и со романците. Очигледно ова е копија на таа идеја. Само напред и на србија сега ова ќе и бараат и таман седници цела година на кој апсолутно ништно не се решава.

Балкане,
балкане,
балкане мој
буди ми силан,
и добро ми стој.

Ми смо људи цигани, судбином проклети
увјек неко око нас доџе па нам прети...

Не сум знаела дека имаат со Ромаците. Али добро тие се исти народи со ист менталитет и изглед.
 
Џабе се силат овие од нужникот на европа кога никој нема да ги слуша нивните фантазии ама барем покажаа дека не ни се никакви „браќа“ како што пишуваат постојано некои тролови по форуми и по нивни весници.
 
Тоа са вестите по jавната телевизиjа после првата заедничка седница со владата на Израел.
http://bnt.bg/bg/news/view/56290/syvmestno_pravitelstveno_zasedanie_bylgarija_izrael
Обична билатерална средба значи, ништо посебно. Само отвора поголема можност да се презентира како значајна. Грујо е експерт за давање на значење на безначајните протоколарни глупости и поентирање на нив, па ако се договорат ќе има Бојко од кого да учи популизам. :D
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom