Најевтин и најскап провод во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Plavooka
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Инспирација за темава ми е долниот текст од Вечер, од кој јасно се гледааат фрапантните разлики меѓу Скопје и останатите градови во однос на излегувањето, кафаните и ноќниот провод.

Овде споделувајте информации каде е забавата најевтина, а каде најскапо ве чинела (по места и градови, ако сакате). Би било особено интересно да пишете како (ќе) се движат цените за претстојната Нова година во внатрешноста. Јас веќе знам дека под 3000 денари нема да најдам ништо во Ск:(

Можете и да препорачате некое место кое ви оставило впечаток во поглед на добрата забава и ниски цени;)


Скопјани бегаат во провинција за да се начукаат за малку пари! (од Вечер)


Во скопските кафулиња сокче и кафе би ве чинело 180 денари, за истите овие пари во градовите од внатрешноста ќе се честат четворица

3C0624083306C54F9A0CAE75C8C49317.jpg
Да се живее во метропола не значи дека граѓаните ќе имаат само подобар социјален живот, поголеми плати туку и многу повисоки трошоци. Па, така ако на некој граѓанин од помалите градови низ земјава му кажете дека кафето во скопските кафулиња ве чинело 80 денари и едно сокче 100 денари, не може да не се забележи зачудувачката реакција на неговото лице. И оправдано, затоа што за истите овие пари во градовите од внатрешноста ќе се честат четворица. Најмногу ваквата ситуација во главниот град ги погодува можеби најмладите, бидејќи за едно скромно излегување кое вклучува такси или автобуски превоз до центарот на градот, некоја пијачка и влезница за во диско и едно почестување на девојката им треба минимум 1000 денари. Токму и поради тоа младите се жалат дека се поретко се осмелуваат да извадат пари тие да ги платат пијачките во друштвото оти цените се далеку над нивниот стандард. Високите цени ги принудуваат да остануваат во домашна атмосфера, по парковите и потоа директно да одат само во дискотека за да ги намалат трошоците за излегување.
-Најчесто ги избегнуваме кафиќите и директно продолжуваме во диско. Се собираме во домашна атмосфера или седиме надвор, бидејќи таа варијанта ни е најевтина. Премногу е скапо една пијачка да платам 150 денари, во којашто има повеќе мраз отколку алкохолот што си го нарачал - изјави Богдан Стојановски.
Во внатрешноста и најскапото излегување е многу поевтино од скромното во Скопје. Токму поради се почести група млади седнуваат во автомобил, делат трошоци и одат во помалите градови каде што буквално за малку пари се забораваат од јадење, пиење и дружење.
-Поради работата многу често сум во Кавадарци и таму се смешни цените во споредба со Скопје. Во Кавадарци седнуваме во кафеана 7 луѓе, се забораваме од јадење и пиење и сметката е 1100 денари, додека во Скопје тоа би изнесувало 4000 денари и затоа кога седнуваме некаде, убаво ги погледнуваме цените, изјави Анастасија Илиева.
Иако скопските менаџери на клубовите признаваат дека прометот им се намалува и дека ваквата ситуација не им одговара, сепак и натаму држат многу високи цени на пијалаците.
- Прометот се намалува, некои едвај купуваат и по една пијачка, а многу од посетителите не купуваат пијачка, бидејќи користеле наркотични средства пред да влезат во диското - вели менаџер на една дискотека.
Сепак, во помалите места и со пониски цени не може да го заработат она што како профит на крај на месецот ќе го избројат скопските кафулиња најмногу поради тоа што во метрополата има голем проток на луѓе. Иако овдешните локали заработуваат повеќе, од Туристичката угостителска комора при Сојузот на стопански комори објаснуваат дека овде цените биле високи, бидејќи и давачките се многу повисоки од оние во провинција.
-Разликата на угостителските цени споредбено следено во објектите во Скопје и помалите градови низ Македонија е последица на непочитувањето на нормираните угостителски услуги од страна на правните субјекти регистрирани за вршење на оваа дејност во помалите места. Исто така, и големата закупнина, комуналните такси за тераси, поскапата работна сила се едни од причините за високите цени на пијачките во главниот град - вели Феркан Бербери од Угостителската комора.
Кафето најмногу се пие во скопските кафулиња. Младите наведуваат дека цените по кафулињата се една од главната причина поради која најмногу од нив се одлучуваат да го порачуваат најевтиното, по едно кафе колку да се одржат контактите со пријателите.
(С.Тр.)
Да ти се одмили кафето во Скопје



Скопје Кавадарци
вотка
150 ден.
40 ден.
сечена вотка
150-180 ден.
60 ден.
пиво
100 ден.
50 ден.
коњак
100-120 ден.
40 ден.
шток
100-150 ден.
60 ден.
кафе
80 ден.
30-40 ден.
сок
80-120 ден
40-60 ден.
виски
над 150 ден.
100 ден.
 
Стандардниот Македонец сака да се курчи со парите што ги нема, е така не оди. Јас скапувам по скопскиве клубови и локали па не се курчам со пари, напротив секогаш супер си проаѓам. Само треба да си ги искалкулираш парите и со цело друштво да се координирате правилно. Секако зависат повеќе фактори, но тоа е индивидуално сепак. По провинција е далеку поефтино да, но треба да знаете и да живеете во Скопје.
Чао лејдис.
 
XXL во Аеродром е добра кафана,цените не се премногу високи,а услугата е на ниво.Мома е една од поскапите кафани во Скопје,но сепак може да се каже дека е и една од најдобрите.

Во XXL може да пројдете 4ца и со 1500 денари да се најадете напиете добро додека во Мома за истата бројка на луѓе би чинело околу 2500.
 
Одете во Cafe di Roma да се почувствувате ко да сте у Рим - по скапоќа де, не дека нешто посебно е внатре.

Слично и со оној еден кафич во Беверли хилс, напред кај скалите,не знам како се викаше....најскап сок таму имам пиено во цело Скопје(n)
--- надополнето: 29 ноември 2012 во 12:07 ---
XXL во Аеродром е добра кафана,цените не се премногу високи,а услугата е на ниво.Мома е една од поскапите кафани во Скопје,но сепак може да се каже дека е и една од најдобрите.

Во XXL може да пројдете 4ца и со 1500 денари да се најадете напиете добро додека во Мома за истата бројка на луѓе би чинело околу 2500.

Werther, каде е точно кафанава во Аеродром?
 
Стандардниот Македонец сака да се курчи со парите што ги нема, е така не оди. Јас скапувам по скопскиве клубови и локали па не се курчам со пари, напротив секогаш супер си проаѓам. Само треба да си ги искалкулираш парите и со цело друштво да се координирате правилно. Секако зависат повеќе фактори, но тоа е индивидуално сепак. По провинција е далеку поефтино да, но треба да знаете и да живеете во Скопје.
Чао лејдис.
Тоа може да се примети во Тренд (иако никогаш не сум седнал,но сум начул од луѓе).Кафе таму е околу 100-120 поефтино нема,кафето се чека 15 минути,се случувало и по 30 минути.
Иако услугата е тапа,цените изгор сепак мора да се биде виден.:)
--- надополнето: 29 ноември 2012 во 12:08 ---
Слично и со оној еден кафич во Беверли хилс, напред кај скалите,не знам како се викаше....најскап сок таму имам пиено во цело Скопје(n)
--- надополнето: 29 ноември 2012 во 12:07 ---


Werther, каде е точно кафанава во Аеродром?
Доле во Бисер.:)
 
Стандардниот Македонец сака да се курчи со парите што ги нема, е така не оди. Јас скапувам по скопскиве клубови и локали па не се курчам со пари, напротив секогаш супер си проаѓам. Само треба да си ги искалкулираш парите и со цело друштво да се координирате правилно. Секако зависат повеќе фактори, но тоа е индивидуално сепак. По провинција е далеку поефтино да, но треба да знаете и да живеете во Скопје.
Чао лејдис.

Е ова е клучната реченица која може да се земе и како заклучок за целава дискусија (y)
 
XXL во Аеродром е добра кафана,цените не се премногу високи,а услугата е на ниво.Мома е една од поскапите кафани во Скопје,но сепак може да се каже дека е и една од најдобрите.

Во XXL може да пројдете 4ца и со 1500 денари да се најадете напиете добро додека во Мома за истата бројка на луѓе би чинело околу 2500.
Сите три кафани во низа, Сиф, ХХЛ и Гама се со добри цени и солидна храна, им ги препорачувам на сите!
 
Друга кафана сега ми текна која исто така неможе да се пофали со пристапни цени е Хермес во Карпош 3,но затоа храната е феноменална,а 4ца можат добро да се најадат и напијат со 2000-2300 денари.:)

Е сега има и едно биртииче во Ѓорче 1,одма кај пазарчето во трговскиот горе(не се сеќавам на името,но доколку одите лесно ќе се снајдете)може да се скапете од јадење и пиење,да неможе до дома да се вратите за околу 800-1000 денари.:)
 
Се е до човекот. Ако знае да си помине ќе си помине и со 300 денари :D

Него сум шетал порано скоро по сите градови, далеку е поевтино.
На времето у Берово беше 2-30 денари вотка. У Гевгелија, 600 денари литро коњак у кафана :D
Струмица беше така малце поскапа, другите места се дупло поевтини од СК.
--- надополнето: 29 ноември 2012 во 12:29 ---
Се е до човекот. Ако знае да си помине ќе си помине и со 300 денари :D

Него сум шетал порано скоро по сите градови, далеку е поевтино.
На времето у Берово беше 2-30 денари вотка. У Гевгелија, 600 денари литро коњак у кафана :D
Струмица беше така малце поскапа, другите места се дупло поевтини од СК.
 
Сиф е подобра од XXL за јадење,150 денари од човек кошта прејадување:)АЛи покафанаска атмосвера има во XXL и поголемо е местото.
 
Сиф е подобра од XXL за јадење,150 денари од човек кошта прејадување:)АЛи покафанаска атмосвера има во XXL и поголемо е местото.
Далеку по либерте е XXL,дозволуваат понекогаш и твое CD да си донесеш и пуштиш,е сега забушаваат со резервацијата понекогаш за 10-15мин ако закасниш знаат да се расправаат,но генерално добро кафанче е.
 
Сиф е подобра од XXL за јадење,150 денари од човек кошта прејадување:)АЛи покафанаска атмосвера има во XXL и поголемо е местото.

може ли да ме просветлите каде се наоѓа СИФ?:)
 
може ли да ме просветлите каде се наоѓа СИФ?:)
Т.Ц Бисер.:)
Топло би ти препорачал да ја пробаш шарската таму,не е со тој растителниот,тиња кашкавал.
Ако одиш во Хермес би ти препорачал бујурди,топло предјадење Грчко е,во него има патлиџан,кромид,пармезан и 4 врсти сирење,а е 150 денари ако добро се сеќавам.:)
 
Јас кога се расправав со форумџии од другите градови дека во Скопје се повисоки платите во однос на другите градови но дека и цените за кафе јадење итн,се значително повисоки во однос на внатрешноста, И дека и таму и тука во Скопје е ист односот Плата спрема Искачање во град. Ќе ме дигнеа во воздух. Кога кажував дека 300 евра во Скопје вредат колку 200 евра во внатрешноста,уште малце ќе ме прогласија на мрзач на провинцијалци. и после неколку месеци истото што го зборев јас го пишува во некој весник.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom