- Член од
- 19 ноември 2012
- Мислења
- 13
- Поени од реакции
- 11
Кажи јас сум ти – Руми
Јас сум прашинка во сончевата светлина
Јас сум тркалезното сонце.
На честичките прашина им велам: Застанете!
На сонцето: Продолжи да се движиш!
Јас сум утринска магла
И здив на вечерта.
Јас сум ветер во највисоките крошни
И удар од брановите на гребенот.
Јарбол, кормило, кормилар и брод
И корален гребен сум на кој тие заринкуваат
Јас сум дрво, со папагал питом на своите гранки
Тишина, мисла, и глас.
Мелодичен воздух низ флејта што поминува
Искри од камен, одблесок од метал
Пар свеќи
И молец во бунило околу нив
Роза, и славејче
Загубено во миризбата.
Јас сум поредок на постоењето, галаксија што кружи
Еволуциска интелигенција, издигнување
И паѓање. Тоа што е,
И тоа што не е.
Ти кој го познаваш Џелалудин,
Ти едно во сите и се, кажи кој сум јас.
Кажи јас сум ти.
Јас сум прашинка во сончевата светлина
Јас сум тркалезното сонце.
На честичките прашина им велам: Застанете!
На сонцето: Продолжи да се движиш!
Јас сум утринска магла
И здив на вечерта.
Јас сум ветер во највисоките крошни
И удар од брановите на гребенот.
Јарбол, кормило, кормилар и брод
И корален гребен сум на кој тие заринкуваат
Јас сум дрво, со папагал питом на своите гранки
Тишина, мисла, и глас.
Мелодичен воздух низ флејта што поминува
Искри од камен, одблесок од метал
Пар свеќи
И молец во бунило околу нив
Роза, и славејче
Загубено во миризбата.
Јас сум поредок на постоењето, галаксија што кружи
Еволуциска интелигенција, издигнување
И паѓање. Тоа што е,
И тоа што не е.
Ти кој го познаваш Џелалудин,
Ти едно во сите и се, кажи кој сум јас.
Кажи јас сум ти.