Кога би била машко, како би завела девојка... :raz: Па иако нема некој универзален начин кој е најдобар, вака јас би играла...
1. Нема да и се јавам, како што сум ветил, туку ќе и пишам порака. Ако ми врати- заинтересирана е (и да нема кредит, ќе најде

), ако не ми врати- барам нова жртва.
2. Ќе дојдам на време на состанокот, а она нормално ќе закасни (о, толку се ретки исклучоците). Ако сакам да бидам во врска со неа, секако дека нема да сакам да касни, па фино ќе и дадам до знаење дека нејзината шармантна насмевка нема да изнуди да ми помине лутината и дека сакам да проба да доаѓа на време во иднина. (Жените, колку и да не признаваат, се палат на мажи со зацртани принципи.

)
3. Ќе седнеме некаде на кафе, нормално ќе почнеме муабет. Ќе ја оставам да се изназбори, јас ќе бидам тој што ги поставува прашањата. Нема да откривам се` за себе од прва. (Мистериозноста е секогаш привлечна за откривање

)
4. Теми на муабет:
-Фудбал не доаѓа во предвид, освен ако омилен играч не ми е Бекам.

-Коли (автомобилизам) и тоа колку литри пиво можам да испијам такоџе не е пожелно.
-Муабети за машко-женските односи се секогаш добри за подобро запознавање и добра подлога за скришно шмекање.

Ќе и зборам за жените како да сум добро запознаен, а сепак да не изгледа јебозовно и фалбаџиски. Демек да покажам дека сум искусен. cool:
-Ако ја интересира хороскоп, ќе коментирам за мојот и нејзиниот знак, колку знам и умеам.

Ако сака животни, ќе и раскажам приказна за некое слатко кутре што дреме кај мене у маало. Ако е рокерка, ќе бидам рокер, ако е трансерка-трансер, ако е ТФ-ќе бидам турбофолкер.

Се додека имаме заеднички теми за муабет.

(И после ги критикувам машките што лажат и зборуваат се` и сешто само за да легнат нешто!


)
-Ќе и кажам дека убаво мириса.
5. Важно е да не си ги покажам од одма намерите. Ако уште од почеток и покажам дека сум заинтересиран- ќе и здосадам брзо, зошто знае дека може да ме има. Ако глумам крајно ладен- ќе и изгледам неприступачен и ќе се откаже. Затоа ќе бидам воздржан, а сепак ќе и праќам тајни знаци. :motor:
6. Во никој случај нема да облечам одело/смокинг кога ќе излезам со неа. :nesvest:
7. Крај на првиот состанок (ова „прв состанок“ ептен ми е „Тин-шема“-џиско

), ќе ја испратам до негде (ако имам кола, ќе ја пребацам до дома), ќе ја бацам у образ и шмекерски ќе ја прашам: „Кога ќе те видам пак?“ (Џои стајл

)
Ако ми рече „кон крајот на 2009та година“ ќе знам дека не сум успеал да ја заведам.
Колку глупо и шаблонски ми изгледа вака опишано чекор по чекор.

Сепак, не е ова толку како јас би завела девојка, туку повеќе како реално најлесно би можела да се заведе девојка...
