Здраво Sussaro !

Најпрво едно огромно ФАЛА за проследеноста на донации.мк и еве ќе се потрудам да ти објаснам за тоа како функционираме тимски.
____________________________________________________________________
Опис
Оваа страница како и страницата
www.donacii.mk се активности на здружението
ХУМАНОСТ БЕЗ ГРАНИЦИ и имаат за цел објавување и проширување на апели за помош, хуманитарни концерти и други хуманитарни активности.
На оваа страница се објавуваат информации за сите активни акции за донирање средства на луѓе кои имаат потреба од помош.
Објавените постови се превземени од: други интернет страници, страни
ци на социјалните мрежи, печатени и електронски медиуми, информации добиени преку емаил адреса итн.
Објавуваме апели за помош кои содржат телефонски броеви за донирање. Доколку нема телефонски броеви за донирање апелот треба да содржи информации за контакт за да биде објавен.
Ние не одговараме за точноста на објавените податоци. Секоја грешка во пренесувањето на информациите е ненамерна.
______________________________________________________________________
За здружението ХУМАНОСТ БЕЗ ГРАНИЦИ
Здружение на граѓани за промовирање и спроведување на хуманитарни активности.
Мисија
Здружението Хуманост Без Граници е формирано за организирање, промовирање и спроведување различни хуманитарни активности со цел прибирање на средства за подршка на оние лица кои имаат потреба од хуманитарна помош.
Опис
Здружението Хуманост Без Граници е формирано за организирање, промовирање и спроведување различни хуманитарни активности со цел прибирање на средства за подршка на оние лица кои имаат потреба од хуманитарна помош.
Здружението е формирано од граѓаните кои ја отворија страницата
www.donacii.mk како и страниците на социјалните мрежи (
www.facebook.com/donacii,
www.twitter.com/donacii, donacii.blog.mk, donacii.blog.com.mk).
Општи информации
Целите на Здружението Хуманост Без Граници се:
-Да се собираат и објавуваат актуелни апели за помош на интернет страница, како и да се промовираат, прошируваат и споделуваат истите на популарни интернет страници за социјална интеракција,
-да се организираат манифестации, изложби, свирки и други настани со хуманитарен карактер од областа на културата и уметноста со цел прибирање на средства за помо
ш и донирање на истите до соодветни групи на граѓани кои имаат потреба од нив (лица кои треба да се оперираат во странство, лица кои имаат потреба од средства за нивно лекување, болни деца, деца со посебни потреби, стари лица, болни лица, и други лица спгласно хуманитарните критериуми)
-да се делува на прошируваое на свеста на граѓаните за важноста на хуманоста на луѓето.
___________________________________________________________________

Ова е последниот флаер од проектот што го работиме "Подај рака, спаси живот" ...

Поздрав и до тебе и имај си убав ден