Warhammer/Warhammer 40 000

  • Креатор на темата Креатор на темата halfelfpaladin
  • Време на започнување Време на започнување

halfelfpaladin

The Black Paladin
Член од
23 август 2011
Мислења
236
Поени од реакции
100
Возраст
39
Локација
The plane between the planes
Веб-сајт
halfelfpaladin.deviantart.com
Јас од неодамна почнав да се бавам со ова хоби кое и те како е развиено во светов, па и околу нас во соседниве држави, кај нас е до некаде и непознато за многу луѓе, лчно познавам само 2-ца плус и јас кои се бават со хобиво.

За тие што не се запознаени, се работи за стратешка игра која нели вклучува играње со минијатурни фигурици. Доста е развиена и би рекол и сложена во поглед на правила но тоа воопштоне ја прави тешко игрива, напротив, за разлика од други игриодовој тип ои ги иам играно каде многуте правила едноставно создаваат одбивност кај играчот, во Warhammer случајот не е таков, баш тие многу правила кои даваат една "реална" ситуација на борбеното поле се она што, барем кај мене, ја прави играта доста атрактивна за многу играчи.

Убавината на Warhammer е во тоа што освен играчкиот аспект има и колекционерски аспект. Секој играч си ја компонира армијата како што сака и како што има замислено, секако за ова постојат одредени строги правила но глобално има доста флексибилност. Фигурите кои ја компонираат вашата армија се купуваат посебно, доаѓаат не склопени, необоени, играчот треба сам да си ги склопи моделите и потоа да ги обои, што дава посебен драж на играта, затоа што секој играч си игра со буквално армија креирана од самиот играч, војска која е обоена по вкусот на играчот, војска која користи оружја кои играчот сам има одлучено да ги има и така натаму.

Warhammer има два сегмента, првиот и најстар е Warhammer Fantasy Battles, свет кој е сместен во medieval fantasy settings, каде што армиите ги сочинуваат humans, elves, dwarves, orcs, demons итн. Вториот сегмент е Warhammer 40 000, кој е сосема друг универзум, друга приказна и е ориентирана во gothic si-fi елемент.

Јас од пред неколку месеци го купив starter set-oт Dark Vengeance, и се ориентирав кон создавање на армија Space Marines од Dark Angels chapter-oт, си купив и боја и си ги офарбав, и планирам да ја комплетирам целосно. Со оглед на тоа дека се работи за Warhammer 40 000 армија, кога ќе ја завршам планирам да продолжам со Warhammer Fantasy армија, 99% Bretonnians.

Дали има некој друг на форумов кој се бави со Warhammer, без разлика дали е WH40K или Fantasy Battles?
 
За ова немам слушнато, инаку на компјутер сум ги играл сите Warhammer и можам да кажам дека се едни од најдобрите стратегии што постојат. Дај барем некоја слика да видиме како изгледа сето тоа. :)
 
За ова немам слушнато, инаку на компјутер сум ги играл сите Warhammer и можам да кажам дека се едни од најдобрите стратегии што постојат. Дај барем некоја слика да видиме како изгледа сето тоа. :)
FOR THE EMPEROR!!!
 
Јас само стратегиите ги имам играно и книгите ги имам прочитано доста.Од кај ја купи борд играта? и колку е од прилика.

Патем Warhammer и Warhammer 40K се сместени во ист универзум и во ист временски тек.Warhammer се работи само за една планета.
 
овоа уствари се играчки и си ги купуваш и си ги редиш и успат колекција правиш.
Nice. Ја како мал си играв со индијанци и каубојци, ама после пораснав.
 
Eve nekolku sliki od toa shto go iam doma momentalno.

19092012353.jpg

19092012354.jpg

19092012356.jpg

19092012357.jpg


19092012361.jpg

19092012380.jpg

19092012379.jpg

19092012378.jpg

19092012377.jpg

19092012376.jpg

19092012374.jpg

19092012372.jpg


19092012370.jpg

19092012369.jpg

19092012368.jpg

19092012381.jpg


05102012417.jpg

21102012432.jpg



Јас само стратегиите ги имам играно и книгите ги имам прочитано доста.Од кај ја купи борд играта? и колку е од прилика.

Патем Warhammer и Warhammer 40K се сместени во ист универзум и во ист временски тек.Warhammer се работи само за една планета.

Дирекно од http://www.games-workshop.com/gws/home.jsp, пракаат у Македонија без никаков проблем и тоа стига за точно 7 дена, до сега значи стартеров го иам порачано и бои за фигурите немаше никаков проблем. Цената е солена, бааааеѓи солена, не само на Warhammer туку буквално на се што Games Workshop продаваат, колку што знам има епитет дека е најскапото хоби што постои, мада тоа нели е дискутабилно. Не е за луѓе кои не би му се посветиле целосно и или кои ете се интересираат ама само толку, практично не е за non-geeks.

Што се однесува до универзумот доста барав пред некое време по интернетов дали е или не ист универзум, и по сајтови прочитав дека кога испаднала WH40K првичната идеја било дека е сместена во ист универзум како и WHFB, арно ама дека после извесно време решиле да бидат два различни универзуми, барем така пишува по сајтови, што искрено мене ми е доста логично.


овоа уствари се играчки и си ги купуваш и си ги редиш и успат колекција правиш.
Nice. Ја како мал си играв со индијанци и каубојци, ама после пораснав.

Па да, би можело да се каже дека е така на некој начин, како и за се друго во животот, многу луѓе во животот мислат дека пораснале само затоа што престанале да прават нешто кога биле деца, за после тоа да кукаат дека ете детството им бил најубав период во животот, додека пак има луѓе кои не ги делат работите на детски и недетски туку ги делат на она што ме исполнува и она што не ме исполнува. Така оди тоа.
 
Јас од неодамна почнав да се бавам со ова хоби кое и те како е развиено во светов, па и околу нас во соседниве држави, кај нас е до некаде и непознато за многу луѓе, лчно познавам само 2-ца плус и јас кои се бават со хобиво.
....?

Јако.. многу јако..

Иначе, за Warhammer сум слушнал,, но не знаев дека најпрво била друштвена игра, па потоа и компјутерска, со оглед да компјутерската ја имам играно.. и тоа побајаги :)

Од неодамна дознав дека најпрво била друштвена, а вака ти си првиот што постира за неа овде на форумов..

Јас ја имам Risk: Godstorm и ја земав од Гоблин..... не е лоша.. но можеле и малку подобра да ја направат...

Ја пробавте ли.. игравте ли нешо.. каква е игривоста? На шо се базира.. стратегија или.. повеќе е како WoW board game?
 
Убаво вака што ме испровоцира да напишам за игривоста на играта.

Пред да почнам да зборам за игривоста на играта, морам да кажам дека кај нас има група од 4ца дечки кои си ја играат играва редовно, си имаат своја мапа направено на која играат, и тоа искрено им изгледа pro до коска. Иам слики и од тоа како изгледа они коа играат и ќе се дрзнам и ќе си зеам за право да ги покажам, се надевам дека ако некој од нив е на форумов нема да ми замери.

21092012385.jpg

21092012386.jpg



Играва пред се морам да признаам дека е доста сложена, сложена е до тој степен што има еден Rule Book од по 430 и кусур страни базични правила кои важат за сите армии, и плус уште по еден така наречен Codex со дополнителни правила за секој вид на армија кои се надоврзуваат на големиот Rule Book, Codex-ите се доста помали, околу 100 тина страни секој во зависност од тоа за кој вид на армија станува збор.


Воопшто не е како која било друга игра која ја иам играно до сега. На пример, Risk или WoW Boardgame-от се игри кои се играат на мапа која си доаѓа со купување на кутијата, Warhammer не, WH може комотно да се игра на маса на која нема ама баш никакво сценарио (терен или мапа) поставено, како што е на последната слика од мојот претходен post каде што имам сликано кога игравме со брат ми. Сцените односно елементите за сцена, за креирање на теренот се докупуваат или може и сами да си ги направите, како што е случајот со двете слики погоре каде што дечките седнале и од картони со бои со лепаци си направиле самите мапа која може да се расклопи, пошто е од повеќе делови и секоја игра да биде на различна сцена со различна поставеност на елементите од мапата.

Поради комплексноста на играта секогаш е добро да се имаат референци за одредени работи, како на пимер за пукање во непријателскит единици, затоа што не фукционира на D&D системот мојот напад протуив твојот оклоп детерминира дали ќе ти нанесам штета или не. Секако се се детерминира со коцки, дали некој модел од единицата ќе успее да пука или да се тепа во борба од близина, па повторно се фрлаат коцки за да се види дали непријателот ќе го издржи нападот и потоа пак за да се види дали ќе му биде нанесена штета, ова вака сега само нафрлам работи колку можам попросто зашто има многу повеќе комплексност.

Неопходно е и имање на лењир во инчи, зашто така се мерат должината на домет на оружјата и движењето на моделите од единиците.

Играта се дели во три фази генерално, Movemen, Shooting и Assault. Movement нели е фазата у која играчот ги придвижува моделите од единиците, може да ги придвижи сите, неколку или ни еден, Shooting секако е фазата у која се пука со оружјата кои се за борба од далеку како пиштоли, автомати, ракетни исфрлачи итн, и Assault е фазата у која моделите влегуваат во битка од близина каде што се напаѓаат со мачеви, секири итн.

Ова вака нафрлено изгледа доста просто, меѓутоа како што напоменав има толку многу правила кои влијаат премногу на текот на играта, на пример за секое оружје си постои статистика, за секој вид на оклоп исто. Играчот морда да си има листа за својата армија, во која ќе пишува колку модели брои, па тие модели у колку единици се поделени, па кои оружја и оклоп ги имаат моделите во секоја единица, далечина на движење итн итн итн.

Теренот и те како игра огромна улога, на пример барикади, ѕидови па макар и шума, дрвја даваат заштита, кратери пукнатини и тежок терен го успоруваат движењето на моделите, има и опасен терен каде буквално, детерминирано по игра на среќа со коцка може моделите дури и целата единица да ви испозагине кога ќе преминува некој таков терен.

Има премногу за да се каже за играва ја само најгрубо и најпросто што можам нафрлив некои работи.
 
Многу ја поштуем играва. Една од најкоска tabletop-games направена било кога. Штета што неам сопствен приход за да играм. Иначе дечкиве имале солиден арсенал, кошта ова.
 
Yup, кошта многу, затоа Warhammer е хоби кое се собира постепено, јас еднаш месечно се снабдувам со по нешто што ми фали во армијата, најверојатно во Март наредната година ќе ја комплетирам.
 
Би продал невиност за играва бе! ахахахахаххахаххаха

шала на страна.. али ептен импресивно изгледа....

Особено ми се допаѓа тоа што спомна за фазите на играње..
Иако, по ова што го кажа, нема допирна точка со Civilizations the Board Game, сепак ме потсети на неа, само заради тие „проклети“ фази.. :-))
И Цивилизации ги има, и таа е поприлично сложена и долга...
во секој случај.. ти завидувам...
 
Да не звучам глупаво ама со оглед на тоа дека игава е од 1987 година може да се каже дека скоро сите црпат некој вид на инспирација и урнек од неа кога станува збор за вакви игри, а па од друга страна зошто да измислуваат топла вода кога веќе нешто си функционира како што треба, убаво е тоа што ги има ваквите игри, еве на пример јас ја собирав и WoW Miniatures, имам една скромна колекциичка од нив исто, ама ова искрено ова ми е врв. Civilisations The Board Game многу сакав да ја пробам, ми изгледаше многу интересна, у живо ја неам видено, гледав на интернет слики и клипчиња.


Пред неколку години баш правев моабет со газдите на Гоблин зошто не се нафаќаат и Warhammer да носат, и си беа во право за она што ми го кажаа, едноставно не се исплати, играта е прескапа а купувачите ги има премалку, баш поради таа финансиска причина. Само еве на пример јас можам да си дозволам, не дека иам некоја којзнае колкава плата, платата ми е смешна сума ама од друга страна не сум човек кој генерално троши, пред се не пијам ниакков вид на алкохол па автоматски кафани и дискотеки ми се out of question, цигари не пушам така да има многу малку работи на кои ми оди заработувачката па си торшам на вакви работи. И пак ќе кажам, полека полека оди се, ова е хоби кое се збира долго време.
 
Можно е, ете јас знаев дека е од 87-ма, ама ете била постара. Да генерално како што Dungeons and Dragons е татко на сите RPG-а, така и Warhammer е еден од предците на RTS, пошто пред Warhammer имало многу игри од овој вид, меѓутоа, WH се разликува по тоа што сите претходни биле или како шах, или биле реконструкција на битнки од тогашните војни кои се воделе, на пример битките кои Наполеон ги водел итн. WH први почнале да имаат тематика прво fantasy, а после нели со 40К и si-fi, и тоа готски si-fi, јас колку што знам единствен до сега.
 
По 9 верзија/едишн и враќањето на првиот примарх по 10.000 години, Робуте Гулиман, денес добиваме нов едишн на Warhammer 40.000 како и втор лојален примарх.

Не верувам да има многу луѓе кои слушнале и/или ги интересира овој универзум и хоби но мораше да го испочитувам најдобриот прамарх (во зависност од периодот вториот најдобар по Дорн), дечкото на мојот аватар - Лион Ел'Џонсон.



adepticon-reveal-lion-eljonson-v0-7ftvw9u4oepa1.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom