Мистичен
Човек
Публикацијата Скопје градот на седумте порти, туристичка мапа и постери со културните знаменитости и со природните убавини на Скопје се дел од она што ќе можат да го добијат како информација туристите кога ќе дојдат во главниот град на државава.
Првите изданија кои денеска ги добија советниците во градското собрание напишани се само на англиски јазик.
„Истите ќе бидат во превод и на македонски и на албански јазик и на останатите светски јазици. Сето тоа ќе го направиме согласно можностите на градот”, рече Слободан Ќосев сектор за локален економски развој.
Публикациите дело на професор Ферид Мухиќ и Румен Камилов се отпечатени пред еден месец, а од градот велат дека ќе бидат давани како промотивен материјал за Скопје во збратимените градови.
Ќе се делат и во туристичките агенции, во градските служби. Откако ќе се отвори туристичкото биро ќе се дистрибуираат и таму.
Покрај брошурите, треба да се издаде и це де кое градските власти планираат да го делат и по училиштата. Туристичките работници од неколку агенции изјавија дека се воодушевени што конечно за Скопје, за неговите убавини, цркви, манастири, ресторани странците ќе можат да дознаат и пред да дојдат во градот.
За Скопје велат, до сега немало никаков пропаганден материјал, кој би можел да го привлече вниманието на туристите. Инаку овие публикации, градот ги изработи заедно се италијанската асоцијација Сеенет, а се дел проектот туристичка промоција на град Скопје.