Мобилните како замена на платежните картички и во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата baby dool
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
11 јуни 2009
Мислења
44
Поени од реакции
23
Ја прочитав оваа вест пред малку и баш ме интересира како ке биде прифатена кај нас што мислете

Доколку ви се случи да останете без готови пари, а не сте во состојба да употребите платежна картичка, сметката во кафеана или во продавница, која не надминува 1.000 денари, ќе може да ја подмирите преку мобилниот телефон.
Ова се предвидува со предложените измени на Законот за платен промет, што денеска во Скопје ги претстави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Тој најави дека конкуренција на банките во давањето одредени услуги во платниот промет наскоро ќе им станат и мобилните оператори, кабелските и интернет провајдерите.
„Со измените на Законот се овозможува мобилните оператори во договор со субјектите каде што се вршат услуги, да постават терминали и со приложување на мобилните телефони на тие терминали, исто како што тоа се прави со платежните картички, со внесување на пин, да се плати сметката и на крајот на месецот во сметката за телефонот да биде вклучен и трошокот за дадената услуга“, појасни Ставрески.
Тој додаде дека преку сметките од кабелскиот или интернет провајдери ќе може да се платат услуги, но само оние кои што се порачани од дома.
Ресорниот министер информираше дека оваа услуга сепак, ќе биде лимитирана, иако истата на некој начин ја зајакнува конкуренцијата во платниот промет и може да доведе до намалување на провизиите.
„Плаќањата што ќе може да се вршат на овој начин ќе бидат ограничени за поединечен износ до 1.000 денари, а вкупно во текот на месецот до 6.000 денари. Кај поединечните оператори вкупните трансакции кои може да се платата на овој начин изнесува 100.000 денари месечно“, изјави Ставрески.
Оценувајќи дека современиот начин на живеење и современите технологии наметнуваат потреби од нови услуги во сите сегменти од секојдневието, Ставрески рече дека наведените измени се во согласност со европските директиви и претставуваат внесување на современите искуства кои функционираат во современите земји.
 
sto ako se desi i telefonot da go zaboravam ili da nemam baterija, ke moze utre da donesam pari
 
Ќе фајќаме женски на тактика...

"Уште една батерија во новчаник, меѓу картичките и една резерва батерија"

Интересна работта е тоа. Во Јапонија го има тоа веќе нооооооооооогооо време!!
 
кај нас нема да успее, едвај и сега кога се плаќа со картичка се крстат тоа продавачите :)
 
Певалката ќе прифати вака бе? или ташак шо ќе ми игра на маса а јас со телефонов врака, расфрлам кредити ... :D
 
Епа супер, пунам батеријата на телефонот и идам пред МТВ да плаќам :vozbud:
 
Шо зборујш бе Шведска не ни е рамна.
Мала едукација за неедуцираните, Шведска е првата земја во светот која што ги има заменето металните монети со хартиени апоени пред некој век, и сега прва ја прават да биде опшество без кеш, само некои пензионери употребувале пари другото сето дигителни пари кои што постојат на компјутерски екран.

Замисли дека живееш во милионски град и во такво опшество. И поради грешка ненамерна или намерна банкарска останеш без тие виртуелни пари на телефон. Што ќе правиш ќе умреш од глад, храна ќе бараш по контејнери, или ограбиш продавница храна, што е твојот избор?
 
ќе се сетам на овој пост и ќе те пцујам што пророк си бил...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Па највероватно кога ќе планираш да плаќаш со телефон ке ти биде со полна батерија и во џеб.

ti procita li sto e forata so plakanje so telefon... ako slucajno go zaborvas naovcanikot i nemas pari i karticka da platis so telefon... pa spored tebe najverojatno koga ke planiras da plakas ke nosis naovcanik....
 
Па го напишав тоа затоа што нашиот народ највероватно ќе ја користи таа услуга кога ке остане без кеш и без пари на картичките па ќе плаќа со телефон затоа што сето тоа што ке биде плаќано со телефон ќе стига на телефонската сметка наредниот месец,значи во моментот кога ќе нема друго што ќе го користи тоа.......
 
Полека но сигурно ве учат да живеете на кредит. Наскоро ко на запад и во Македонија секој ќе робува на банките, нормално во Македонија тоа ќе биде за помалку пари.
 
Во многу земји, тие што имаат смартфони симнуваат апликација и во супермаркети и најразлични продавници проаѓаат со телефонот како со картица :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom