Шампионот на Македонија би можел директно во Лигата на шампионите?

  • Креатор на темата Креатор на темата Толстој
  • Време на започнување Време на започнување

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.947
Локација
Македонија
Првиот човек на шпанскиот фудбалски гигант Барселона, Сандро Росел, неодамна во интервју за весникот „Кадена сер“ објави револуционерен предлог за реформа на најсилното клупско европско натпреварување според кој во Лигата на шампионите (ЛШ) би учествувале дури 64 екипи наместо сегашните 32 меѓу кои би биле шампионите од сите држави на Стариот континент.

Тоа би значело враќање на правилото пред појавата на ЛШ кога освојувањето шампионска титула во некоја од европските земји значеше и автоматско учество во тогашниот Куп на шампионите, кој се играше според елиминациски принцип. Според планот на Росел, екипите наместо во осум би биле поделени во 16 групи од кои двете најдобри би продолжувале понатаму според нокаут-систем во кој се до финалето би се играле по две средби, по една кај двете екипи.
Предлогот на првиот човек на Барса всушност е подобрување на планот на Мишел Платини, првиот човек на Европската фудбалска федерација (УЕФА), кој пред неколку години наместо една единствена воведе два квалификациски ленти на патот кон ЛШ и тоа една наменета за шампионите на државите што немаат право на директно учество, а друга за тимовите што веќе имаат сигурни учесници во елитното натпреварување.
Усвојувањето на ваквиот предлог на Росел би значело дека шампионите на сите 53 држави-членки на УЕФА, меѓу кои е и Македонија, би имале загарантирани место во ЛШ додека останатите 11 места би биле пополнето делумно со високо пласираните екипи во најквалитетните европски првенства, а делумно преку квалификации.
Засега, планот на Росел е само револуционерна идеја во неговата глава, но знаејќи ги плановите на Платини за континуиран развој на фудбалот во помалите држави тогаш воопшто нема да биде изненадување ако предлогот на првиот човек на Барса наскоро се најде на разгледување во УЕФА. А, тоа би значело и историско учество на еден македонски тим во друштвото на најдобрите европски фудбалски колективи.
А, дотогаш, фудбалските вљубеници кај нас ќе се радуваат ако македонскиот шампион успее да мине барем едно од вкупно четирите квалификациски кола, а минувањето на второто коло би се сметало како вистинска сензација.
ИЗВОР
Што мислите вие, дали ова би можело да се случи, дали верувате во ова?
 
Можеби ќе изгуби на квалитет ЛШ, но ќе има повеќе натпревари за гледање. Еве јас не би гледал натпревар помеѓу шампионот на Молдавија и шампионот на Бугарија...

Инаку Росел добро знае што сака, повеќе натпревари на барса, повеќе пари од преноси, билети, спонзорства и сл.
 
Ќе си гледаме никако квалитетни екипи, а квалитетот ќе си остане дома. Тоа ќе биде добро само за екипите кои доаѓаат од држави како нашава, чии шанси се минимални, некаде и никакви за влез во ЛШ. Ако гледаме за квалитет, супер си е вака ЛШ. Ако сакаат пари од тв преноси појакиве екипи, нека пробаат да издејствуваат враќање на втори групи во ЛШ, нешто што го имаше пред 7-8 години.

8 групи, првите две идат даље, се формираат после 4 групи. Овие ќе бидат 1/8 групи, каде што исто така првите две екпи ќе идат сеа во 1/4 финале. Понатаму се си останува исто.

Ако вака една екипа до финале игра 13 натпревари, така би играла 17 натпревари.
Групи 6, 1/8 група 6, 1/4 2, 1/2 2 и финале 1 натпревар.
 
Ќе има сега утакмици Вардар-Челзи.Само незнам кој ќе ги гледа.Ќе играат мултимилионски клубови против клубови кои годишно имаат буџет помал од 100.000 евра.Па еден играч ќе кошта повеќе од цел еден тим.
 
Добра е идеата, за нас Македонците нели? А и за љубителите на фудбалот, но не и за фудбалерите, вака се зголемува бројот на натпревари на големите екипи кој ќе ти издржи толку натпревари? Мислам дека ова би било тешко изводливо, за мене барем нема да се случи во наредните 4-5 години...
 
Според мене ова е тешко изводливо во наредните неколку години.
Сепак го подржувам овој предлог од аспект на навивач на македонските екипи.
 
Според мене ова е тешко изводливо во наредните неколку години.
Сепак го подржувам овој предлог од аспект на навивач на македонските екипи.

Ова е многу лесно изводливо, но парите место на 32, ќе се делат на 64 дела што значи помал приход за гигантите а со тоа и помала заинтересираност. Нешто како Лига Европа и тоа е тоа.
 
Добра идеја, ама нека се имплементира откако некој хрватски, српски или бугарски шампион пројде групна фаза во сегашниов формат. Дотогаш, ќе биде дополнително уништување на квалитетот, уште поголемо од поделбата на клубовите по репутација на Платини.
 
Па тоа де, жити предизвикот да влезеш во ЛШ ако се направи вакво нешто. (за нашиве тимови зборам)
 
Јас сум за, нели се нарекува Лига на Шампиони што значи треба да учествуваат во неа сите шампиони од сите земји, нормално дека на почеток во групната фаза нема да биде интересно но со текот на годините барем и тимовите од помалите земји ќе се појачаат финансиски и фудбалски, сите знаеме дека добро се заработува само да се влезе во групната фаза.
--- надополнето: 2 ноември 2012 во 17:13 ---
Ова е многу лесно изводливо, но парите место на 32, ќе се делат на 64 дела што значи помал приход за гигантите а со тоа и помала заинтересираност. Нешто како Лига Европа и тоа е тоа.

За тоа нема потврда дека ќе биде така, претпоставки да не си правиме уште сега
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom