Шеј Лонг
Koristam kirilica.
- Член од
- 16 јуни 2010
- Мислења
- 1.987
- Поени од реакции
- 1.611
Во Полска под неразјаснети околности починал еден од клучните сведоци во несреќата на полскиот владин авион „Ту-154“ кај Смоленск на 10 април минатата година, во кој загина полскиот претседател Лех Качински и десетина други истакната полски политичари и воени лица.
Официјален претставник на окружното обвинителство во Варшава Дариуш Слепокура изјави синоќа дека авиоинженерот Ремигиуш Мус на полскиот авион „Јак-40“ бил пронајден обесен во својот дом, каде што живеел со родителите.
Авионот на Муси слетал на аеродромот Смоленск околу еден час пред да се урне полскиот владин авион „Ту-154“.
Во своите искази за време на истрагата Мус изјавил дека дежурниот диспечер на аеродромот во Смоленск одобрил на владиниот авион „да се спушти до височина за донесување одлука за слетување на 50 метри“ и покрај густата магла.
Според официјалната верзија, диспечерот не одобрувал на авионот да се спушта под сто метри.
Според Антони Марчевич, претседател на полската парламентарна комисија за истрага за несреќата кај Смоленск, Мус бил еден од двајцата клучни сведоци за случајот. Вториот е пилотот на „Јак-40“, Артур Вотшил, кој според Марчевич, треба да биде поставен под силно обезбедување.
Извор/Линк
Нешто смрди, се обесил. Зашто се обесил, трауми имал од несреќата? Ма дај премногу проѕирно е ова. Мене ми изгледа класично елиминирање на сведоци.