Windfucker
Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
- Член од
- 30 април 2010
- Мислења
- 8.459
- Поени од реакции
- 15.326
- Возраст
- 122
- Локација
- Wolfpack Reproducing Area
- Веб-сајт
- dangerousminds.net
ГОЛЕМ КОНЦЕРТ ВО „МЕТРОПОЛИС АРЕНАТА“
Култниот словенечки бенд „Лајбах“ на 17 ноември ќе одржи голем концерт во „Метрополис арената“ во Скопје. Нивното гостување во Македонија е во рамките на светската промотивна турнеја „We come in peace“ (доаѓаме во мир).
„Лајбах“ последен пат во Скопје беше во 2007 година, кога настапи на фестивалот „Таксират“, но домашната публика се сеќава на нивниот најдобар настап во Скопје, во рамките на турнејата „NATO“, која се случи пред 18 години, исто така, на Скопскиот саем.
- Колку и да звучи патетично, Македонија е местото каде што имате трема пред настап, каде што се плашите дека мора да бидете совршени, затоа што тамошната публика точно знае што е добро, а што лошо. Поради тоа се и плашам, ама многу ми е драго што повторно ќе уживам со моите обожаватели и пријатели од Македонија - вели лидерот на бендот Милан Фрас, во пресрет на новата средба со македонската публика.
Турнејата „We come in peace“ почна во април оваа година, на која бендот го промовира материјалот од саундтракот за научнофантастичниот филм „Челично небо“ (Iron Sky), кој делумно е инспириран токму од нивната музика, особено од албумот „Volk“ од 2006 година. Во Скопје нѐ очекува голем аудиовизуелен спектакл, каде што, покрај музиката од филмот, ќе бидат изведени и голем број нивни песни како „Geburt Einer Nation“, „Leben Heisst Leben“, „Across The Universe“. Публиката ќе има можност да чуе и некои нови песни, кои ќе бидат вклучени во двата претстојни албума на бендот „Laibach Revisited“ и „Reproduction Prohibited“, кои треба да бидат објавени наскоро.
Групата „Лајбах“ се појавува во 1980 година, а нивната животна и музичка филозофија за кратко време ги вивнува во врвот не само во тогашна Југославија туку и многу пошироко. Тие стануваат предводници на културното движење „ној словенише кунст“ (нова словенечка уметност). Во истиот период во Македонија, пак, се појавува новата авангардна сцена, чиј бајрактар беше „Мизар“, кој, пак, ја предводеше „Македонската стрељба“.
Словенците извршија големо влијание врз многу светски бендови, меѓу кои Германците „Рамштајн“, кои секогаш истакнуваат дека „Лајбах“ се нивните идоли, додека пак пејачот на „Најн инч нејлс“, Трент Резнор, многу одамна призна дека неговиот бенд никогаш немало да биде оформен ако не постоел „Лајбах“.
Поради провокативниот пристап кон музиката, ексцентричните сценски настапи, каде што членовите користат војнички униформи, кои потсетуваат на нацистичката естетика, како и името на бендот што е позајмено од германскиот назив на Љубљана, бендот постојано бил обвинуван дека го поддржува фашизмот. Бендот секогаш ги отфрлал тие обвинувања, а нивниот пејач испровоциран од ваквите обвинувања во една пригода има изјавено: „Ние сме фашисти исто колку што Хитлер бил сликар“.