Заштитна фолија

  • Креатор на темата Креатор на темата rossi
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 ноември 2008
Мислења
49
Поени од реакции
2
mi treba zastitna filija za telefoni ama mi trebaat golemi parcinja pa posle toa jas ke gi secam so masina kade moze da se najde takvo nesto ? :confused:
 
речиси за секој телефон ( барем поновите ) има веќе исечени фолии, right?
незнам зошто би се мачел сам ;)
 
не се мачам јас тоа е работата..:) ја ставаш хартијата даваш димензии и ја сече машината ... и ке ги продавам после тоа по мобилари :D затоа ми треба таква фолија ако некој знае каде има ?
 
не се мачам јас тоа е работата..:) ја ставаш хартијата даваш димензии и ја сече машината ... и ке ги продавам после тоа по мобилари :D затоа ми треба таква фолија ако некој знае каде има ?
На ebay.com да провериш?
 
тука тешко нешто такво да најдеш само од странство, а на ебау и амазон имаш фолии средени само да ги залепиш по 10 центи ако не и поевтино
 
тука тешко нешто такво да најдеш само од странство, а на ебау и амазон имаш фолии средени само да ги залепиш по 10 центи ако не и поевтино
Човекот сака да произведува фолии, не да си стави на телефонот. Чита некој претходни мислења воопшто?
 
Човекот сака да произведува фолии, не да си стави на телефонот. Чита некој претходни мислења воопшто?
некој глуми паметен
ај прочитај уште еднаш па може и ќе ја сватиш целта на постот :нинџ:
 
ај подетално удри една пресметка :
ако една фолија која е исечена по димензии чини 10центи (тука имаш и пакување , крпче за бришење и слично) дали навистина би ти се исплатело да произведуваш?
ако веќе сакаш да правиш бизнис со такви заштитни фолии (што според мене изгледа како добар за почеток) повеќе се исплати (според мене) да се поврзеш со производител некој од кина и дирекно да ги набавуваш од нив како котов производ отколку да ја набавуваш суровината (котури фолија) па да ја сечеш (тука имаш трошок за машина експлатација и слично)
ако се договориш со кинезите би можел и за доста пониска цена да ги набавуваш (дека се работи за поголеми количини) 10 центи да те фати со се транспорт до македонија (е сеа незнам како ке иде со царини и даноци ама сигурно нема да помине 100% од вредноста) Е сеа ти имаш готов производ кој е спакуван и спремен за продажба за 20 центи по парче. со оглед на тоа што низ мобилариве се продаваат по 3-5 $ парче (бар толку беа јас кога барав пред неколку месеци) најверојатно набавната цена им е околу 1$ од каде со некој прости пресметки ти би добивал по некаде 50 центи (минимум ) заработка од парче.
Мене оваа опција на препродавање ми звучи за почеток како по добра опција отколку за да ги произведуваш , односно ти да ги сечеш зошто навистина сметам дека ке има поголеми трошоци зошто тешко тука да најдеш матријал за производство и пак ке треба да одиш преку кина и кога ќе видиш се на се испаѓа скоро исто како да си набавил готови производи сепак ако веќе сакаш да почнеш сериозен бизнис треба подетално да ги разгледа сите опции :)
 
не се мачам јас тоа е работата..:) ја ставаш хартијата даваш димензии и ја сече машината ... и ке ги продавам после тоа по мобилари :D затоа ми треба таква фолија ако некој знае каде има ?

Оф мори мајкооо ... нема да ти се исплати да се натпреваруваш со кинези во цена ама ИЧ нема да ти се исплати
тие фолии ко прво се спакувани со амбалажа, крпче за бришење, тракатанци
ти нема теорија да им продаваш на мобиларите пошто преефтина е фолијата да ја набавиш
така да најди друг бизнис од овој нема да имаш перспектива
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom