Воени авиони

  • Креатор на темата Креатор на темата Bacillus gagous
  • Време на започнување Време на започнување
Сметам дека французите се супериорни према сите овие ссср и Usa играчки што ги постирате
 
Гледам Боинг ќе го правел новиот 6 генерација авион F-47. Не знам како стигнаа до F кога нема ни прототипови кои ја добиваа ознаката YF. Авионов делува ко да сеуште е на папир. Прототип може да испадне за 5 години а пак авион за 10+ од сега.
 
Она што видов и чув дека била голема конкуренција имало и др летала, но генералите се одлучиле за Боинг. Предпоставувам дека веќе имаат спремни прототипи што летаат па по тоа донеле одлука кој модел ќе биде ген 6.Вака беше и за ф22 кога го бираа ...
 
Се враќаме на заборавените авиони од минатото, особено оние од втора светска.

Аргентина како официјално неутрална а неофицијално симпатизерски настроена кон оската, во раните 40-ти се нашла во незавидна ситуација. Имајќи авиопарк составен од сосема застарени фрејмови, се наметнала потребата за итна модернизација на воената авијација.

Како и многу други авиони за кои пишував на темава, така и овој е резултат на потпирањето на свои сили во изграбда на платформа која не би можела да се набави од увоз.
Така околу 1941 се појавува проектот на ФМА по име Калкин кој ќе треба да биде основа на тактичката авијација на Аргентина, т.е тактички бомбардер но и тежок ловец по потреба, нешто како аргентинска верзија на култниот Москито. Немањето на опции во поглед на погонска група, аргентинските конструктори се нашле во незавидна положба. Тек со официјалниот крај на ратот се појавила можност за набавка на Прат и Витни ѕвезди од 1200 кс, од оние кои биле на Ц-47, Б-17 и Б-24, значи ги имало во изобилие и биле екстремно ефтини, дампинг ситуација.
Од вооружување тука биле феноменалните Испано-Суица ХС-404 од 20мм со дури 1200 гранати во комбинација со еден тон бомби и ракети. Освен тоа тука биле и 4 митралези од 7,65мм со 2000 куршуми кои требало да послужат за поддршка на копнените сили. Извонредно добро наоружан, оклопен и отпорен, овој авион цената ја платил во брзината која била ужасна за тоа време. Празен авион би можел да потегне до 500+ км/ч, но под борбена спрема тоа би било 400+ км/ч во најдобар случај. Тоа значело дека за разлика од Москито, Калкин не би имал никаква шанса да биде ноќен пресретнувач.

53602418679_d02aeb958b_o.jpg

Биле произведени најмалку 100 а најмногу 120 летала во доцните 40-ти кои биле основа на аргентинската ударна авијација. Но со крајот на војната на пазарот се појавиле воени вишоци на сите страни така да потребата од домашен авион значително ослабнала.
Аргентина набавува стратешки Авро Линколн, тектички Москито и јуришни Ф-4У меѓу другото.
Освен тоа, ерата на млазната авијација е на дофат.
Калкин ќе служи до почеток на 60-ти во улога на ударен авион. Процентот на загубени авиони во несреќи бил значителен што го прави овој авион монументална грешка, застарен пред да полета, преслаби мотори за таа тежина и обидите за ловечки или пресретнувачки маневри завршувале кобно.
 
Сметам дека французите се супериорни према сите овие ссср и Usa играчки што ги постирате

@callejón de la muerte

3 - 0 за Кинеските Ј-10 во првата утакмица против Француските Рафали во последнава рчка Пакистан против Индија.
 
@callejón de la muerte

3 - 0 за Кинеските Ј-10 во првата утакмица против Француските Рафали во последнава рчка Пакистан против Индија.
Тоа беа првични информации, но изгледа има докази за само еден изгубен Рафал, и тоа тврдат дека не бил погоден од непријателот.
 
Тоа беа првични информации, но изгледа има докази за само еден изгубен Рафал, и тоа тврдат дека не бил погоден од непријателот.

Пакистанците тврдат дека собориле 6 авиони.

Според моторите на олупините соборени се барем 2 авиони од Француско произбодство, значи 2 Рафали или 1 рафал и 1 Мираж.

Инаку “борбата“ била дека 126 авиони од максимална одалеченост испалуваат ракети едни на други и со фрлање мамци се повлекуваат. Две нуклеарни држави каде 1/3 до 1/2 од населението нема пристап до санитарен чвор само во ракети ВВ фрлаат кој знае колку пари во ветер.

Индијците губат авиони заради инсистирањето да ја користат нивната Брамос ракета за напад на копнени цели и морале да се приближат повеќе него што е сигурно.

Според штетата на земја Пакистанците го изеле подебелиот стап но во воздух барем имаат утешна награда.

Што се однесува до стварните загуби нема да знаеме со години но Индија одбива да објави било што така што не би ме чудело да имаат 3 загуби.

Моја предпоставка или 2 Рафали и 1 Мираж или 1 Рафал, 1 Мираж и 1 Миг 29.
 
Пакистан со помош на авакс им ги рокнал авионите, немало догфајт. Ракетите се кинеско производство PL-15 beyond visual range.
 
Пакистан со помош на авакс им ги рокнал авионите, немало догфајт. Ракетите се кинеско производство PL-15 beyond visual range.

Да, но наводно се приближиле мааааалку повеќе него што требало за да ги тестираат новите проектили воздух - аемја и затоа настрадале.

Значи 126 авиони од двете страни се мавале beyond visual range и потрошиле стотици ракети но имале време за избегнување. Овие на инсистирање од командата се приближила таман да имат пократко време на реакција и ете.
 
Пакистанците тврдат дека собориле 6 авиони.

Според моторите на олупините соборени се барем 2 авиони од Француско произбодство, значи 2 Рафали или 1 рафал и 1 Мираж.

Инаку “борбата“ била дека 126 авиони од максимална одалеченост испалуваат ракети едни на други и со фрлање мамци се повлекуваат. Две нуклеарни држави каде 1/3 до 1/2 од населението нема пристап до санитарен чвор само во ракети ВВ фрлаат кој знае колку пари во ветер.

Индијците губат авиони заради инсистирањето да ја користат нивната Брамос ракета за напад на копнени цели и морале да се приближат повеќе него што е сигурно.

Според штетата на земја Пакистанците го изеле подебелиот стап но во воздух барем имаат утешна награда.

Што се однесува до стварните загуби нема да знаеме со години но Индија одбива да објави било што така што не би ме чудело да имаат 3 загуби.

Моја предпоставка или 2 Рафали и 1 Мираж или 1 Рафал, 1 Мираж и 1 Миг 29.

Тврдат дека собориле 6 авиони (плус дрон) но немаат докази, а wreckages од авионите на снимките не одат во нивен прилог.
Веројатно изгубен е еден Рафал и еден Мираж (и веројатно еден Миг-29), но останува знак прашалник дали Рафалот е изгубен од непријателски оган.
И едната и другата страна мора да вадат аргументи кои им одговараат, но барем Пакистан, тој што тврди дека соборил авиони, треба да приложи докази, а засега тоа не е случај.

Не верувам многу, сепак не се знае, но голема е веројатноста да имаат гаѓано decoys, ова зборувам за Рафалите, бидејќи се едни од најнапредните авиони што учествувале во битката.
 
Двете страни традиционално лажат (мислам Цигани се и едните и другите нели :D ) но јас на слики видов (ако најдам ќе поставам, форумот беше во аут кога се случување се ова) олупини со 3 француски мотори и еден неиндетификуван.

Најверојатно 1 Рафал (2 мотори), 1 Мираж и 1 Миг 29 или некој друг авион.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom