ЕУ ја доби Нобеловата награда за мир

Дали ЕУ заслужи да ја добие Нобеловата награда за мир?


  • Вкупно гласачи
    101

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Ете и овој ден го дочекавме. Искрено, мене не ми е јасно како може институција да добие Нобелова награда за мир. Јас сум лично застапник дека луѓе треба да ги добиваат наградите, затоа што тие се борат за мир, тие придонесуваат светот да биде малку подобар, ама тоа се индивидуи, а не институции.
Друго, малку ми е иронично тоа што ЕУ ја добива оваа награда, а речиси сите нејзини членки праќаат воени трупи и одат во воени мисии во Либија, Ирак, Авганистан и така натаму затоа што нели речиси сите се во НАТО. На кој начин тоа тие придонесуваат за мир? Навистина ме интересира? Дали само затоа што нема војна во Европа, ја заслужуваат по дифолт?
Навистина ме интересираат вашите мислења, дали ЕУ навистина ја заслужува ова награда?
Ако веќе сакаа некого да наградат, подобро ќе беше на одредена индивидуа од ЕУ да и ја дадат наградата. Индивидуа која напорно работела. Вака ем сите ја добиваат, ем никој не ја добива.... Барем тоа е моето скромно мислење.

Еве го текстот следи подоле:


еУ добитник на Нобеловата награда за мир
Таа се смета за најважно одличје за заслуги за мирот во светот: Нобеловата награда за мир годинава ја доби Европската унија. ЕУ придонела за напредок на демократијата и мирот во Европа.
Европската унија е добитник на Нобеловата награда за мир. ЕУ ја доби наградата бидејќи „повеќе од шест децении придонсе за ширење на мирот и помирувањето, демократијата и човековите права во Европа“, образложи претседателот на норвешкиот Нобелов комитет во Осло Торбјорн Јагланд. Европската интеграција се смета за пример за мирен соживот на државите, дополни поранешниот новршки премиер Јагланд. Европската унија е „најуспешниот мировен проект“ по Втората светска војна, се вели од Осло. Во актуелната еврокриза одличјето, пак, е важен знак за ЕУ.
Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц во првата реакција истакна дека е „почестен“ што Нобелвоата награда за мир и’ е доделена на Европската унија. „Тоа може да послужи како инспирација“, се произнесе Шулц преку Твитер. „ЕУ е единствен проект, кој војната ја замени со мир, а омразата со солирадност“.
Еден час пред официјално да биде објавен носителот на Нобеловата награда за мир норвешкиот јавен радиодифузен сервис НРК, кој вообичаено се смета за добро информиран, неофицијално објави дека ЕУ годинава е носителот на наградата. Медиумскиот сервис информираше дека изворот е релевантен, без притоа да го наведе. Годинaшната одлука е донесена едногласно од сите пет членови на Комитетот, објави медиумот. Тоа што одлуката продре во медиумите пред официјално да биде објавена е невообичаено.
Европската унија досега повеќепати беше кандидат за Нобелова награда за мир.

Извор.


 
Гледаме како држат мир во Шпанија и во комшилак.По 673 пат на СВП, лицемерието во ефект!
bombing-for-peace-is-like-fucking-for-virginity.jpg
 
Видовте колку е паричната награда? Добро ќе и дојдат на ЕУ пари, на Грција уште повеќе.. .)
Наградата, чија парична вредност изнесува 1,2 милиони долари, официјално ќе му биде доделана на претставник на Унијата на свечена церемонија што ќе се одржи во Осло на 10 декември.

Одлуката за доделување на Нобеловата награда за мир на ЕУ била донесена едногласно од страна на членовите на Комитетот, со кој претседава генералниот секретар на Советот на Европа, Турбјорн Јагланд.
Следната година очекувајте Новеловата Награда за Мир да ја добие седиштето кое ја доделува Нобеловата Награда, заради доделувањето на Нобелова Награда за Мир?! :tapp:
 
А со што допринесе Еу за мир во Европа кога Баскија и ЕТА се креваат во воздух повеќе од 20 год борејќи се за независност. Каталонија протестира скоро секој месец, на Косово врие од дрога, бело робје и нелегална трговија со оружје и опиум. Во Украина ги тепаат до смрт кога протестираат, Виктор Орбан носи ултра десничарски закони, неофашистите во Грција убиваат луѓе на сред улица. Малку е една награда требало две да добијат....


Убеден сум дека во Европа постојат барем пет личности кои заслужуваат да ја добијат наградава повеќе од институцијата.
 
Види, види ЕУ едногласно избран за Нобелова награда за мир o_O
А наградата на ЕУ е доделена за нејзиниот повеќе од шестдецениски придонес во напредокот на мирот, демократијата и човековите права во Европа.
Зар зборуваат за истата онаа ЕУ која нас ни вели да си го промениме името, јазикот и идентитетот затоа што некоја си нејзина членка имала проблем со нашето име?
Зар зборуваат за истата ЕУ која за едни држави е мајка, а за други маќеа, за едните важат законите, а за другите си ги толкуваат како што им одговара? Награда за мир на истата онаа ЕУ која се обидува да го заташка случајот со трговијата на човечки органи на Косово?
Зар на таа ЕУ и е доделена нагладата за мир? Ако одговорот на прашањава е потврден, тогаш секоја чест навистина наградата отишла во ‘‘прави раце‘‘.
А и не е многу, наградата е само 1,2 милиони долари, ситница:свиркам:

Подобро тие 1,2 милиони долари да ги донираа во храна и облека во сиромашните земји, каде што навистина е потребна помош, отколку да прават циркус и да ги доделат парите таму каде што не им е местото.
 
Гласав со „Сеедно ми е“, пошто и оваа награда (зборам за делот за наградата за мир) како и многу други изгуби на вредност. Ахтисари, Обама, ЕУ... доволно говори.
 
Ова е последната фаза од западната пропаганда.
Сега веќе не се скриваат како пред 10-15 години зад параванот на објективност или нешто друго.
Се повеќе на хоризонтот се гледа финалната пресметка помеѓу "добрите" и "лошите".
Додека се пресметуваа со помали држави(Србија,Ирак Сирија Либија)тогаш за таа улога ги имаа нивните соросидни фондации(тука секако е вклучена и Нобеловата награда за мир).
Сега за големите(Русија Кина)им треба нешто големо па затоа им е овој "сертификат" за миротворство,што би следело дека другиве се агресивни варвари кои сакаат да ги нападнат и уништат.
Мислам дека овие доделувања на награди прво на Обама па на ЕУ не се воопшто наивни и опасно му се закануваат на светскиот мир.
 
После Ахтисари и Обама ништо нема да ме зачуди повеќе со Нобеловата награда.
Наредно е Папандреу да добие Нобел за економија.
 
ЦЦЦ значи се само да се хејтало.Не ми е јасно како не можете да бидете благодарни по се што Европската Унија направи за Македонија и регионот.
Кај нас веќе се спроведува преродбата и нема потреба за понатамошни грижи.
Во соседно Косово цело време се отвараат работни места, се гради инфраструктура, економијата им цвета, а проблемот со трговијата со органи,бело робје и дрога е минато.(Не е ова само мој став прашајте го Дарданија ќе ви потврди).
Во соседна Бугарија и Грција пак Македонецот слободно може да се изјасни како Македонец има право на свој јазик и идентитет и секоја можна постапка од група или поединец која може да се интерпретира како национализам е строго казнета.
Соседна Србија под притисок на ЕУ ја сфати својата грешка и ја призна МПЦ и се извини пред целиот македонски народ.
Соседна Албанија вети дека нема да не пука :pos:
И после се ова вие имате лице да плукате по ЕУ неблагодарни кучиња:eek:
 
тск тск тск ..... тешка хипокризија, овие од Нобеловиот комитет се тотално ненормални, прво на претседател на држава која е константно во војна со повеќе држави во светот и убива илјадници луѓе годишно му доделува награда за мир, а сега доделува на иснтитуција која воопшто не заслужува таква награда... I don't want to live on this planet anymore....:sick:
 
Како оди процедурата за номинирање за Нобелова награда за мир?Ако можам сам да се пријавам,ќе го сторам тоа со оглед колку е слаба конкуренцијата во последниве години.Сигурен сум дека имам придонесено повеќе за мирот од Обама и ЕУ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom