Ново органско Cd со огромен капацитет!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Органско ЦД добиено од бактерии, со меморија од околу 50.000 гигбајти или 50 терабајти кое целосно треба да ги замени сите хард дискови и најразлични ДВД стандарди. На ова работат професорите од Харвард кои успеале да добијат протеински слој составен од генетски модификуван, фото-сензитивен бактериски протеин способен за забележување на податоци.

Посакуваниот протеин се вади од мембраната на бактеријата Halobacterium salinarum која може да се најде во солените мочуришта. Таа ги впива сончевите зраци и подоцна ги претвора во хемиска енергија.

Преку изменување на ДНК-та што го создава bR протеинот, научниците успеале да создадат спроводник кој нормално трае неколку дена, да трае неколку години. Тие ја подигнале и топлотната издржливост на протеинот за да може да ги мине високите температури генерирани при запишување на терабајтите.

Капацитетот на новиот медиум се должи на можноста информацијата да се запише во протеините кои зафаќаат само неколку нанометри, што дозволува на еден диск да се стават илјадници такви. Новата технологија најверојатно прво ќе биде тестирана од војската а научниците подоцна веруваат дека таа ќе биде ослободена и за користење во медицината или забавната индустрија.
извор
 
Се е ок само ке требаат сигурно уште 5-10 години за да стане комерцијален овој производ.
 
deXterche напиша:
Се е ок само ке требаат сигурно уште 5-10 години за да стане комерцијален овој производ.
Како што му требаа на персоналниот компјутер 40 или на обичниот цд-ром 10 или на и на еден куп ствари кои што се тестираат неколку години за да дојде до масовно збирање на кеш без компликации. Тоа е точно.
 
ова ке биде светско чудо
 
dav напиша:
ова ке биде светско чудо
Ако првото цд го рачунаш за светско чудо, или Хард диск од 500 Гига или првиот хард диск од неколку К или флопи или магнетната дискетна единица ондак...
 
Колку што знам јас постојат само 7 светски чуда:pos2: Ако и органско CD се вброи во нив :nesvest:
 
Никакво чудо, едноставно производ на истражувањето во областа на нанотехнологија и нанобиологија, само многу малку се свесни за ова.
 
50 терабајти... еее тоа е многу. Би сакал вакво ЦД. :lud:
 
Ovaa rabora e stvarno COOL!!!!! I jas bi sakal vakvo CD
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom