TpH_Bo_OkO
Трноризец
Органско ЦД добиено од бактерии, со меморија од околу 50.000 гигбајти или 50 терабајти кое целосно треба да ги замени сите хард дискови и најразлични ДВД стандарди. На ова работат професорите од Харвард кои успеале да добијат протеински слој составен од генетски модификуван, фото-сензитивен бактериски протеин способен за забележување на податоци.
Посакуваниот протеин се вади од мембраната на бактеријата Halobacterium salinarum која може да се најде во солените мочуришта. Таа ги впива сончевите зраци и подоцна ги претвора во хемиска енергија.
Преку изменување на ДНК-та што го создава bR протеинот, научниците успеале да создадат спроводник кој нормално трае неколку дена, да трае неколку години. Тие ја подигнале и топлотната издржливост на протеинот за да може да ги мине високите температури генерирани при запишување на терабајтите.
Капацитетот на новиот медиум се должи на можноста информацијата да се запише во протеините кои зафаќаат само неколку нанометри, што дозволува на еден диск да се стават илјадници такви. Новата технологија најверојатно прво ќе биде тестирана од војската а научниците подоцна веруваат дека таа ќе биде ослободена и за користење во медицината или забавната индустрија.
извор