Бугарските ѕверства во Србија 1941-1944 г.

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Возраст
70
Локација
Skopje
Учеството на фашистичка Бугарија и на нејзините вооружени сили (војска и полиција) на почвата на Југославија не се заврши со окупација на делот од Македонија и од југоисточна Србија: заземањето на нови југословенски територии уследи по нападот на хитлеровска Германија против Советскиот Сојуз,што од Германија бараше огромни сили и напори и на Источниот фронт и во заднината,на Балканот,а особено во Југославија.

Во таква ситуација Германија од својот сојузник фашистичка Бугарија бараше нови воени ангажирања,па во првите денови на 1942 година бугарските вооружени сили во јачина од еден корпус зазедоа и делови од Србија, под германска окупациона власт, и со тоа ги ослободија германските сили за дејства на Источниот фронт.

Хитлеровата директива број 39-а од 15 декември 1941 година за уште поголемо ангажирање на бугарските трупи во Србија,требаше да послужи токму за таа цел,и да се извлечат што е можно повеќе германски дивизии од Југославија за Источниот фронт.

Бројната состојба на 1.бугарски окупационен корпус изнесуваше 25.ооо војници.За генерал беше поставен Асен Николов,кој остана се до капитулација на Бугарија.

Војската на фашистичка Бугарија се бореше во Србија три и пол години, прво на помал дел,оној анектираниот од април 1941 година, а потоа речиси на целата српска територија,против народноослободителното движење и притив српскиот народ.По секој вооружен судир со единиците на народноослободителната војска, бугарската војска правеше тешки злосторства над српскиот народ.
Според проценките на Државната комисија за утврдување на ЗЛОСТОРСТВАТА на окупаторот во текот на окупацијата 1941 - 1944 година бугарските војници и полиција имаат убиено 11.170 граѓани на Србија. Од нив еве табеларен приказ:

Стрелани мажи.......................3.677
Стрелани жени ..........................366
Стрелани деца ..........................167
Обесени мажи ..............................87
Обесени жени ...............................14
Заклани мажи ............................ 179
Заклани жени ................................14
Заклани деца ..................................5
----------------------------------------------------------------------------

Покрај ова многумина беа запалени или фрлени во запалените куќи,
многумина подлегнаа на повредите од „крвничкото бугарско“ мачење
а многумина и исчезнаа, убиени,закопани и сл.

(Извор: Бугарска војска у Југославији 1941-1945 (група автори)
меѓународна политика - Београд 1971 година)
 
Бугарите ова?? :eek: Ма нее, тие се толку фини, мирољубиви и добри, мува не би згазиле. Мора да се работи за некоjа грешка
 
Шпекулации се ова...докажано е од големи бугарски историчари дека они во 2ра светска војна биле неутрални и дека само членувале во црвен крст за помош на повредените лица .
 
Водете нормална дискусија од историски а не дневно-политикантски аспект.
 
Тоа е воjна и ако се сомневам многу во броjките,но да допуштам дека са точни.
Самиот факт,дека нема ни един суден бугарин за ЗЛОСТОРСТВА во мегународен суд, зборува доволно.
И колко фино пропушти да ни информираш дека точно 5-тата бугарска армиja е направила тоа, а както сите знаат 5-тата бугарска армиja е имала 70% состав от териториите на днешна РМ. :)
Со два збора - тоа што ти ни го презентираш во голема мера е извршено и от македонци.
 
Нема војна без цивилни жртви , дури и бомбите истурале над Бугарија од демократска САД убиле доста цивили. А во Србија против бугарската армија се водеше вистинска народно-ослободителна војна (Германци и Бугари биле окупатор ), за разлика од ситуацијата во Македонија , каде што против Бугарите дивели само комунисти (кои само во Русија убиле повеќе луѓе од колку хитлеристите во целиот свет )
 
А во Србија против бугарската армија се водеше вистинска народно-ослободителна војна (Германци и Бугари биле окупатор ), за разлика од ситуацијата во Македонија , каде што против Бугарите дивели само комунисти
Токму обратното е вистината.
Во Србија до 1944 г. не се знаеше кој ќе надвладее, дали партизаните или четниците на Дража и Недиќевците, а да не споменувам и дека Британците за секој случај кај себе го чуваа југословенскиот-српски крал Павле и владата на кралството Југославија во егзил.

Во Македонија имаше ВИСТИНСКА народно-ослободителна војна каде против бугарската, шќиптарската, германската, италијанската, српската-четничка и грчката агресија на борба се крена македонскиот народ, при што на крајот успеа на дел од својата историска етно-географска земја да формира македонска држава која се припои кон ФНРЈ.

Коментирајте по темата без произволни глупости што се базираат врз непостоечки глупости.
 
Тоа е воjна и ако се сомневам многу во броjките,но да допуштам дека са точни.
Самиот факт,дека нема ни един суден бугарин за ЗЛОСТОРСТВА во мегународен суд, зборува доволно.
И колко фино пропушти да ни информираш дека точно 5-тата бугарска армиja е направила тоа, а както сите знаат 5-тата бугарска армиja е имала 70% состав от териториите на днешна РМ. :)
Со два збора - тоа што ти ни го презентираш во голема мера е извршено и от македонци.
ФМИ - нешто си помешал со вашата славна армија и нејзините (зло) дела.
еве за тебе и другите,од ваши учебници нешто да научите
-“Отечествената воина на Болгарија“- том 1 стр.267-268:
А 7,к.89,рег.бр.1/8, 6/9: к. 302, рег. бр 49/3

- Во 1942 година бугарските вооружени сили беа вака распоредени:
Во Србија беше упатен (по барање на Хитлер)1окупационен корпус-јачина три дивизии
Во Македонија беше - 5 окупациона армија
Во источниот дел на Егејска Македонија и во западна Тракија-две пешадиски дивизии и една коњичка бригада.
На границата спрема Турција-три пешадиски и една коњичка дивизија.
На Црноморскиот брег - една дивизија
Другите сили беа распоредени во внатрешноста на Бугарија.
-------------
Наредбите за бугарската воена морнарица ќе ги подготвува Германската група на морнарицата „ Југ“
Наредбите за бугарското воено воздухопловство ќе ги подготвува Германскиот 10. воздухопловен корпус преку команда за Југоисток.
------------
Во 2СВ се до 9 септември 1944 година,Фашистичка бугарија имаше 22 дивизии под капата на Хитлер,вклопени во оружените сили на силите на Оската.Од кој 12 до 13 дивизии ги извршуваа окупационите задачи.
Во 1944 година тие сили беа вака распоредени
9 дивизии во Југославија
3 дивизии во источниот дел на Егејска Македонија
3 дивизии на границата со Турција.
2 дивизии на брегот на Црното море.
6 дивизии во внатрешноста на Бугарија.
------------
за вашите славни воени единици толку,а темата е за нивните зверства во Србија,
во време на 2 СВ, ако имаш нешто за тоа кажи.
На пример зошто за еден заробен или убиен бугарски војник, стрелавте 35-50 невини селани а најчесто жени и деца,неможејќи да се справите со партизаните.
 
Так де, за 2СВ зборуваме. Малце повеке са дивизиите,но аjде,не е толкова битно тоа.
Ето каде е 5-та Армиja.

Штаб на 5 армиja-Скопje
50-ти пешадирски полк - Пирот
52-ти пешадирски полк - Вранja
6-та ПД - Заjчар
14-та ПД- Скопje
6-та ПД - Битола
1-ви кавалериjски полк - Штип
2-ри кавалериjски полк - Скопje
Да те прашам,дали Заjчар,Вранja и Пирот са во Македониja?
Или може би ке ни обесниш како Jгославиja нападна Бугариja без да обjaви воjна во почетокот на Април 1941?
 
Токму обратното е вистината.
Во Србија до 1944 г. не се знаеше кој ќе надвладее, дали партизаните или четниците на Дража и Недиќевците, а да не споменувам и дека Британците за секој случај кај себе го чуваа југословенскиот-српски крал Павле и владата на кралството Југославија во егзил.

Во Македонија имаше ВИСТИНСКА народно-ослободителна војна каде против бугарската, шќиптарската, германската, италијанската, српската-четничка и грчката агресија на борба се крена македонскиот народ, при што на крајот успеа на дел од својата историска етно-географска земја да формира македонска држава која се припои кон ФНРЈ.

Коментирајте по темата без произволни глупости што се базираат врз непостоечки глупости.

Секоја тема во која се спомнуваат Бугари има за цел да ни оклевети и да покаже какви сме ѕверови , но сето тоа е бесмислено - границите се отворени и може да се минува "од едната зоолошка градина кон другата зоолошка градина " беспрекорно.
Што се однесува до вториот став од твојот пост - взами аспирин или парацетамол , бидејќи мај си спиел на текот. А може и да си роден идиот ... но се надевам дека ќе е првото . Не мe прашувај за аргументи , едноставно почнувај да читаш (ќе помогне ветувам ти)
 
Сакаш да кажеш дека благодарение на вашето учество на форумов и сите теми кои ги отварате на Историја служат за да покажат колкави тоа космополити сте и колку ја почитувате македонската посебност?

Вашите постови говорат за целта на вашето присуство овде. Нема потреба од колективно виктимизирање во случаите кога се извлекуваат вашите валкани гаќи на површина. Смрдеата од нив нема да исчезне доколку се правиме дека ги нема.

Твоето мислење е равнозначно на твоето кампањско и наменско пишување на форумов.
 
Или може би ке ни обесниш како Jгославиja нападна Бугариja без да обjaви воjна во почетокот на Април 1941?
Едноставно Германија ја нападна Југославија без да објави војна. Германски единици навлегоа во Југославија преку Бугарија.Немој да речиш дека Бугарија била приморана од Германија да дозволи напад на сосед од нејзина територија.

Operation25yu_BG.jpg

Значи Бугарија требало да се офајди од германскиот напад. Југословенските авиони со право ја бомбардирале Софија. Покрај Софија ја напаѓала германската колона за Скопје.
 
^^ От многу време ви чекам да ни кажете кога Бугариja стапува во тристраниот пакт и кога германските трупи влегуват преку Дунав. Никоj се уште не го е направил от вас.
Извини, бомбардиране на воени колони ли е направила авиjaциjaта на Jгославиja и знаеш ли што е бомбардирано?
Тоа е исто все едно Jгославиja да ви бомбардира вас,заштото имате албанки и тиja ги напагат.
 
1-ви Март '41.

На територија на Кралство Југославија се напаѓани колоните за Скопје. Куманово - Крива Паланка - Ќустендил.

На територија на Царство Бугарија: југословенски авиони Дорние 17 ги бомбардира индустриските делови на Софија и Ќустендил.

Не ти ја разбирам споредбава со Југославија и албанките.

Туку ај југословените ве мразеле па ве нападнале. Зашто РАФ бомбардирал цели во Бугарија на истиот ден?

Сигурно не им тежеле бомбите на авионите од тип Бристол Бленхајм и Викер Велингтон над Петрич и Хотово.
 
Едноставно Германија ја нападна Југославија без да објави војна. Германски единици навлегоа во Југославија преку Бугарија.Немој да речиш дека Бугарија била приморана од Германија да дозволи напад на сосед од нејзина територија.

Значи Бугарија требало да се офајди од германскиот напад. Југословенските авиони со право ја бомбардирале Софија. Покрај Софија ја напаѓала германската колона за Скопје.

Што значење има тоа? Зошто Југославија бомбандира невини граѓани, без Бугарија ниту да и ја објави војна, ниту да ја нападнала? Зошто Југославија не бомбандира Германската армија, а напаѓа цивилното население?

При бомбардирањето на Ќустендил загинаа 58 граѓани, 2 бугарски и 8 германски војници, и се повредени 59 граѓани, 5 бугарски и 31 германски војници.

Види добро жртвите, колку војници и колку цивилни жртви и сам процени дали нападнале цивилно население или германски војници. Бугарската војска воопшто не учествувала во воените дејствија во тоа време.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom