$korpion
MusicProducer
- Член од
- 14 април 2009
- Мислења
- 252
- Поени од реакции
- 90
Кинеската Народноослободителна армија вчера го доби својот прв носач на авиони, кој всушност е обновен поранешен советски брод.
Церемонијата за вклучување на носачот на авиони во военопоморските сили на Кина се одржа во североисточното пристаниште Далјан. На поранешниот советски брод, кој некогаш се викаше „Варјаг“, беше издигнато државното знаме на Кина, а исто така и знамињата на Народноослободителната армија и на военопоморската флота. - Неговото пуштање во употреба ќе се случи подоцна, пишува кинескиот весник „Глобал тајмс“, кој се објавува на англиски јазик.
Тензиите во Азиско-пацифичкиот регион се зајакнаа во изминатиот период, откако Кина ја потврди својата решителност да ги одбрани територијалните претензии во однос на Јапонија, Виетнам и Филипините.
Пекинг исто така одлучи да ја откаже церемонијата, која беше закажана по повод 40-годишнината од нормализирање на односите меѓу Кина и Јапонија. Ненаселениот архипелаг Сенкаку во Источнокинеското Море, кое од Кина е нарекуван Диаоју, уште од ’70-те години на минатиот век е јаболко на раздорот меѓу двете најмоќни економии во Азија.
САД и Јапонија побараа од Кина да појасни зошто има потреба од поранешниот советски брод, кој го купи од Украина во 1998 година. Пекинг минатата година ги потврди своите планови за модернизирање на стариот носач на авиони, нагласувајќи дека бродот нема да претставува закана за соседните земји и оти ќе биде исполнуван за обука и научни истражувања.
Кинеската Народноослободителна армија, која е најголемата во светот, е исклучително дискретна, во однос на нејзините програми за одбрана, кои се повеќе се финансираат, поради растечкото темпо на економскиот развој во земјата.
Пентагон во март објави извештај, во кој се наведува дека Пекинг ќе вложи огромни средства за модернизирање на своите военовоздухопловни сили, подморници, противбродски и противсателитски оружја. Тие можат да бидат искористени за да се спречи пристапот до стратешките зони, како јужниот дел на Источнокинеското Море, се тврди во документот, според кој Пекинг за одбраната одвојува меѓу 120 и 180 милијарди долари.