Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.304
Поени од реакции
34.690
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Порано имаше ваква тема, ама тргна во погрешна (сеирџиска) насока, застаре, дојдоа многу нови членови од тогаш и веќе не е интересна. Така да, не ја активирам старата тема туку отварам нова.

Слободно анализирајте ги познатите личности, политичарите, блогерите, учесниците на форумов, нивните аватари, потписи, постови и се' друго што ќе ви дојде на ум.
 
Па, јас се спремам да им направам една симпатична кратка анализа,само ги чекам сите членови, да ми одговорат на темата Боенка.
Лелеееее..сега веже ми е интересно,а тек кога ќе се испотпишат сите.
Имаме злато членови бе! :):):)
 
Сакам Сиси да ми направи мене една психоанализа (иако не е по тие работи) и се да каже јавно од А до Ш без ништо да скрие, и дозволувам слободно да ме изнанализира.
 
vardarce напиша:
Сакам Сиси да ми направи мене една психоанализа (иако не е по тие работи) и се да каже јавно од А до Ш без ништо да скрие, и дозволувам слободно да ме изнанализира.

Може Сиси да ме анализира најслободно и без никакви ограничувања, баш би сакал да знам како изгледам во очите на другите од тој аспект.
 
Кон честитките се придружува и Тиф. :)

А, сега, во исчекување на нашите профили од страна на Шиши, да изанализираме и ние нешто, то ест - да се вратиме на темата. :)
 
Кога ќе ви мавнам по една анализа,има да ви звони 3 дена во ушите!!!
Чекајте до утре и ТИШИНА!!!:pishtoldz До тогаш,ајТ на БОЕНКА одма!!!:)
 
Напишано од Sagaqua

1. Црна - долен веш, чипка, високи потпетици

2. Сина - езерото мое убаво и униформа разбира се

3. Бела - мраз, снегулки, болница

4. Зелена - детелина со 4 листа

5. Црвена - сатен, секс, крв

Јас никако да сконтам. Ај,пробај ОБОИ МЕ

Кога влегуваш во комуникација со луѓето (а особено со спротивниот пол), ти ја преземаш акцијата,односно првиот чекор,нежно,како чипка,и елегантно како висока штикла.
Потоа,ја испитуваш интелектуалната моќ на личноста,а важно ти е да ја има во огромни количини (како езерото твое) и да е на високо ниво (темно како униформата ти).
Веднаш по оваа фаза,следуваат твоите размисли и стравови,што кога и ако му дојде крај на тоа што почнува да ти се допаѓа.малку се плашиш од завршетоците,па скоро на почетокот размислуваш за нив.(ладно ти е на душата поради тоа,како мраз)
Ако помине до тука,личноста ти станува пријател, другар, траен, долгорочен и ти носи среќа (како детелина со 4 листа.
После се,и накрај, страсно влегуваш во односот,се препушташ на релацијата да те води и ја доживуваш како сатен.Ова се однесува и на сексот.(Жал ми е што е на последно место.Тоа покажува страв,непријатно искуство...)

И ондак то. Сама преведи го на партнерски однос,јас го насочив кон реалциите воопшто.:)


Напишано од Дивајн

Бибика, мака ми е да ги читам образложувањата без ред, така да сакам посебен профил и јас! Еве ја мојата листа ...


1. Зелена - посветла нијанса, малку прошарана со други бои, конкретно, зелени очи ... ваљда ради нив и ја сакам толку ...
2. Црвена - потемни нијанси (бледите не ги поднесувам), поим за романтика, нежност, љубов ...
3. Плава - и светли и темни нијанси обожавам ... ме потсеќа на свежина, вода, небо ... едноставно се со таа боја ми е прекрасно.
4. Црна - оваа боја ја обожавам кога се работи само за облека ... ем секси, ем едноставна, ем за секоја прилика, ем се и сешто де
5. Бела - прекрасна снежна покривка, невиност, чистота, спокојство ...

Ете, толку ... ако утнав нешто во образложенијата, ќе те молам да ме известиш, а ако не, фрлај се на толкување.

Можеш и на Јаков толкувањето да си го земеш здраво за готово,хахахаа...ако се смеам.

Во комуникацијата со околината,влегуваш ведро.Создаваш брзи пријателства,кои се испреплетени и со други односи (бизнис,интерес...),не ти е важно колку ќе траат и дали ќе бидат вечни.Е кога се зелените очи во прашање,тоа ќе е за до крај на живот.:)
Романтична си и нежна во односите со луѓето,а многу страствена во љубовта. Пријателствата ти се интензивни,што подразбира секојдневна комуникација,а истовремено со луѓето кои те освоиле си нежна,и даваш многу љубов.
Дури после овој приод,почнуваш да внесуваш и да бараш интелект кај луѓето,не барајќи од нив да бидат најмудрите луѓе на светот.Ги прифаќаш такви,какви што се,со памет колку што им делиле.:)
Ако ти се допадне се до овде,делуваш (преземаш контрола во свои раце), и го движиш пријателството и односот,ем секси,ем едноставно,ем во секоја прилика,правиш се и сешто за тоа да опстане.
Крајот го доживуваш како спокојство (овде зборувам за смртта),како нежна снежна покривка. А се плашиш од крајот, како Ѓавол од Крст. (зборам за крај воопштено и на пријателството и на животот.

Сепак мислам дека толкувањето на Јаков е драстично поинтересно и позабавно.И многу побезболно,кога би било можно.:)


Напишано од Joki

1.Зелена-живот-Твојот однос кон пријателствата-тие ти се од животно значењеч
2.Црвена-љубов...страст...крв-Твојот однос кон љубовта,сексот-Страсно со многу љубов ( на 2-ро место ти е по значење,само за себе е доволно):)
3.Сина-вода...најстабилна средина-Твојот однос кон умот,интелектот-најстабилна средина,(одличен став)
4.Црна-елеганција..невидливост-Кога делуваш,кога преземаш акција и контрола си невидлива,луѓето не го приметуваат тоа.Го правиш тоа елегантно,браво!!!
5.Бела-лудница-Асоцијацијата на крајот,како на лудница е многу дискутабилна и не би сакал да ја коментирам овде.сама најдобро знаеш,зошто крајот го едначиш со лудница. Таа ти е поим за убаво,лудо,кул,или за установа полна со болни луѓе,каде што е се бело,стерилно и чисто???

Напишано од vardarce

1. Зелена - како паметов мој.

2. Плава - оти сакам тегет да се носам.

3. Црна - цел живот скоро само црно не мава.

4. Црвена - порно.

5. Бела - чист памук.

Вардарац, на прво место ти се пријателствата, со луѓе, кои се истомисленици, или слични на тебе.Иако мислиш дека си зелен во умот,јас знам (овде сум субјективна),колку тоа не е вистина,а сакаш незрело да им се претставиш на луѓето.Твоите пријателства,не се површни и еднократни,напротив,како умот твој,трајни и континуирани.
Важно ти е да се твоите пријатели умни,паметни,интелигентни,дури мудри.Тоа го дознаваш уште додека ги запознаваш.(редоследот сам зборува)
Цел живот ти си тој кој работи,делува,спроведува активност,ги одржува пријателствата,односите и релациите,но откако ќе се покажат како трајни и квалитетни.
Страственоста која во односот ја внесуваш,ти е дури и на тебе необична,како порно,но ако е тоа поим за секс,немам што да додадам.:)
Смртта,крајот го оставаш на крај.Срав ти е??? Се плашиш од крајот на пријателството,врската,но смртта ја доживуваш како нешто меко и чисто како памук.

напишано од Thief

Aх, одамна беше, да се присетам.

1. Сина, темна, тегет... накај црна скоро... најтемната можна нијанса;
2. Црвена - бордо. Потемно, амин! Бордо како свечен тепих по кој треба да се искачиме на врвот, како крвта невина, како бордел;
3. Бела... обична, бела... нормална... како онаа од тубата за темепрни боички. Основна бела, без примеси, вистинската, чистата, најбелата;
4. Зелена... и таа накај темно забегува, ама не е онаа најјака нијанса. Tрева, кога ќе потемни, не кога е бледо зелена, ами темна;
5. Црна... како мрак, како темнина, како црнина... како облека од жена која жали по најмилото... како корицата од една моја драга книга (која никогаш ја немам прочитано).

Зар и ти сине Бруте??? :)

Умен тој на Сиси...

Најважно место во твојата комуникација со луѓето,зазема интелектот.Тоа е мерилото по кое ги наоѓаш пријателите и по кое се владееш во односите.
Страста и интензитетот на односот ти е, во пријателството како-црвен тепих до врвот,а во сексот како-бордел (извини вака,сам си бараш) ;),нормално и во двата случаја ако има памет,мудрост,ако не ништоч
За крајот размислуваш,кога ќе го доживееш пријателството како интересно,кога ќе те повлече.Тогаш почнуваш да размислуваш,што ќе биде ако го снема.Епа ќе биде крај,без примеси,вистински,чист.
Ако и оваа дилема и страв, твоето пријателство ја преживее,тогаш тоа преминува во доживотно.
За такво пријателство си спремен да направиш се,трчаш,делуваш,преземаш се во свои раце,како за најмилото.

напишано од Струмикс

1. црвена - жар црвена, светла
2. зелена - како зимзелено дрво
3. бела - снег
4. сина - како јасно летно небо без облаци
5. црна - како катран

Еве му другарче на Јаковче,хахахахаа...:)

Влетуваш страствено во односите како љубовник кон саканата. Во односот со жените на прво место ти е сексот.Силно,јако,дури до болка како жар да гори.(срам да ве биде..пу!) :)
Потоа ти е важно да направиш пријателство,повеќе би го крстила другарски однос,кој ќе трае долго, вечно.
Размислата за завршувањето,за крајот ти се јавува откако ќе ја поклониш довербата и стравот дека ќе заврши,ќе го доживееш (крајот) како ладен снег.И смртта ја доживуваш така.
Дури откако ќе ги поминеш мислите и стравовите околу крајот на врската (шта би било,кад би било),на односот му даваш, и важно ти е да има, ведра интелектуална нота, јасна, лесна, која не оптеретува, како ведро небо.
На крајот по твоите приоритети,доаѓа акцијата,преземањето одговорност и контрола врз релацијата.А тоа го правиш,јасно,гласно,прецизно и цврсто,без колебање.(поцрно и поцврсто од катран,здравје)


Гатачката падна у несвест.:nesvest:
 
Сакам една студиозна анализа на психотичкиот карактер на лицето Јаков ама низ призмата на неговиот Аватар и евентуално неговите потписи. Не бои, не читанки,аватарот и ништо друго.
Благодариме на времето ем вниманието.
 
Ако ме снема сум паднала од стол,вистински:)

Еве ај да се обидам.

Аватарот ти е „светот е топка и се врти”. Прашањето е околу кого? Јас нема да кажам.:)
Бидејќи јас го гледам како месечина,така и те доживувам.
Како голема, сјајна, јасна, светла топка,која ја осветлува ноќта, дава сјај на темнината.Месечината влијае на луѓето, нејзините мени имаат посебно значење,особено кај жените,а па кога е полна, од нив прави возбудливи (за машкиот пол) заводнички, кои додуша заради природата на нештата можат и крволочни да бидат,хахахаа...:)
Ако е билијар топче,се е јасно.Тоа е прво и последно.Со него се гаѓаат сите!!!

Драги мој Јакове,како и да е аватарот ти кажува следното: „СЕ ТЕЧЕ, СЕ СЕ МЕНУВА”

Потписот,овој што во моментов го имаш,зборува јасно,што правиш како професор. Убаво е што е црвен, тој дел со повторувањето.:)
За да викаш и „следниот”,ќе треба уште малце да се помачиш.Тогаш ќе викаш,како што би рекол Мацедалиен: ајде да повториме...следниот,упс..следната!!! Тоа оди со титулата нели,професор-доктор,нели професоре???:):):)

Врти,сучи,аватарот и потписот ти се совпаѓаат.Се околу жените се врти!!!
А ти како ги менуваш,(со брзина на светлината), мислам аватарите и потписите,просто човек да се чуди.:)

Шалата на страна, сењор Марадона и смешковците не ги разбирам,веројатно тој кому се наменети,си знае.;)

Дали е доволно психотички??? а?? лице Јаков?:)

Не да сум заслужила зелено светло...напорна работа!!!:):):)
 
Сиси мај лав ај и мене една психоанализа.. сакам да знам на шо сум денојве, да видам другиве (ти) како ме доживувет :)
 
bibika напиша:
Можеш и на Јаков толкувањето да си го земеш здраво за готово,хахахаа...ако се смеам.

Во комуникацијата со околината,влегуваш ведро.Создаваш брзи пријателства,кои се испреплетени и со други односи (бизнис,интерес...),не ти е важно колку ќе траат и дали ќе бидат вечни.Е кога се зелените очи во прашање,тоа ќе е за до крај на живот.:)
Романтична си и нежна во односите со луѓето,а многу страствена во љубовта. Пријателствата ти се интензивни,што подразбира секојдневна комуникација,а истовремено со луѓето кои те освоиле си нежна,и даваш многу љубов.
Дури после овој приод,почнуваш да внесуваш и да бараш интелект кај луѓето,не барајќи од нив да бидат најмудрите луѓе на светот.Ги прифаќаш такви,какви што се,со памет колку што им делиле.:)
Ако ти се допадне се до овде,делуваш (преземаш контрола во свои раце), и го движиш пријателството и односот,ем секси,ем едноставно,ем во секоја прилика,правиш се и сешто за тоа да опстане.
Крајот го доживуваш како спокојство (овде зборувам за смртта),како нежна снежна покривка. А се плашиш од крајот, како Ѓавол од Крст. (зборам за крај воопштено и на пријателството и на животот.

Сепак мислам дека толкувањето на Јаков е драстично поинтересно и позабавно.И многу побезболно,кога би било можно.:)

Да не пукниш, параноја ми направи кога читав ... да се чуди човек како може да се изреализира карактер и општо човекот само според 5 боички ... сакам пак, ајде друга тема како Боенка отварај!:vozbud:
 
Бибике, дај им ги животињите, бе! :)
Пак ќе бидам доброволец за анализа, немаТ проблем. :)
 
Може мене една анлиза да ми се направи.
 
A ja?Може ли и мене една психоанализичка :toe: :aplauz:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom